19/10/2017

Пет причини зошто Game of Thrones ќе остане на ТВ-тронот

Постирано на 14/06/2013 од во Телевизија

Сувопарно гледано, одредувањето на врвното место во телевизискиот медиум денес е исто како и пред пет децении. Статистиката владее, а под неа се подразбира бројот на гледачи. Најконкретно – во САД. Следејќи ја оваа логика изминатава есенско-зимска сезона шампион беше симпатичната ретро-детективска серија NCIS со 21.6 милионска публика. Просечно. По епизода. На пазарот, ова е […]

The Newsroom: Досетливиот новинар Дон Кихот

Постирано на 04/07/2012 од во Телевизија

Како никогаш претходно во неколкуте децении откако телевизијата го глобализира информирањето денес е мачно да се биде новинар. Не само на малите екрани и не само во Македонија. Луѓето што се занимаваат со професијата – по свој избор или случајно – без разлика дали пишуваат во весници, магазини, на интернет или пренесуваат вести пред камера, […]

Treme: Љубовна ТВ-врска со Њу Орлеанс

Постирано на 07/12/2011 од во Телевизија

Телевизијата, недвосмислено, е забава. Порано беше во кутија, денес во плоска. И тогаш и сега таа бара вклучување во струја и исклучување на мозок. Може да нè направи екраномани кои повеќе ќе личат на растенија отколку на луѓе, но ако се консумира умерено, нема ништо лошо кога умот пасе на ТВ-ливадите. Тој ентертејнмент може да […]

Game of Thrones: Фантазија од крв и месо

Постирано на 15/04/2011 од во Телевизија

Фантазијата, не фантастиката, како литературен жанр, е неприродно дефинирана, ако се има предвид дека самото нејзино постоење не зависи од реалноста, туку од распонот на нечиј ум. Точно, вистинскиот свет често преку алузија е присутен во неа, но во фантазијата речиси по правило се среќаваат тролови, самовили, џуџиња, маѓепсници, кралеви, царици, принцези и сè што […]

Boardwalk Empire – Вечерна школа за освојување апсолутна власт

Постирано на 21/02/2011 од во Телевизија

Сцена што најсликовито ја паметам од детство е таа со количката во железничката станица во “Недопирливи” на Брајан де Палма. Додуша, на речиси цел филм прилично јасно се сеќавам веројатно оти ми беше едно од првите “неанимирани” киноискуства. Изгледа затоа секој филм што потоа сум го гледал, а чие дејствие било сместено во времето на […]