19/06/2018

Plan B – ill Manors [Atlantic, 2012]

Постирано на 13/08/2012 од во Албуми, Музика

Со терминот велепосед (не велосипед), како што manor се преведува на македонски, најчесто се опишува основната единица на сопственост во феудалниот систем. Има и речници кои што точно го толкуваат и како реон, двор и моето омилено – чифлик – ама сите прецизно објаснуваат дека се работи за благороднички имот. Секој куп земја од ваков […]

The Black Keys – El Camino [Nonesuch, 2011]

Постирано на 22/12/2011 од во Албуми, Музика

Мака мачам, ама не ми текнува кога, а уште помалку зошто, стана нужно рокенролот да биде строго интелектуален, за да се цени. Од музички правец што како локомотива на јаглен се ложеше на страст, бунтовништво и инстинкти, тој изминатава деценија се претвори во поле за напудрен натпревар на умовите. Бендовите и кантавторите не се впуштаат […]

The Roots – Undun [Def Jam, 2011]

Постирано на 16/12/2011 од во Албуми, Музика

Со текот на годините манијачко-опсесивно слушање музика (нездраво звучи, знам) од речиси секаков вид, се претворив во изумител. Не таков што создава патенти и рине брда пари продавајќи им ги на корпорации, туку од оние кои пронаоѓаат разновидни филтри за лично оценување на бендовите и кантавторите. Нивната прецизност не може да се мери со вага […]

Treme: Љубовна ТВ-врска со Њу Орлеанс

Постирано на 07/12/2011 од во Телевизија

Телевизијата, недвосмислено, е забава. Порано беше во кутија, денес во плоска. И тогаш и сега таа бара вклучување во струја и исклучување на мозок. Може да нè направи екраномани кои повеќе ќе личат на растенија отколку на луѓе, но ако се консумира умерено, нема ништо лошо кога умот пасе на ТВ-ливадите. Тој ентертејнмент може да […]

Jamie Woon – Mirrorwriting [Polydor, 2011]

Постирано на 20/04/2011 од во Албуми, Музика

Соулот ја има таа несреќа да биде правец со едно од најзафркнатите имиња во историјата на музиката. Џејми Вун се согласува. Одбира да не го користи за да го опише тоа што го создава. Kако што вели, се работи за “тежок збор”. Изгледа е во право. Буквално гледано, ако некој тврди оти е соул-изведувач, автоматски […]

Синглтека: The Strokes, Jamie Woon, Foo Fighters

Постирано на 28/02/2011 од во Синглтека

The Strokes – Under Cover of Darkness Засега последниот албум, First Impressions of Earth, The Strokes го објави пред пет години, но тешко е да се заборави дека на него бендот звучеше непотребно “сериозно”. Цедето си имаше фини моменти, ама се чувствуваше дека составот премногу свесно ја водел насоката во која се развивал материјалот. Мераклиски […]

Adele – 21 [XL, 2011]

Постирано на 24/01/2011 од во Албуми, Музика

Ејми Вајнхаус можеби е виновна за спуштање на и онака ниските стандарди за тоа што би требало да продава таблоиди во милионски тиражи, но таа е крива и за напливот од извонредни млади соул-аренби-вокалистки што се појавија по нејзиниот ненадеен комерцијален успех. Не дека Вајнхаус ги измисли, ама штом продуцентите и издавачите сфатија дека има […]

Ghostface Killah – Apollo Kids [2010, Def Jam]

Постирано на 14/01/2011 од во Албуми, Музика

Соулот и хип-хопот се како браќа. Потекнуваат од ист музичко-генетски базен – афроамериканскиот. И едниот и другиот се блиско поврзани со поезијата. Првиот со таа на емоциите, вториот со таа на улиците. Кога ќе се спојат во еден изведувач, албум или песна, а тоа, логично, се случува често, овие два жанра се вклопуваат перфектно, како […]