Постеризам: Арон Хорки

Арон Хорки е енигматичен дизајнер, илустратор и уметник со екстремно дефиниран и детализиран стил. Неговото портфолио е пример за разновидност. Во својата досегашна кариера, за која, како и за таа на Рајан Купер, информациите на интернет се оскудни, Хорки цртал за хардкор предизвикувачите на модрици, Converge, за инди-фолк-принцот Andrew Bird, за императорот на оваа сцена изминативе години, Bon Iver, за пост-метал-експерименталците, Boris, но и за филмови од типот на епската фантазија The Lord of the Rings (најтазе), современиот вестерн True Grit и за психо-хорор-фантастиката Pan’s Labyrinth. Секој од овие бендови, изведувачи и колекции од подвижни слики создава карактеристичен свет, ама Хорки сите успева да ги пренесе во исто толку типично неговиот, одреден, универзум. Скролајте надолу (трпеливо, многу се и големи се) за избор од делата на овој исклучителен креативец.

Bon Iver

Aggaloch 

Flight of the Conchords 

Arcade Fire 

Baroness (со Џон Бејзли) 

Boris 

Converge 

Andrew Bird 

Dawnbringer 

Mogwai 

Genghis Tron 

Isis

Grails 

Red Sparowes 

The Decemberists (со Емек) 

True Grit 

Pan’s Labyrinth 

The Lord of the Ring: The Return of the King

2 коментари

Слични написи

2 коментари

Жарко Каранфилов 11/07/2012 - 10:25

Сум уживал во уметноста на John Dyer Baizley милиони пати, ама и овде пак го чекам 🙂

Reply
Александар Саздовски 11/07/2012 - 10:27

Че бидит, не се секирај 🙂

Reply

Остави коментар