29/06/2017

Deafheaven – New Bermuda [ANTI-, 2015]

Постирано на 04/12/2015 од во Албуми, Музика

Кога за извесна група градам став, додека задолжително и барем половично, ја преслушувам, си се забавувам поставувајќи си прашања. Меѓу тие што почесто ги повторувам е тоа дали артистот е повеќе – автентичен или уверлив. Бездруго, бендот што го жирирам може истовремено да отскокнува во обете категории. Тие ситуации, сепак, се природна реткост. Затоа, кога […]

Swans – To Be Kind [Young God, 2014]

Постирано на 03/10/2014 од во Албуми, Музика

Објективно, не постои албум што заслужува во него да набутате песна од 35 минути. Кажано уште понепристрасно, нема композиција од половина час достојна да присвои толкав блок од поголема, далеку побитна, целина. Ненапишано, секако, но ова треба да биде барем лабаво – некакво – правило. Инаку, грото музичари ќе ги вклучат каблите во засилувачите, ќе […]

ISIS – In the Absence of Truth [Ipecac, 2006]

Постирано на 13/09/2014 од во Репост

Повторувањето е мајка на знаењето. Ако учите за испит, можеби, ама во музичка смисла, ваквите трикови значат пропаст. Според светите записи, од артистите се очекува да внесуваат динамика, разновидност и живост во сопствениот звук и да бегаат од репетицијата како што демоните ги виткаат опашките пред Џон Константин од закон-стрипот Hellblazer. Бостонскиот состав Isis, пак, […]

Mogwai – Rave Tapes [Rock Action, 2014]

Постирано на 20/01/2014 од во Албуми, Музика

Размислувајќи со која активност, предмет или состојба би можел да го поврзам процесот на слушање албуми неочекувано заклучив дека тој мошне едноставно наликува на зближувањето со луѓето. Некои карактери, од старт, не можеме да ги поднесеме. Други, на почеток, нè тераат да се поставиме крајно неодредено. Има и такви, секако, кон кои уште од маалските […]

Efterklang: Истражувачи на звучната пирамида

Постирано на 11/11/2013 од во Интервју

Последниот твит од акаунтот на Efterklang на 19 октомври, кога ги подготвував прашањата за ова интервју, гласеше: „Денешната забава“. Дел од него беше и фотографија од програма, цеде или нешто слично од Das Rheingold или „Рајнското злато“, славното дело на Рихард Вагнер. За тоа како првпат воспоставил контакт со операта и што најмногу го фасцинира […]

Efterklang – Piramida [4AD, 2012]

Постирано на 06/11/2013 од во Албуми, Музика

Не знам до што е – можеби до блискоска до Северниот пол која ги направила за степен поинтроспективни или е резултат на крволочното Викиншко минато – но бендовите од Скандинавија се махери за погодување вистинска нота, чепнување подзаборавен нерв или за терапевтско ѕверење во бел ѕид. Настрана што е исцрпувачки да се процени како успеваат […]

Russian Circles – Memorial [SH, 2013]

Постирано на 30/10/2013 од во Албуми, Музика

До пред некоја година ниту на дно од черепот не претпоставував дека ќе размислувам, а камо ли оти и ќе осмислувам видеоигра-шеми за физички да избегнувам споменици. Какви и да биле, кога и да сум ги открил или каде и да сум ги сретнал, отсекогаш сум ги земал здраво за готово. Логиката ми беше проста: […]

Cult of Luna – Vertikal [IR, 2013]

Постирано на 21/01/2013 од во Албуми, Музика

За самопрогласен фанатик на научно-фантастичниот жанр и дистописката тема, имам гигантски кратер во солидната гледачка биографија: очиве сè уште не сум ги наградил со “Метрополис” на Фриц Ланг. Близу до исправањето на пропустов дојдов пред две години, кога ремек-делото се проектираше придружувано со изведба на Македонската филхармонија. Обврски, буџетски ограничувања и останати опипливи и измислени […]

Топ 10 недоволно слушани албуми во 2012

Постирано на 03/01/2013 од во Статија

Кога е во прашање рангирањето на музичките албуми во залезот на календарската година се водам од три максими: никогаш да не го сфатам пресериозно, процесот секогаш да ми биде забавен и конечниот резултат во секоја прилика дискутабилен. Со ова ниту од далеку не сакам да кажам оти не стојам зад годинашнава, ланската, таа претходно, а […]

Godspeed You! Black Emperor – ‘Allelujah! Don’t Bend! Ascend! [Constellation, 2012]

Постирано на 25/10/2012 од во Албуми, Музика

Зборовите и гитарите отсекогаш имале симбиотска врска. Не секогаш одлучувачки за покорувачките походи на бендовите и на кантаворите, а сепак, тие се последниот грам креативна тежина која пресудува дали артистот биде натпросечен или генијален. За да се сместат високо над линијата на медиокритетот, на групите им се доволни солидни стихови и феноменален звучен пристап. Кога […]

Threesome: Сонуваме за море во Белград

Постирано на 11/11/2011 од во Интервју

Групи што се пријавуваат за учество на “Битки на бендовите” се тапа, нели? Да, тоа не е кул, го поништува космичкото мачење и жртвување низ кое што мора да минат сите, ама баш, сите уметници. На крај, учеството на натпреварувачки фестивали не е хипстерски. Нормално, како и секој вид генерализирање, така и ова е бесмислено […]

Khuda – Iecava [Field, 2011]

Постирано на 05/10/2011 од во Албуми, Музика

Најочигледната специфичност на Khuda што, оправдано, сите најпрво ја забележуваат е дека се работи за бенд составен од два члена. Само по себе, тоа привлекува внимание и вчудоневиденост што групи со стандардна, три или четиричлена, постава не можат да ги предизвикаат. Одушевеноста се удвојува штом слушнете колку бучавата, создадена од гитарско-тапанското дуо од Лидс, лесно […]