12/12/2017

Man of Steel: Прероден Супермен од р’ѓосан челик

Постирано на 24/06/2013 од во Филм

Стриповите никогаш не биле меинстрим. Филмовите, пак, снимени врз основа на тие илустрирани приказни денес суверено владеат со главниот, глобален, културен тек. Заклучувајќи оти милијардa и кусур луѓе кои во животот не купиле исшарана книга, сепак, можат да се довлечкаат во кино и да гледаат екранизирани верзии на јунаците облечени во спандекс, Холивуд вложи доминантен […]

Iron Man 3: Издигнувањето на Железниот човек

Постирано на 23/05/2013 од во Филм

Тони Старк, лик кој во светот на суперхероите е познат како Ајронмен, ги поседува сите квалитети потребни за да го мразите како човек. Особено денес, неколку години откако банкарските шпекуланти нагло ја тргнаа економската черга на која што светот живееше во изобилие како да е Шехерезада (раскажувачката во бајката, не турската серија). Всушност, немаше потреба […]

Постеризам: Кен Тејлор

Постирано на 27/08/2012 од во Арт, Постеризам

Австралискиот илустратор и дизајнер Кен Тејлор почнал да ги демонстрира своите арт-таленти на локалната музичка сцена во Перт, а од 2001 година работи во Мелбурн. Во родната земја се наметна со изработка впечатливи рок-постери за помали независни состави. Откако во 2006 година стартува да работи целосно самостојно, Тејлор за кусо време успеа да создаде име […]

Трејлер камп: Skyfall, Cloud Atlas, Man of Steel

Постирано на 08/08/2012 од во Трејлер камп, Филм

Овонеделниот избор на тазе трејлери е составен од две потенцијални големи враќања на големото платно и уште едно продолжение во приказната за најславниот таен агент во светот. Во напливот од суперхеројски филмови недостасува најголемото име – Супермен – а таа грешка следната година ќе се обидат да ја поправат режисерот Зек Снајдер и продуцентот Кристофер Нолан. […]

The Dark Knight Rises: Кога гневот зоврива

Постирано на 03/08/2012 од во Филм

Ако не читате стрипови, поточно, доколку не знаете како функционира овој засебен и уникатен креативен свет, мора за едно да бидете свесни: во него можете навистина, ама навистина, да се загубите. Таму нема универзум, туку мултиверзум. Ограничувањата зависат повеќе од перцепцијата на читателите, отколку од фантазијата на пишувачите и цртачите. Суперхероите се раѓаат, гинат, воскреснуваат, […]

The Amazing Spider-Man: Заплеткан во позната мрежа

Постирано на 01/08/2012 од во Филм

Со оглед на незаситната нужда за рециклирање, обработување и препакување на стари остварувања, приказната за потеклото на суперхероите делува како да е измислена од Холивуд. Не е. Виновници за постоењето на оваа основа за раскажување се луѓето од светот на цртаните стории, каде што навраќањето кон корените на јунаците е одамна прифатено и нашироко практикувано. […]