19/06/2018

Да Џака Накот – Божјиот прототип [Шурикен, 2012]

Постирано на 19/12/2012 од во Албуми, Музика

Тажно е, навистина, до коскена с’рж е потиштувачки, како музиката и уметноста во каква било форма, може да биде огледало на вистинскиот живот, ама и да се крие од реалноста како мечка во зима. Популарниот звук бил и секогаш ќе биде, најпрво, саундтрак за забава на стотици милиони луѓе, а дури потоа израз што отвора […]

Скопје, 90-ти у 2012: Нирвана у пропаста

Постирано на 09/10/2012 од во Колумни

Со копнежот по минатото не сум во судир опасен по животот. Верувам, неоспорно, на личен начин, без емпириски доказ, дека инцидентната носталгија е како повторување лекции од историска читанка. Ако знаеме оти светот не почнува и не завршува со нас, секој што со цело срце ужива во сегашноста, за оваа исполнетост да не ја расипе, […]

Plan B – ill Manors [Atlantic, 2012]

Постирано на 13/08/2012 од во Албуми, Музика

Со терминот велепосед (не велосипед), како што manor се преведува на македонски, најчесто се опишува основната единица на сопственост во феудалниот систем. Има и речници кои што точно го толкуваат и како реон, двор и моето омилено – чифлик – ама сите прецизно објаснуваат дека се работи за благороднички имот. Секој куп земја од ваков […]

Edo Maajka ‎- Štrajk mozga [Menart, 2012]

Постирано на 25/06/2012 од во Албуми, Музика

Меѓу раперите, односно луѓето кои што искрено, севкупно, се идентификуваат со оваа култура, без разлика дали се изведувачи или само фанови, претпоставувам дека за Edo Maajka не владее високо мислење. Којзнае, можеби грешам, и онака ја фрлам јадицата напразно, врз основа на личната перцепција, а сепак, не ми е лесно да се ослободам од впечатокот […]

Топ 5 МК албуми во 2011

Постирано на 29/12/2011 од во Статија

Во деновиве кога ја ситниме 2011 година, многупати се кажа, а и ќе се повторува, оти изминативе 12 месеци се појави изненадувачки, можеби и  шокантен за наши услови, голем број албуми со домашна, македонска, авторска музика. Тоа што се радуваме на објавување на повеќе од 10 (со букви: десет) студиски изданија во една сезона тешко […]

Топ 40 странски албуми во 2011 [20-11]

Постирано на 27/12/2011 од во Статија

Поради лесната достапност, неверојатнот широкиот избор на музика може да нè залаже да си помислиме дека сме слушнале буквално сè, дека повеќе не постојат неизмислени нешта во универзумот на звукот, дека мора да го фрлиме пешкирот зашто популарните аудиожанрови го загубија капацитетот за инспирација. Како и секоја година во изминатава деценија, така и во 2011 […]

The Roots – Undun [Def Jam, 2011]

Постирано на 16/12/2011 од во Албуми, Музика

Со текот на годините манијачко-опсесивно слушање музика (нездраво звучи, знам) од речиси секаков вид, се претворив во изумител. Не таков што создава патенти и рине брда пари продавајќи им ги на корпорации, туку од оние кои пронаоѓаат разновидни филтри за лично оценување на бендовите и кантавторите. Нивната прецизност не може да се мери со вага […]

MTV EMA 2011: Евровизија во Белфаст

Постирано на 07/11/2011 од во Телевизија

Гледајќи ги годинашните European Music Awards на MTV, конечно заклучив дека имам за што да се жалам на Агенцијата за електронски комуникации. И тоа не само на отокот добиен од кампањата. Готово е, решен сум, ќе пишувам претставка. Нема смисла, цела недела, море можеби и месец, Ем-ти-ви ме бомбардираше со реклами дека на 6 ноември […]

Музички имиња што ја заслужуваат фамата [1/2]

Постирано на 07/10/2011 од во Статија

Медиумите и критичарите што покриваат музика, особено во Британија, отсекогаш имале нескротлив нагон да дуваат огромни балони со пофалби за одредени групи и соло-изведувачи. Статистиката за тоа кога биле потполно во право, кога грешеле до неподносливост или, пак, заглавиле некаде на средина, вели дека почесто пумпале фама напразно. Долг е списокот на имиња што осамнувале […]

Dubioza Kolektiv: Додека не смогнеме сила, ќе живееме во бара

Постирано на 01/06/2011 од во Интервју

весно држејќи се до себе, неоптоварувајќи се со фактот дека не создаваат тренди, инди-музика, Dubioza Kolektiv уште од почетокот си остави простор за многу луѓе да ги отфрлуваат и напаѓаат, ама денес, осум години по основањето, босанскиот бенд сè уште докажува – дека ич не им чуе. Нивниот филм си е нивен, без разлика дали […]

Страјк – Кутија [Шурикен, 2011]

Постирано на 01/06/2011 од во Албуми, Музика

Како што за мојата беше гранџот, така за сегашнава генерација клинци музика на моментот е хип-хопот. Додуша, тој момент трае со години, некои и бизарно го спојуваат со подеднаква доза турбофолк, но невозможно е да се негира дека денешниве деца најмногу се ложат на ритми и рими. Македонските телевизии, преку единствените програми во кои што […]

Beastie Boys – Hot Sauce Committee Part Two [Capitol, 2011]

Постирано на 01/06/2011 од во Албуми, Музика

Најлошата работа на Hello Nasty, албумот на Beastie Boys од 1998 година, не е тоа што со него бендот стана популарен како пост-ит-ливчиња, туку бидејќи по покорувањето на светот со ова цеде, њујоршкиот бенд речиси целосно загуби интерес за создавање музика. Не за создавање добра музика, туку воопшто, за редење ритми и рими со каков […]