19/10/2017

Green Out – Рапаноја [Шурикен, 2014]

Постирано на 24/09/2015 од во Албуми, Музика

Снимките од „Јутел“ повремено ми трепкаат во глава и ме потсетуваат како Балканот од почетокот на 90-тите наваму живее исклучиво заглавен во пораз. Македонија, по сè изгледа, предничи во оваа категорија на пропаѓање. Изминативе девет и кусур години, пак, обзема чувството дека не само што победата – некаква – не ја гледаме, туку ниту од […]

Kendrick Lamar – To Pimp a Butterfly [Interscope, 2015]

Постирано на 16/09/2015 од во Албуми, Музика

Славните фаци од музичката сцена, како и популарните ликови од какво било потекло, во суштина, се бескорисни паразити. Тие лакомо цицаат од потребата на јавноста за произведување и восхитување идоли, а создаваат – или почесто, некој им штанца – продукти чиј рок на траење завршува како што ќе им помине редот на хит-плејлистата. Не сите […]

Страјк – Земен рај [Шурикен, 2015]

Постирано на 03/09/2015 од во Албуми, Музика

Ако за нешто можеме да ѝ бидеме благодарни на Македонија – освен за патлиџаните, пиперките и лубениците – тоа е инспирацијата. Не верувам, барем не религиозно, дека во најодвратните услови се раѓа најпрекрасната уметност. Тогаш, креативецот мора да дејствува дупло – да цркне од работа за да преживее и да се издигне од состојбата на […]

Топ 50 странски албуми во 2013 [25-1]

Постирано на 27/12/2013 од во Статија

Ако се обидам – што не значи дека ќе успеам – да го лоцирам најситното чувство кое е заедничко за сета музика што ја слушнав годинава тоа веројатно би била потполноста. Не е во прашање никаква комплексна филозофија туку импресијата дека плочите што ги вртев (за жал, не на грамофон) беа гранитни, компактни и неодвоиви […]

Tonyo San и Kemp O.D. – Чаирскиот албум [ATP, 2013]

Постирано на 18/09/2013 од во Албуми, Музика

Маалото во рапот е како Ѓаволот во хевиметалот, „посреќувањето“ во поп-хитовите и трулиот државен систем во панкот. Клише, а истовремено и препознатливост. Со него би сакале да има што помалку стихови, а без оваа потпора, барем и да е минимална, сè би било за нијанса поиспразнето. Како и честата инспирација во останатите споменати жанрови, така […]

ЛД Пистолеро – После мостот [2013]

Постирано на 05/06/2013 од во Албуми, Музика

Цврстиот, проникливиот и запаметливиот рап е спој на интроспекција и вивисекција. Знам, тешки и долги „вујаклиски“ зборови за стил што се води од идејата за јазично растегнување сè со цел да се пренесат две суштински работи – ставови и чувства. За нив да ги опишете не се потребни речници или лексикони, ама е пресудно личното […]

Plan B – ill Manors [Atlantic, 2012]

Постирано на 13/08/2012 од во Албуми, Музика

Со терминот велепосед (не велосипед), како што manor се преведува на македонски, најчесто се опишува основната единица на сопственост во феудалниот систем. Има и речници кои што точно го толкуваат и како реон, двор и моето омилено – чифлик – ама сите прецизно објаснуваат дека се работи за благороднички имот. Секој куп земја од ваков […]

Edo Maajka ‎- Štrajk mozga [Menart, 2012]

Постирано на 25/06/2012 од во Албуми, Музика

Меѓу раперите, односно луѓето кои што искрено, севкупно, се идентификуваат со оваа култура, без разлика дали се изведувачи или само фанови, претпоставувам дека за Edo Maajka не владее високо мислење. Којзнае, можеби грешам, и онака ја фрлам јадицата напразно, врз основа на личната перцепција, а сепак, не ми е лесно да се ослободам од впечатокот […]

Ghostface Killah – Apollo Kids [2010, Def Jam]

Постирано на 14/01/2011 од во Албуми, Музика

Соулот и хип-хопот се како браќа. Потекнуваат од ист музичко-генетски базен – афроамериканскиот. И едниот и другиот се блиско поврзани со поезијата. Првиот со таа на емоциите, вториот со таа на улиците. Кога ќе се спојат во еден изведувач, албум или песна, а тоа, логично, се случува често, овие два жанра се вклопуваат перфектно, како […]

Kanye West – My Beautiful Dark Twisted Fantasy [Roc-A-Fella, 2010]

Постирано на 08/12/2010 од во Албуми, Музика

Стопосто не е свесен за тоа, нема причина да биде, но Kanye West е ист со македонските музичари и уметници – искусни или пилиштари, подеднакво – во неколку работи, сите лоши. Надалеку е познато дека овој 33-годишен продуцент и хипхопер, роден во Атланта, е суетен, самобендисан, егоманијак што веројатно заспива навечер слушајќи снимени монолози од […]