19/10/2017

Culture Development – Еднаш свет изградив… [Дип / Кран, 2015]

Постирано на 07/04/2016 од во Албуми, Музика

Врските, човечките, не фејсбуковските, се особено замрсен факт во животот. Тие не се собираат, одземаат, делат или множат како бројките и буквите во алгоритамот на Марк Закерберг. Равенките и командите што се смислуваат под негов надзор веројатно ќе се усовршуваат до негдоглед за да предвидат што сакаме во „тајмлајнот“ уште пред сами да го посакаме, […]

Фонија – …без име [2015]

Постирано на 30/11/2015 од во Албуми, Музика

Сакам експерименти, обожувам бучава од контролиран хаос, ама подеднакво силно ме исполнуваат и прости, соголени, приземни песни. Без дилема, претходно нечуен спој од жанрови ја влече музиката напред. За да се случи ваква уникатна фузија, потребни се талент, визија, вештина и масивна доза среќа. Во ниту еден миг, пак, ова не значи дека занаетот на […]

ANNA O. – Подочњаци [Кран, 2015]

Постирано на 10/11/2015 од во Албуми, Музика

Траорноста, ми се чини, е состојба исконски поврзана со просторите каде што, нели, е роден и самиот космос – македонските! Ќе си речеш, територии со библиско значење повеќе би биле синоним за радост (и за гринфилд странски инвестиции), отколку за жал и кобност. Историјата, сепак, дава поинакви примери. Област и луѓе наклонети на среќа не […]

Sumac – The Deal [Profound Lore, 2015]

Постирано на 06/11/2015 од во Албуми, Музика

Во низата најнеумни потези што паметните музичарите можат да ги повлечат, покрај членството во талент-шоу жири и соработката со Nickelback, се вбројува и задавањето мисија пред снимањето албум. Не велам оти бендовите не треба или дека немаат, некаков, план – одреден нацрт – пред да влезат во студио. Да го барав ова од артистите што […]

Coliseum – Anxiety’s Kiss [Deathwish, 2015]

Постирано на 04/11/2015 од во Албуми, Музика

Ѕидовите, особено на Балканот, се корисна подлога за пишување извонредни изблици на бес, препукување меѓу плакатолепачи на партии и, не така ретко – што е добро – за генијалности од неколку зборови. Последна таква чкрабаница, со која и се изнасмеав, и си подразмислив, беше “И пост-панкери су панкери“. Испрскана со спреј во којзнае кои вампирски […]

Refused – Freedom [Epitaph, 2015]

Постирано на 26/10/2015 од во Албуми, Музика

Креативниот израз е извонредно широка нива за редовно одржување панаѓури на суетата. Во било која форма, авторството го буди егото кај поединците и од нив прави мечки нападнати од глад како по долг, студен, зимски сон. Повеќе од што друго, тие се опседнати со одбраната на сопствениот потпис. Бендовите, со оглед дека се збир од […]

Mutoid Man – Bleeder [Sargent House, 2015]

Постирано на 22/10/2015 од во Албуми, Музика

Промо-спотот за Bridgeburner, песната што го отвора албумот Bleeder, содржи момент што најкусо и најсликовито го опишува лонгплеј дебито на Mutoid Man. Најпрво, Ник Кејџио удира длабок, пештерски, тон на басот и остава жиците да одѕвонуваат со дисторзија. Истото неколкупати го повторува со мали варијации. Во меѓувреме, Стивен Бродски ја згуснува тензијата со фонија од […]

Lamb of God – VII: Sturm Und Drang [Epic, 2015]

Постирано на 21/09/2015 од во Албуми, Музика

Чистите, питоми и мелодични, вокали никогаш не биле дел од звучната азбука на Lamb of God. Објективно, во опкружување на бенд којшто гласот го користи како брусалица, гитарите ги сфаќа како циркулар, а со тапаните прави фабрика од дрвната индустрија, нема место за галовно пеење. Имајќи го ова предвид, тоа што групата од Ричмонд, на […]

Hardfaced – Dying Lake [Diehard, 2014]

Постирано на 14/09/2015 од во Албуми, Музика

Доволно е да се погледне само една од илјадниците фотографии што ги има на „сајтот на Гугал“ за да се заклучи дека Охрид и истоименото езеро без мака се вклопуваат во глобалната замисла за перфектни, уникатни, локации на Земјата. Градот, водената површина, како и планините и природата околу неа, го чепкаат оној дел од човекот […]

High on Fire – Luminiferous [eOne, 2015]

Постирано на 07/09/2015 од во Албуми, Музика

Теории на заговор последен пат ме интригираа при крај на средно училиште. Тие се годините кога буричкаш, или барем кога е здраво и пожелно, во сè и сешто. Додека се запишав на факултет се оддалечив од конспирациите. Разумот, оној пристојно поткован со информации, не може предолго да издржи небулози. На книгите со светски и космички […]

Godflesh – A World Lit Only by Fire [Avalanche, 2014]

Постирано на 17/12/2014 од во Албуми, Музика

Имате ли некогаш чувство, онакво обземачко, што обично ненајавено прегрнува наутро, дека сè наоколу е студена машина, а вие не сте нејзин дел, туку, просто, ѝ припаѓате? Не како што се припаѓа на семејство, туку како сопственост, како да сте под нечија управа, како некој да има комплетна надлежност над вашата судбина. Пред сè, индивидуална, […]

Old Man Gloom – The Ape of God [Profound Lore, 2014]

Постирано на 10/12/2014 од во Албуми, Музика

Катран сигурно сте виделе. Ако не, веројатно сте чуле за терминот. Истиот не се користи за именување на скопскиот воздух иако поради него често сме убедени оти устата ни е преполна со темна смола што никогаш не се доџвакува. Зифтот, како што Турците ни оставиле разговорно да го нарекуваме, е краен производ од сува дестилација […]