12/12/2017

Двајца без четворица во кино

Постирано на 09/11/2011 од во Колумни

Читајќи ја веста и буричкајќи низ деталната програма на годинашниот Cinedays, лицево ми се расцепи на два, симетрично подеднакви, дела. Едниот, се израдува на богатата понуда на десеттото издание на манифестацијата. Другиот, кисело се потсети дека киносалите зјаат празни кога во Скопје не се одржува филмски фестивал. Не е ова безвезно цепидлачење. Тука не станува […]

MTV EMA 2011: Евровизија во Белфаст

Постирано на 07/11/2011 од во Телевизија

Гледајќи ги годинашните European Music Awards на MTV, конечно заклучив дека имам за што да се жалам на Агенцијата за електронски комуникации. И тоа не само на отокот добиен од кампањата. Готово е, решен сум, ќе пишувам претставка. Нема смисла, цела недела, море можеби и месец, Ем-ти-ви ме бомбардираше со реклами дека на 6 ноември […]

Vasil Hadzimanov Trio – El Raval [SJF, 2011]

Постирано на 04/11/2011 од во Албуми, Музика

Обвивката на El Raval, деби-албумот на Vasil Hadzimanov Trio, е црно, вообичаено, дигипак-пакување. Има убава насловна, неколку фини фотки од бендот во акција и листа со песни со авторите во загради. Ништо спектакуларно, дефинитивно, но дел од картонско-пластичниот пакет е и кус, концизен, опис од Тони Китановски. Како продуцент на изданието, тој имал неспоредлив, ако […]

Homeland – Психо-трилер што ровари низ тероризмот

Постирано на 31/10/2011 од во Телевизија

Додека светот беше јасно поделен по црвено-сина, комунистичко-демократска, линија, шпионите, во филмовите за нив, беа романтизирани како незнајни јунаци на браникот на блокот за кој што се борат. Берлинскиот ѕид се урна, по што се сруши и армираната плоча што ја штитеше идеално изградената слика за тајните агенти. Многумина дури и се истрчаа да предвидат […]

Aeon Arcanum – Monuments [2011]

Постирано на 28/10/2011 од во Албуми, Музика

Кога снимањето албуми е во прашање, најголемиот број, можеби дури 99 проценти, од македонските бендови ги мачи еден од овие два проблема – имаат колку сакаат време на располагање, но немаат пари или, пак, кубурат и со првото и со второто. Како и да се вртат работите, кешот во земјава никогаш не се впуштил во […]