12/12/2017

Captain America: The Winter Soldier – Војник и во добро и во зло

Постирано на 11/04/2014 од во Филм

Паралелно со сè останато, моментно е модерно да се мрази Америка. И пожелно. Не е во прашање недопаѓање или одбивност туку зовриено „хејтање“. До одреден степен и во извесни случаи, кои не се така ретки, ова има логика. Иако, нели, прашање е каде е рационалноста во носење таква пизма за цела држава, згора на тоа […]

GridLink – Longhena [Handshake Inc., 2014]

Постирано на 21/03/2014 од во Албуми, Музика

Флиперите се феноменална појдовна точка за опис на искуството што се таложи од слушањето на последното издание во кариерата на GridLink и првото со коешто (задоцнето) ги открив. Додуша, останувам цврсто уверен дека нема прерано или прекасно запознавање со бенд, солист или албум, туку само вистинско. Тоа, сепак, е друг, подолг, муабет. Да се вратам […]

The Wolverine: Поема за самурајот со канџи

Постирано на 09/08/2013 од во Филм

Суперхероите, со префиксот накалемен на и онака очигледната величина што ја носи јуначката улога, по дефиниција се врзани за грандиозност. Почнувајќи од коренот, чија што семка е вообичаено засадена во чудачката, изгнаничка, природа на носечкиот лик и завршувајќи со мотивите, целите и поттикот, овие планетарно популарни карактери се испреплетени со возвишеноста. Содржана вообичаено во сè […]

The Amazing Spider-Man: Заплеткан во позната мрежа

Постирано на 01/08/2012 од во Филм

Со оглед на незаситната нужда за рециклирање, обработување и препакување на стари остварувања, приказната за потеклото на суперхероите делува како да е измислена од Холивуд. Не е. Виновници за постоењето на оваа основа за раскажување се луѓето од светот на цртаните стории, каде што навраќањето кон корените на јунаците е одамна прифатено и нашироко практикувано. […]

The Avengers: Стрип-филм во блес(к)ава боја

Постирано на 19/05/2012 од во Филм

На почеток, ќе го изметам подот од една можна, а потенцијално клучна, нејаснотија – мамутските американски стрип-издавачи ги редам според следнава важност: Vertigo, DC Comics, Marvel. Првите ги сакам недвосмислено најмногу поради уживањето во улогата на одпадници во меинстримот на оваа култура. Вторите ми прават мерак со храброста пред масовната публика да носат книги како […]

The Walking Dead – Драматично добра хорор-серија

Постирано на 07/02/2011 од во Телевизија

Поради намерно лошата шминка, гејзерите вештачка крв што џвркаат на сите страни или, наједноставно, поради наивната глупавост на целиот жанр, хоророт најчесто е исмеван. Ретко кој го сфаќа сериозно. А секој што се потрудил да најде навистина добар “страшен филм”, знае дека во овој кинематографски стил и не така ретко се крие симболика, општествена критика […]