Меинстрим медиумите и популарната култура никогаш не си осигурале место во срцето на дизајнерот Ерик Најфелер, тој дури и нема ниту основно трпение за овие два сеприсутни општествени сегменти, но признава дека тие се неразделиви од неговата уметност. Бендови и артисти како Mogwai, Andrew Bird, Phish, The Black Keys, The Roots, Tortoise и многу други можеби не се најсликовитите претставници на главната, глобална, музичка струја, меѓутоа, токму за нив човекот кој стои зад студиото Doe Eyed изминативе години рачно создава импресивни постери.
– Музиката ја прави огромната, безлична, маса на човештвото значително полесна за поднесување. Таа ме потсетува дека секоја личност го има истиот збир на ограничени, скршени, емоции дури и доколку нивниот надворешен изглед е еднаков со тој на нескротено животно од фарма – вели Најфелер кој, исто така, свири во бендовите Masses и Bus Gas, лоцирани во Линколн, Небраска.
Converge
Guided By Voices
The Avett Brothers