19/06/2018

Lamb of God – VII: Sturm Und Drang [Epic, 2015]

Постирано на 21/09/2015 од во Албуми, Музика

Чистите, питоми и мелодични, вокали никогаш не биле дел од звучната азбука на Lamb of God. Објективно, во опкружување на бенд којшто гласот го користи како брусалица, гитарите ги сфаќа како циркулар, а со тапаните прави фабрика од дрвната индустрија, нема место за галовно пеење. Имајќи го ова предвид, тоа што групата од Ричмонд, на […]

Furion – Thrashing Folks [Diehard, 2013]

Постирано на 10/07/2013 од во Албуми, Музика

Почетокот на 90-тите години, делумно поради сè посилното зграпчување од западната култура и воглавно како резултат на регионалните оргазми од распадот на Југославија, на површината исфрли реки со гомнарии. Најголем дел од нив, сосема предвидливо, сè уште ни течат по улиците, институциите, фирмите и ни се влеваат во домовите. Сето ова, несомнено, е штетно за […]

Holocaust – Ground Zero [Lithium, 2009]

Постирано на 04/01/2013 од во Албуми, Музика

Приказната на кумановските треш-металци Holocaust се вбројува меѓу класичните и многупати досега напишани и раскажани на македонската музичка сцена. Заплетот во неа е едноставен: бенд се основа, создава авторски песни, свири жестоко, снима демо од свој џеб и – без некролог го снемува од видокругот. Причините за тоа речиси и да не се поврзани со […]

Vader – Welcome to the Morbid Reich [Nuclear Blast, 2011]

Постирано на 30/11/2011 од во Албуми, Музика

Досадно е непотребно силен и несоодветен збор, најверодостојно е да се каже дека да биде бидеш фан, всушност, да бидеш Vader, изминатава деценија не е најинтересно. Од објавата на ѕидосмачкувачкиот Litany во 2000 година, полскиот состав, мање-више, се повторува. Само што, наместо да реплицира очаен материјал, бендот издава освежени верзии, на истиот, ѓаволски добар, студиски […]