12/12/2017

Opeth – Pale Communion [Roadrunner, 2014]

Постирано на 27/11/2014 од во Албуми, Музика

Дозволено ли им е на музичарите да бидат искрени, отворени, страстни, фанови? Или можеби попрецизно, до кој степен смеат да ја искажуваат сопствената фасцинација на слушатели во моментите кога ја исполнуваат улогата на автори? Прашањата воопшто не се реторички. Ако сите го знаеме одговорот базиран на консензус – дека секогаш се претпочитаат тие што се […]

Wovenhand – Refractory Obdurate [Deathwish Inc, 2014]

Постирано на 22/10/2014 од во Албуми, Музика

Пристапот „религија во музика“ не само што не ми носи ниту најмал предизвик туку најчесто и ме оттргнува од потенцијално возбудливи изведувачи. Без разлика дали се практиканти на христијанство, ислам, будизам, кабала или The Force (добро де, лажам, нив ги обожувам), ваквите артисти повеќе ме потсетуваат на узурпатори на уметноста отколку на споделувачи на мудроста. […]

Searching for Sugar Man: Потрага по човечкиот дух

Постирано на 07/03/2013 од во Филм

Денешните речници можат комотно да преживеат без зборот „изненадување“, особено ако на негово место се стави најсоодветната замена – „сèзнаење“. Не во буквална смисла, туку како (прет)чувство. Благодарение на текот на информации што се шири како и космосот, некако потајно развивме осет дека ништо не може да нè извади од колосек – и позитивно и […]

Топ 10 МК албуми во 2012

Постирано на 31/12/2012 од во Статија

Бројот на објавени изданија во музиката е беспредметна статистика за која што никој сериозно не би требало да се возбудува бидејќи еден добар албум од сеќавањето може да збрише полн камион лоши. Годинава, сепак, фактот дека во Македонија се појавија над 40 збирки со авторски, неестраден, звук и згора на тоа, во најголем дел современ, […]

Топ 50 странски албуми во 2012 [50-31]

Постирано на 26/12/2012 од во Статија

Криза, криза, криза, ова е мантрата што за сè и сешто се повторуваше изминативе 12 месеци иако на економски план, светот можеби и половина деценија самоуверено и без намера да се отаже, си гази удолу. Кој како си милува и во зависност која деценија им е при срце (најчесто 60-ти, 70-ти, 80-ти или 90-ти), потполно […]

Ljubojna – Brass Fantasy [BZC, 2012]

Постирано на 17/12/2012 од во Албуми, Музика

Ставот за блех-музиката го променив од три причини: предрасуди, Њу Орлеанс и Горан Бреговиќ. Првата е очигледна. Како човек што растел и се идентификувал себеси со алтернативната култура, без разлика на нејзината манифестација, од сè што влегувало во категоријата “народно” сум бегал како од македонски политичар (ѓаволот тука не е добра паралела зашто слушам и […]

Scott Kelly – The Wake [Neurot, 2008]

Постирано на 07/11/2012 од во Репост

Човек може да пишува симфонии со катаљарда инструменти, но ако не го бива да скоцка пристојна песна, мелодија што ќе ти го размрда статус-квото во умот, џабе сите виолински клучеви на светот. Од оваа проста и непобитна причина, акустичниот, соголениот и наједноставниот израз е врелата рингла што не се осудуваат да ја допрат голем број […]

Steve Von Till – A Grave Is A Grim Horse [Neurot, 2008]

Постирано на 07/11/2012 од во Репост

Ако ги следиме рецензиите за албуми со инди-фолк-тематика можеме да сфатиме две мошне очигледни работи: дека оваа музичка форма денес се штанца со слична динамика на нервните сломови на Бритни Спирс во еден месец (прво) и оти последниве години, во американските хипстер-кругови, најмодерно е да се слушаат типови и типки со акустична гитара в рака […]

Neurosis – Honor Found in Decay [Neurot, 2012]

Постирано на 01/11/2012 од во Албуми, Музика

Додека разгледував фотографии од потопот што Сенди, брилијантиски насловениот ураган, го оставаше зад себе, инстинктивно, раката го довлечка маусот до фолдерот со Honor Found in Decay, новиот студиски албум на Neurosis. Пусти улици. Поплавени квартови. Џиновски бранови. Разурнување од шокантни размери. Луѓе кои втренчено ѕурат во јагленосаните скелети на сопствените домови. И на животите, веројатно. […]

Cat Power – Sun [Matador, 2012]

Постирано на 03/09/2012 од во Албуми, Музика

Јасно ми е од поодамна зошто уживам да ја слушам, ама фино е што Cat Power уште на третата песна од својот нов албум ме потсети поради што неизмерно ја почитувам. Во Ruin таа со прострелен, мелодично-конфронтирачки, глас вели: “Кукаме, цимолиме, а луѓе немаат леб да јадат”. Како една од грстот женски икони на модерниот […]

Steve Von Till, Scott Kelly, Wino – Songs of Townes Van Zandt [Neurot, 2012]

Постирано на 20/08/2012 од во Албуми, Музика

Претворањето во пепел на личните сфаќања за правците, стиловите, бендовите и соло-изведувачите го вбројувам меѓу најубавите придобивки на музичкото фановство. Тоа ми се случувало, сè уште трае и ќе продолжи да ме радува и понатаму. Ако сме начисто искрени, ќе си признаеме дека сите сакаме да си облечеме мантија на одредена група и гордо или […]

Dead Can Dance – Anastasis [PIAS, 2012]

Постирано на 17/08/2012 од во Албуми, Музика

Уши начулувам на купишта разновидна, понекогаш стилски контрадикторна, музика. Понекогаш, тоа се граничи со шинување. Во други случаи е еднакво на растегнување или на умерен тренинг. Убеден сум, пак, оти тие со посебен елан се размрдуваат кога од слушалките или од звучниците фучи или гали дело со некакви влијанија од нашиве простори. Под нив подразбирам […]