19/10/2017

Kendrick Lamar – To Pimp a Butterfly [Interscope, 2015]

Постирано на 16/09/2015 од во Албуми, Музика

Славните фаци од музичката сцена, како и популарните ликови од какво било потекло, во суштина, се бескорисни паразити. Тие лакомо цицаат од потребата на јавноста за произведување и восхитување идоли, а создаваат – или почесто, некој им штанца – продукти чиј рок на траење завршува како што ќе им помине редот на хит-плејлистата. Не сите […]

Neneh Cherry – Blank Project [Smalltown Supersound, 2014]

Постирано на 12/03/2014 од во Албуми, Музика

Научно-фантастичните, пред сè, дистописките филмови од 80-тите години, од Blade Runner преку Mad Max до Robocop, промашија спектакуларно во многу аспекти од тогашната иднина, а наша сегашност. Стопроценти, пак, ја погодија пребукираноста со информации што секојдневно нараснува и никако не успева да го допре плафонот. Доминантен е сојузот на поборници и бранители на сè од […]

Nils Frahm – Spaces [Erased Tapes, 2013]

Постирано на 29/01/2014 од во Албуми, Музика

Буквализмот, општо, како човечка особина нема премногу симпатизери, а камо ли кога се поврзува со област со капацитет за експлозија од слоеви и значења, каква што е уметноста и во тој контекст, музиката. Веројатно непотребно си го усложнив животот за да искажам сосема едноставна поента: да бидеш Капетан Очигледен воопшто не е возбудливо. Поп-изведувачите и […]

Топ 50 странски албуми во 2013 [50-26]

Постирано на 26/12/2013 од во Статија

Меинстримот, без разлика дали тој е отсликан во полупопуларни изведувачи или во екстремно славни ѕвезди, одамна не е репер за музичка напредност, веродостојност и најосновен квалитет. Самата припадност на артистите на оваа категорија никогаш не ме одвратила да ги слушам, меѓутоа, се чини дека и згора на тоа, годинава во врвот на топ-листите немаше којзнае […]

Fighting Windmills – Рапсодии во празно [ROOR, 2013]

Постирано на 19/12/2013 од во Албуми, Музика

Затруената општествена, политичка и меѓучовечка состојба, во каква што Македонија последниве години сè подлабоко зацапува, е особено измачувачка за духот. Природна, прва и инстинктивна, реакција на ширењето на овој пелин е желбата за грабнување и за бегање со следниот лет (не мора ниту да е од евтините, само да е нареден на распоред). Пред тие […]

Звучни резови #9: The Lost Tapes 2013 [Мрсно едишн]

Постирано на 17/12/2013 од во Звучни резови, Музика

Никогаш не би се согласил со типично носталгичарската изјава оти повеќе нема добра музика за откривање и за слушање. На ова секогаш реплицирам со: Извршувањето геноцид врз сопствената љубопитност или немањето доволно слободно време не побркувајте ги со наводното отсуство на квалитет на актуелната сцена. Годинава, како и тие што ѝ претходеа, се изнаслушав нови […]

Ibrahim Maalouf – Illusions [Mi’ster, 2013]

Постирано на 10/12/2013 од во Албуми, Музика

Цинизмот, според поставеноста на модерното масмедиумско-општество, е единствено оправдано однесување во актуелната ера. Како што вели Тимоти Бјус овој пристап кон нештата се појавува во просторот испразнет од масовната култура која е повлечена од каква било политика. Споменатиот термин се доведува и на границата со депресијата, но за разлика од неа, тој овозможува активен, функционален, […]

SJF 2013: Напред кон историјата

Постирано на 28/10/2013 од во Колумни

Градењето пиедестали за да се издигне, а потоа и на нив да се изведуваат ритуали со кои минатото се повикува да се врати е комично и беспредметно. Погледнете што им се случи на Египќаните. Вложија тони скап камен и армија безвредни човечки животи, а Гру им ги украде додека тие спиеја со стомак подуен од […]

Ibrahim Maalouf и Dave Holland на SJF: Затворање низ призмата на илузиите

Постирано на 22/10/2013 од во Концерт, Музика

Концертите на Скопскиот џез-фестивал се одвиваат последователно, во иста вечер и ја делат бината, но никогаш не постои зрно гаранција оти ќе бидат на каков било начин поврзани. Вообичаено е, всушност, да се одвоени како џиновски вселенски тела. Секое со своја гравитација овие карпи на живата изведба најчесто се вртат околу специфична оска. Можеби потекнуваат […]

Roscoe Mitchell и Cassandra Wilson на SJF: Црно се сонце зададе

Постирано на 21/10/2013 од во Концерт, Музика

На Скопскиот џез-фестивал има концертни вечери кога публиката го добива токму тоа што го очекува. Често, меѓутоа, се случува посетителите да пристигнат со материјалот „научен напамет“ во теорија за во практика да им биде испорачано екстремно различно доживување. Ниту се работи за новина, ниту за исклучок специфичен за нашата рурал-метропола, но ова урнисување на претпоставките […]

Evan Parker и Get the Blessing на SJF: Бидете немирни и слушајте британски џез

Постирано на 18/10/2013 од во Концерт, Музика

Скопскиот џез-фестивал знае да биде нежен, да покаже разбирање, да го релаксира и на слушателот да му подготви емпатична предигра во својот неколкудневен октомвриски маратон. Способен е, од друга страна, и да удри директно, од прва, со ураган. Изгледа случајно, а можеби и како најсоодветен одговор на глобалната (економска) криза и на локалната (антикултурна) девиза, […]

Звучни резови #8: Skopje Jazz Festival 2013

Постирано на 14/10/2013 од во Звучни резови, Музика

Го слушал или не, детално бил поткован или само пристојно информиран за него, го сакал ли од какви било причини или го мразел ли од чисти предрасуди, џезот на површина е музика, а во суштина е филозофија. Истовремено, на уметноста, на страста, на животот. Некои луѓе со него растат, други го дружат повремено. За сите, сепак, […]