29/06/2017

YOB – Clearing the Path to Ascend [Neurot, 2014]

Постирано на 29/10/2014 од во Албуми, Музика

„Време е да се разбудите“, смирено, но самоуверено, како во овие неколку збора да е собрано сето животно искуство, а не изјава исплукана откако ќе ја избришете првата лига од перницата, Алан Вотс го отвора Clearing the Path to Ascend, новиот албум на YOB. Британскиот филозоф, кој своевремено бил епископален свештеник, по што се преобратил […]

Звучни резови #7: Relapse vs Southern Lord

Постирано на 16/08/2013 од во Звучни резови, Музика

Сонце пече, мохитца се мешаат, мокри ноџиња се фоткаат, а пред нив тиркизно море се распослало до бескрај. Значи време е за галовни звуци, распекмезени стихови и весели рефрени. Не. Категорично – не. Секој, нели, како што милува, но ако мене ме прашате (пак ќе повторам, никој тоа не го прави) никаква заслепувачка изгор-светлина не […]

Anciients – Heart of Oak [SoM, 2013]

Постирано на 08/07/2013 од во Албуми, Музика

Самоувереноста во сопствените инструментални квалитети не така ретко се претвора во пречка, наместо да се памети како предност на одредени бендови. Способноста за свирење со врвна вештина не ја поседуваат и не ја достигнуваат сите. Завиден број од тие што пристигнуваат до оваа точка, сепак, попат забораваат оти музиката не е саем во шатори каде […]

Intronaut – Habitual Levitations [CM, 2013]

Постирано на 01/07/2013 од во Албуми, Музика

Неверојатно е како прагот на трпението на човечкиот вид се намалува правопропорционално како што се зголемува бројот на олеснувања кои што технологијата им ги овозможува на луѓето. Забележливо насекаде, ова се манифестира во перцепцијата и очекувањето дека сè мора да се добие сега и тука – од 3G сигнал што нема да „сецка“ до ладно пиво […]

Clutch – Earth Rocker [Weathermaker, 2013]

Постирано на 08/04/2013 од во Албуми, Музика

Со тоа што случајноста или судбината нè покакале во Македонија, осакатени сме за депресивно долга листа задоволства. На врвот на мојата, кога музиката е во прашање, се наоѓа не само претчувството, туку длабокото уверување дека никаков оптимизам нема да ми овозможи некои бендови да ги гледам во живо. Степенот на уживање во нивните албуми не […]

The Sword – Apocryphon [Razor & Tie, 2012]

Постирано на 10/12/2012 од во Албуми, Музика

Постојат луѓе, чиј број не е за занемарување, кои се родиле во погрешно време. Или така, најискрено, веруваат. Знаејќи дека ерата за која што сонуваат со отворени очи никогаш вистински нема да ја познаваат бидејќи не ја изживеале лично, единствено што им преостанува е да се филмаат со идеализирана, самоизградена, претстава. Таа може да е […]

Pallbearer – Sorrow and Extinction [Profound Lore, 2012]

Постирано на 10/08/2012 од во Албуми, Музика

Има некоја посебна возбуда во откривањето нови бендови уште со објавата на нивниот прв албум. Општо земено, мигот на пронаоѓање изведувачи за кои што претходно не сум бил свесен е исполнувачки без разлика колкаво е задоцнувањето. Ако, пак, тоа се случи кога и самата група излегува од локалниот кожурец, процесот добива димензии на споделување, на […]

OM – Advaitic Songs [Drag City, 2012]

Постирано на 25/07/2012 од во Албуми, Музика

Никако не успеав да се натерам себеси полудено да теглам по дела од уметноста или од популарната култура направени исклучиво со разум. Сè уште го чекам денот кога на г’з ќе паднам од филм опседнат со кадри и банално филозофирање, а осакатен од основна човечност. Не се радувам на мигот, чисто сум љубопитен, дали некогаш […]

El Doom & the Born Electric – El Doom & the Born Electric [Rune Grammofon, 2012]

Постирано на 13/06/2012 од во Албуми, Музика

За еден хардкор музички обожавател, знаете, онаа ментална состојба со нерационална потреба за товење со стари и нови, популарни и игнорирани, звучни дела, тешко дека ќе се најде позначаен момент од мигот на откритие. Тоа може да биде предвремено, актуелно или задоцнето, одбивно, рамнодушно или исполнувачко, но во било која од овие варијанти не може […]

High on Fire – De Vermis Mysteriis [E1, 2012]

Постирано на 08/06/2012 од во Албуми, Музика

Се понадевав, ама бев свесен оти нема да бидам првиот што ќе напише дека Мет Пајк е најголемиот жив металец што моментно гази на планетава. Не Велик, како имењакот ми или како Петар, ами џиновски по процентот металоцити (нешто како еритроцити, но за хедбенгери) во неговата во облак од марихуана напафкана крв. Тој заклучок ми […]

Yob – Atma [Profound Lore, 2011]

Постирано на 05/12/2011 од во Албуми, Музика

Кога со музичкиот булдожер од марката Fire! ги поместуваше темелите на Градскиот трговски центар, Матс Густафсон рече дека заедно со колегите се обидуваат да свират бавно, но не им успева. Саксофонистот нè лажеше во очи, зашто нивниот звук лазеже како Шаи Хулуд, гигантските песочни црви од “Дина”, ама шегата имаше поента – да рокаш во […]