29/06/2017

Opeth – Pale Communion [Roadrunner, 2014]

Постирано на 27/11/2014 од во Албуми, Музика

Дозволено ли им е на музичарите да бидат искрени, отворени, страстни, фанови? Или можеби попрецизно, до кој степен смеат да ја искажуваат сопствената фасцинација на слушатели во моментите кога ја исполнуваат улогата на автори? Прашањата воопшто не се реторички. Ако сите го знаеме одговорот базиран на консензус – дека секогаш се претпочитаат тие што се […]

Звучни резови #10: The Lost Tapes 2013 [Посно едишн]

Постирано на 18/12/2013 од во Звучни резови, Музика

Празниците, оние околу преминот на старата во новата година и барем на балканскиве простори, се период што на моменти делува до недоглед исполнет со лични, домашни и бизнис-слави. Маратонов е освежителен за семејната и пријателската комуникација, но не може да се тврди дека нашите стомаци со нетрпение го очекуваат. Додуша, кој, колку може, ќе се […]

Ibrahim Maalouf – Illusions [Mi’ster, 2013]

Постирано на 10/12/2013 од во Албуми, Музика

Цинизмот, според поставеноста на модерното масмедиумско-општество, е единствено оправдано однесување во актуелната ера. Како што вели Тимоти Бјус овој пристап кон нештата се појавува во просторот испразнет од масовната култура која е повлечена од каква било политика. Споменатиот термин се доведува и на границата со депресијата, но за разлика од неа, тој овозможува активен, функционален, […]

Evan Parker и Get the Blessing на SJF: Бидете немирни и слушајте британски џез

Постирано на 18/10/2013 од во Концерт, Музика

Скопскиот џез-фестивал знае да биде нежен, да покаже разбирање, да го релаксира и на слушателот да му подготви емпатична предигра во својот неколкудневен октомвриски маратон. Способен е, од друга страна, и да удри директно, од прва, со ураган. Изгледа случајно, а можеби и како најсоодветен одговор на глобалната (економска) криза и на локалната (антикултурна) девиза, […]

Звучни резови #8: Skopje Jazz Festival 2013

Постирано на 14/10/2013 од во Звучни резови, Музика

Го слушал или не, детално бил поткован или само пристојно информиран за него, го сакал ли од какви било причини или го мразел ли од чисти предрасуди, џезот на површина е музика, а во суштина е филозофија. Истовремено, на уметноста, на страста, на животот. Некои луѓе со него растат, други го дружат повремено. За сите, сепак, […]

Arctic Monkeys – AM [Domino, 2013]

Постирано на 09/10/2013 од во Албуми, Музика

По пламеното, младешко, бучно и урбано, деби Whatever People Say I Am, That’s What I’m Not, очекувањата беа оти Arctic Monkeys ќе се придружат на неславната листа која не престанува да се полни – таа на рокери за една употреба. На првенчето тие не само што покажаа дека поседуваат суров талент, туку и демонстрираа вештина […]

Queens of the Stone Age – …Like Clockwork [Matador, 2013]

Постирано на 12/06/2013 од во Албуми, Музика

Суптилност и директност. Два термина, две авторски карактеристики, кои што според веќе воспоставените шеми не се очекува да опстојуваат истовремено во нечија музика. Разбирливо, со оглед на тоа што се спротивни како рационален атеист и антиквизиран демо(н)христијанин во модерно-феудална Македонија. Држејќи се до првиот пристап, потписниците на песните се изразуваат одоколу, меѓу редови, ненаметливо. Следејќи […]

University of Gnawa и Ondatropica на OFF-Fest: Дупла лекција по жар за животот

Постирано на 06/06/2013 од во Концерт, Музика

Единаесетте претходни изданија на OFF-Fest на скопската публика ѝ отворија многу музички видици, ја приближија до голем број далечни култури и ја потсетија на некои непишани вистини за убавата песна. Една од тие, што се потврди и на синоќешното истерување внатрешни и надворешни демони преку танц во Салонот на Македонската опера и балет, е дека […]

Daft Punk – Random Access Memories [Columbia, 2013]

Постирано на 31/05/2013 од во Албуми, Музика

Гарантирано е тешко да се дознае, меѓутоа, сигурно би било интересно да се открие во која точка од културната историја на светот стана површно да посакуваш музиката да направи да се чувствуваш добро. Не да те воздигне. Не да те восхити. И дефинитивно не да те интригира, интензивира и инспирира. Туку, најпросто, да те чепне […]

Muse – The 2nd Law [Warner, 2012]

Постирано на 05/10/2012 од во Албуми, Арт, Музика

Во интердимензионалниот свет на музичкиот претеризам, Muse денес веројатно е тело со најсилна гравитација. Таа влече милиони фанови кон бендот и куп контрадикторни стилови кон членовите додека ги создаваат албумите. Објективно, треба да ги одбива. Гледано со студени, кристално разумски, очи, никогаш нема да има доволна причина за пржење летна манџа со масло за подмачкување. […]

Muse – The Resistance [Warner, 2009]

Постирано на 05/10/2012 од во Репост

До денеска, 14 септември, датумот кога официјално излегува The Resistance, атмосферата околу Muse беше како и пред објавата на првите четири албума на групата. Сè наликуваше на снимка од стада накострешени пит-були затворени во челични кафези. Без разлика дали се остреа да го растргнат англиското трио или, пак, да му се пекмезат под колена, сите […]

Death – Human [Combat, 1991]

Постирано на 14/12/2011 од во Трезор

Леонардо да Винчи, Џон Колтрејн и дет-метал не е збир од зборови што природно ти доаѓа да ги сместиш во иста реченица. Ренесансниот уметник и џез-саксофонистот и не делуваат до тој степен неспоиви, но екстремниот музички правец боде очи. За тоа има проста причина – предрасуди. Како тече времето, околината ни ги штелува мозоците за […]