12/12/2017

The Chemical Brothers – Born in the Echoes [Virgin EMI, 2015]

Постирано на 15/12/2015 од во Албуми, Музика

Маката која што изгледа најмногу ги мачеше Том Роуландс и Ед Симонс, штом од андерграунд бомбастично мигрираа во меинстрим, би можела да се срочи во дилемата: како следниот албум на The Chemical Brothers да биде помасивен од претходниот. Редејќи ги прачките динамит со „Даст брадерс“ тие дебитираа со ново име испорачувајќи го ТНТ-пакетот Exit Planet […]

Chelsea Wolfe – Abyss [Sargent House, 2015]

Постирано на 30/09/2015 од во Албуми, Музика

Соништата не се објаснуваат со зборови. Сите, секогаш, си ги прераскажуваме на себеси или им ги прекажуваме на други, но никогаш не успеваме суштински да ги опишеме. Веројатно затоа што, откако ќе склопиме очи, тоа што се одвива зад капаците не се доловува со општ јазик на комуникација туку се доживува од личен агол на […]

Spoon – They Want My Soul [Loma Vista, 2014]

Постирано на 16/10/2014 од во Албуми, Музика

Кога некој „си свирка“, барем ние тука, во преполнава со басни Македонија, сакаме да кажеме оти некому „ич не му чуе“. Или да не користам една за да објаснам друга фраза – мислиме на луѓе кои воопшто не се заинтересирани. За ништо и за никого. Селото кај и да е ќе изгори, тие не го […]

Deftones – Koi No Yokan [Reprise, 2012]

Постирано на 16/11/2012 од во Албуми, Музика

Спотот за Bored, од нивниот деби-албум Adrenaline, го открив неколку години откако дебело се навлеков на Deftones, но тој само ми го потврди тоа што го насетував од сите претходно прочитани интервјуа, биографии, изјави – дека тие се маалски бенд. Уште поточно – другарски. Нема занесување, јасно е оти од режиран, снимен и продуциран четириминутен […]

Bat for Lashes – The Haunted Man [Parlophone, 2012]

Постирано на 26/10/2012 од во Албуми, Музика

Талентот за пишување убави мелодии и надареноста со прекрасен глас не се спој што секојдневно се среќава меѓу музичките изведувачи. Најидеално би било таквиот микс да е претерано присутен, да е со декрет обврзувачки стандард, ама така веројатно би имале мака да ја разликуваме посебноста од просечноста. Ако сите се раѓаат со вокал од којшто […]

Лелек – Лелек [Pristopmk, 2011]

Постирано на 20/10/2011 од во Албуми, Музика

Иронично или не, од шега или од ќеиф, не е толку важно, фактот дека на деби-албумот ги обработиле Soft Cell, доволно зборува оти “Лелек” не се бенд излеан во метал-калап за масовно репродуцирање. Не оти ова е прв случај од почетокот на времето кога хеви-група се дрзнува да интерпретира песна од синтпоп-состав од 80-тите години, […]

Junior Boys – It’s All True [Domino, 2011]

Постирано на 10/06/2011 од во Албуми, Музика

Од електронската музика, таа базирана на песни, со вовед, квазирефрени и сè што влегува во овој начин на музички израз, се откажав откако The Chemical Brothers се загубија себеси барајќи нов звук, на Orbital им се одмили да прават авторски изданија, а Propellerheads снимија еден лудачки одличен албум и се пеплосаа. Ќе си речете, какви […]

Junior Boys – So This Is Goodbye [Domino, 2006]

Постирано на 10/06/2011 од во Репост

Електрониката денес е културолошко-уметнички етаблиран поим. Освен тоа, носи пари – понекогаш и премногу. Ама овие ласкави карактеристики не можат да го сокријат фактот дека има долга листа на луѓе кои се уште се скептични за потенцијалот на жанрот да пренесе обични, доживеани и блиски човечки емоции. Во случајот на Junior Boys – грешат. Ептен. […]

Maserati – Pyramid of the Sun [Temporary Residence Limited, 2010]

Постирано на 10/12/2010 од во Албуми, Музика

И најголемите интелектуалци (позери или вистински), што ниту најмалку не се заинтересирани за спортски автомобили, тешко дека можат со 100-процентна сигурност да гарантираат дека не би пофантазирале, барем за микросекунда, како е да се седне зад воланот на едно Maserati. Дури и најголемите рокери, панкери или металци, пак, (позери или вистински), нема воопшто да се […]

Handsome Furs се пронаоѓа во балканската жилавост

Постирано на 06/12/2010 од во Интервју, Музика

Фото: Liam Maloney Моите впечатоци за Балканот се широки, но кажано најостроумно, чувствувам сродство со голем дел од уметниците и музичарите оттаму што во последно време објавуваат дела. Гледам луѓе што, како и јас, се жилави во животот, вели Алексеј Пери, клавијатуристка во Handsome Furs, групата што вечерва ќе настапи во МКЦ во Скопје За […]