23/08/2017

Opeth – Pale Communion [Roadrunner, 2014]

Постирано на 27/11/2014 од во Албуми, Музика

Дозволено ли им е на музичарите да бидат искрени, отворени, страстни, фанови? Или можеби попрецизно, до кој степен смеат да ја искажуваат сопствената фасцинација на слушатели во моментите кога ја исполнуваат улогата на автори? Прашањата воопшто не се реторички. Ако сите го знаеме одговорот базиран на консензус – дека секогаш се претпочитаат тие што се […]

Gorguts – Colored Sands [SoM, 2013]

Постирано на 04/10/2013 од во Албуми, Музика

Претставата со која што во умот си го скицираме процесот на духовно просветлување вообичаено се сведува на три фундаментални чина: досада, досада и – досада. Суров и остар заклучок, но гледано отстрана, оваа активност нуди варијации колку што џингл од Александар Митевски гарантира разновидност. Калуѓерите, кои по канонски терк го бркаат спознавањето, заедно со индивидуалците, […]

Роџер Вотерс во Белград: Ѕид, ѕидосано…

Постирано на 06/09/2013 од во Албуми, Музика

Кога власта, општеството, опкружувањето или напросто, животот, нè плескаат со изгор затилници во вид на неочекувани пречки, ненадејни сопки или незамисливи можности, фасцинантно е дека најголемиот дел од нас најпрво се фаќаат за иста сламка. Дали таа има форма на доверување и инспиративно зајакнување врски со најблиските? Или се состои од возбудливо информирање и подготвување […]

Anciients – Heart of Oak [SoM, 2013]

Постирано на 08/07/2013 од во Албуми, Музика

Самоувереноста во сопствените инструментални квалитети не така ретко се претвора во пречка, наместо да се памети како предност на одредени бендови. Способноста за свирење со врвна вештина не ја поседуваат и не ја достигнуваат сите. Завиден број од тие што пристигнуваат до оваа точка, сепак, попат забораваат оти музиката не е саем во шатори каде […]

Intronaut – Habitual Levitations [CM, 2013]

Постирано на 01/07/2013 од во Албуми, Музика

Неверојатно е како прагот на трпението на човечкиот вид се намалува правопропорционално како што се зголемува бројот на олеснувања кои што технологијата им ги овозможува на луѓето. Забележливо насекаде, ова се манифестира во перцепцијата и очекувањето дека сè мора да се добие сега и тука – од 3G сигнал што нема да „сецка“ до ладно пиво […]

Amplifier – Amplifier [MFN, 2004]

Постирано на 14/12/2012 од во Репост

Навистина би било фино да може за секој албум да се пишува откако сте имале (интензивна или повремена) неколкугодишна дружба. Во трката за актуелност и за временска релевантност, тоа е невозможно. Колку и да е примамливо анализирањето без рокови и ограничувања, задоволството да се претстави нешто свежо, во мигот на своето појавување, секогаш е далеку […]

OM – Advaitic Songs [Drag City, 2012]

Постирано на 25/07/2012 од во Албуми, Музика

Никако не успеав да се натерам себеси полудено да теглам по дела од уметноста или од популарната култура направени исклучиво со разум. Сè уште го чекам денот кога на г’з ќе паднам од филм опседнат со кадри и банално филозофирање, а осакатен од основна човечност. Не се радувам на мигот, чисто сум љубопитен, дали некогаш […]

Gojira – L’Enfant Sauvage [Roadrunner, 2012]

Постирано на 29/06/2012 од во Албуми, Музика

Во елитните уметнички кружоци, кои што ноќе, на свеќи, “контемплираат концепти и редефинираат дискурси”, споменување на Франсоа Трифо во иста реченица со метал гарант се смета за врховно сквернавење. Интелектуалноста на францускиот филмски гениј, едноставно, нема причина да се гнаси со грубоста на бучниот музички жанр. И обратно, во високите комисии на хеви-сцената веројатно се […]

Синглтека: Katatonia – Dead Letters

Постирано на 22/06/2012 од во Музика, Синглтека

Возот на Katatonia го фатив релативно доцна, со The Great Cold Distance. Оттогаш ги слушам со опсесивен интензитет, ама уште не можам да им се изначудам на колку измазнет, вешт, природен, начин еволуираа од пионери на дет-дум-жанрот во џедаи на мрачниот, меланхоличен и нагонски мелодичен метал (или хеви-рок со прог-примеси, сеедно). Таа восхитеност продолжува и […]

Синглтека: Gojira – L’Enfant Sauvage

Постирано на 14/06/2012 од во Музика, Синглтека

Кога следиш бенд, кога го слушаш, кога ти е потполно јасно дека неговите членови се мајстори по свирачки вештини, а сепак, свесен си оти малку им недостасува за да ја допрат величината, не знаеш што е тоа додека не го слушнеш. На француските метал-техникалци Gojira налетав со From Mars to Sirius и дружбата ја надградив […]

El Doom & the Born Electric – El Doom & the Born Electric [Rune Grammofon, 2012]

Постирано на 13/06/2012 од во Албуми, Музика

За еден хардкор музички обожавател, знаете, онаа ментална состојба со нерационална потреба за товење со стари и нови, популарни и игнорирани, звучни дела, тешко дека ќе се најде позначаен момент од мигот на откритие. Тоа може да биде предвремено, актуелно или задоцнето, одбивно, рамнодушно или исполнувачко, но во било која од овие варијанти не може […]