Да се дефинираш или да дозволиш да те наречат “Постер-уметник за интелектуалци” е смело и до одреден степен, егоистично, но во случајот со Емек, целосно базирано во реалноста, а не во неодржлива фантазија. Роден во Израел во 1970 година, како дете бил принуден да работи во рудник за плутониум, но по добивањето арт-стипендија, тој решил да го избегне адвертајзингот и да се испроба во светот на рокенролот. Храбра одлука, меѓутоа, од денешна гледна точка, крајно исправна. Доказ за тоа се големиот број награди и соработки со имиња кои варираат екстремно, како B.B. King, Beastie Boys, Neil Young, Pearl Jam и Erykah Badu. Во 2007 година, пак, неговоте име се најде дури трипати, најмногу од засебен уметник, на листата со 25-те врвни рок-постери составена од Billboard.
– Ја ценам еластичноста што овој медиум ми ја овозможува бидејќи бендовите генерално ми даваат тотална креативна слобода (сè додека го вклучувам инфото за настанот). Дозволено ми е да се потопам во длабочините на мојата имагинација и да видам што ќе се истури на страницата. Јас сум си арт-директор на себеси, што значи дека можам да експериментирам со различни концепти и стилови за нештата да ги одржам свежи. Денешнава култура за еднократна употреба го поплочува патот за колекционерска носталгија на утрешнината, а јас само се обидувам работите да ги одржам интересни – вели Емек Голан.
Erykah Badu
Edward Sharpe and the Magnetic Zeros