19/10/2017

Green Out – Рапаноја [Шурикен, 2014]

Постирано на 24/09/2015 од во Албуми, Музика

Снимките од „Јутел“ повремено ми трепкаат во глава и ме потсетуваат како Балканот од почетокот на 90-тите наваму живее исклучиво заглавен во пораз. Македонија, по сè изгледа, предничи во оваа категорија на пропаѓање. Изминативе девет и кусур години, пак, обзема чувството дека не само што победата – некаква – не ја гледаме, туку ниту од […]

Kendrick Lamar – To Pimp a Butterfly [Interscope, 2015]

Постирано на 16/09/2015 од во Албуми, Музика

Славните фаци од музичката сцена, како и популарните ликови од какво било потекло, во суштина, се бескорисни паразити. Тие лакомо цицаат од потребата на јавноста за произведување и восхитување идоли, а создаваат – или почесто, некој им штанца – продукти чиј рок на траење завршува како што ќе им помине редот на хит-плејлистата. Не сите […]

Страјк – Земен рај [Шурикен, 2015]

Постирано на 03/09/2015 од во Албуми, Музика

Ако за нешто можеме да ѝ бидеме благодарни на Македонија – освен за патлиџаните, пиперките и лубениците – тоа е инспирацијата. Не верувам, барем не религиозно, дека во најодвратните услови се раѓа најпрекрасната уметност. Тогаш, креативецот мора да дејствува дупло – да цркне од работа за да преживее и да се издигне од состојбата на […]

Run the Jewels – Run the Jewels 2 [Mass Appeal, 2014]

Постирано на 19/11/2014 од во Албуми, Музика

Љубопитноста, ми се чини, ем е како измислена за актуелниов дигитален век, ем токму веб-семожноста изгледа како нејзина ахилова пета. Секој што сака да остане умствено свеж, нескротен истражувач, денес има прилика непрекинато да ја задоволува ваквата врховна потреба. Истовремено, баш јасноста со која знаеме оти само допир на екранот нè дели од пристап до […]

Дивизија – Втора шанса [Шурикен, 2014]

Постирано на 29/05/2014 од во Албуми, Музика

Суштински, во коренот, рапот е локална работа. Маалска, улична, дворо-школска или зградо-влезна. Во ера кога Кимје се распостила на секоја хартиена и онлајн насловна страница, кога Дре за три милијарди долари ја продава својата фирма за „дизајнерски слушалки“ (мхм, секако, еве „Зенхајзер“ се пали масовно) и The Roots имаат вечерна свирка на дневна база кај […]

Neneh Cherry – Blank Project [Smalltown Supersound, 2014]

Постирано на 12/03/2014 од во Албуми, Музика

Научно-фантастичните, пред сè, дистописките филмови од 80-тите години, од Blade Runner преку Mad Max до Robocop, промашија спектакуларно во многу аспекти од тогашната иднина, а наша сегашност. Стопроценти, пак, ја погодија пребукираноста со информации што секојдневно нараснува и никако не успева да го допре плафонот. Доминантен е сојузот на поборници и бранители на сè од […]

Топ 10 МК албуми во 2013

Постирано на 30/12/2013 од во Статија

Домашната, непанаѓурска, антиестрадна, самостојна музичка сцена лани бруеше. Тоа се преслика во над 40 авторски студиски збирки креирани, снимени и издадени далеку од турбоизираниот меинстрим којшто – бидејќи се изнаплака како мало дете – доби и силна, налик на родителска, буџетска поддршка. Не, ова не е научна-фантастика, во морето од субвенции и за нив беше […]

Foolish Green: Талентите во Македонија се деликвенти и одвај преживуваат

Постирано на 08/11/2013 од во Интервју

Авторската музика што навистина – до гола суштина – вреди одамна е загрозен вид во Македонија. Во ова друштво принудно стеснето од ниски пориви и паланечки потреби опстојува уште помал кружок потписници на оригинални дела кои веднаш, со самото деби во јавноста, звучат самоуверено, изострено и стегнато. Тие не се ограничени или за навек издефинирани. […]

Tonyo San и Kemp O.D. – Чаирскиот албум [ATP, 2013]

Постирано на 18/09/2013 од во Албуми, Музика

Маалото во рапот е како Ѓаволот во хевиметалот, „посреќувањето“ во поп-хитовите и трулиот државен систем во панкот. Клише, а истовремено и препознатливост. Со него би сакале да има што помалку стихови, а без оваа потпора, барем и да е минимална, сè би било за нијанса поиспразнето. Како и честата инспирација во останатите споменати жанрови, така […]

Run the Jewels – Run the Jewels [FG, 2013]

Постирано на 15/08/2013 од во Албуми, Музика

Семплувањето се издигна до степен на уметност благодарение на хип-хопот. Жанрот, пак, го покори светот токму со манипулацијата на винил-плочите како своја суштина. Стиховите и вештината на емсијата ги разграничуваат генијалците од аматерите, но без исто толку импресивна основа, дури и врвно рецитирање и строфи можат да се изгубат во неповрат. Парчињата од песни, тие […]

ЛД Пистолеро – После мостот [2013]

Постирано на 05/06/2013 од во Албуми, Музика

Цврстиот, проникливиот и запаметливиот рап е спој на интроспекција и вивисекција. Знам, тешки и долги „вујаклиски“ зборови за стил што се води од идејата за јазично растегнување сè со цел да се пренесат две суштински работи – ставови и чувства. За нив да ги опишете не се потребни речници или лексикони, ама е пресудно личното […]

Топ 10 МК албуми во 2012

Постирано на 31/12/2012 од во Статија

Бројот на објавени изданија во музиката е беспредметна статистика за која што никој сериозно не би требало да се возбудува бидејќи еден добар албум од сеќавањето може да збрише полн камион лоши. Годинава, сепак, фактот дека во Македонија се појавија над 40 збирки со авторски, неестраден, звук и згора на тоа, во најголем дел современ, […]