12/12/2017

Deafheaven – New Bermuda [ANTI-, 2015]

Постирано на 04/12/2015 од во Албуми, Музика

Кога за извесна група градам став, додека задолжително и барем половично, ја преслушувам, си се забавувам поставувајќи си прашања. Меѓу тие што почесто ги повторувам е тоа дали артистот е повеќе – автентичен или уверлив. Бездруго, бендот што го жирирам може истовремено да отскокнува во обете категории. Тие ситуации, сепак, се природна реткост. Затоа, кога […]

Old Man Gloom – The Ape of God [Profound Lore, 2014]

Постирано на 10/12/2014 од во Албуми, Музика

Катран сигурно сте виделе. Ако не, веројатно сте чуле за терминот. Истиот не се користи за именување на скопскиот воздух иако поради него често сме убедени оти устата ни е преполна со темна смола што никогаш не се доџвакува. Зифтот, како што Турците ни оставиле разговорно да го нарекуваме, е краен производ од сува дестилација […]

ISIS – In the Absence of Truth [Ipecac, 2006]

Постирано на 13/09/2014 од во Репост

Повторувањето е мајка на знаењето. Ако учите за испит, можеби, ама во музичка смисла, ваквите трикови значат пропаст. Според светите записи, од артистите се очекува да внесуваат динамика, разновидност и живост во сопствениот звук и да бегаат од репетицијата како што демоните ги виткаат опашките пред Џон Константин од закон-стрипот Hellblazer. Бостонскиот состав Isis, пак, […]

Russian Circles – Memorial [SH, 2013]

Постирано на 30/10/2013 од во Албуми, Музика

До пред некоја година ниту на дно од черепот не претпоставував дека ќе размислувам, а камо ли оти и ќе осмислувам видеоигра-шеми за физички да избегнувам споменици. Какви и да биле, кога и да сум ги открил или каде и да сум ги сретнал, отсекогаш сум ги земал здраво за готово. Логиката ми беше проста: […]

Pelican – Forever Becoming [SL, 2013]

Постирано на 25/10/2013 од во Албуми, Музика

Во светот на инструменталната музика конкретноста не е баш карактеристика поради која се добиваат пофалби. Јавниот консензус е дека, со тоа што нема вокал и стихови кои би ја доразвивале севкупната приказна, ваквиот израз мора да биде повозбудлив, поекспериментален и попрогресивен. Свесно ослободена од човечки глас, оваа форма, едноставно, е принудена неколкупати попосветено да бара […]

The Ocean – Pelagial [Metal Blade, 2013]

Постирано на 23/09/2013 од во Албуми, Музика

Непромислен ризик превземаат бендовите кога одлучуваат да изработат звучна слика на една, единствена, џиновска и осамена, идеја. Кога е во прашање чувство, степенот на рискантност скока до небо. Тука не мислам на емоции што подмачкано влегуваат во графи. За љубов и омраза, среќа и тага, фрустрација и егзалтација, за сè помеѓу и за сè над […]

Cult of Luna – Vertikal [IR, 2013]

Постирано на 21/01/2013 од во Албуми, Музика

За самопрогласен фанатик на научно-фантастичниот жанр и дистописката тема, имам гигантски кратер во солидната гледачка биографија: очиве сè уште не сум ги наградил со “Метрополис” на Фриц Ланг. Близу до исправањето на пропустов дојдов пред две години, кога ремек-делото се проектираше придружувано со изведба на Македонската филхармонија. Обврски, буџетски ограничувања и останати опипливи и измислени […]

Neurosis – Honor Found in Decay [Neurot, 2012]

Постирано на 01/11/2012 од во Албуми, Музика

Додека разгледував фотографии од потопот што Сенди, брилијантиски насловениот ураган, го оставаше зад себе, инстинктивно, раката го довлечка маусот до фолдерот со Honor Found in Decay, новиот студиски албум на Neurosis. Пусти улици. Поплавени квартови. Џиновски бранови. Разурнување од шокантни размери. Луѓе кои втренчено ѕурат во јагленосаните скелети на сопствените домови. И на животите, веројатно. […]

Rwake – Rest [Relapse, 2011]

Постирано на 18/11/2011 од во Албуми, Музика

На скалилата на оценување кои жестоки бендови колку ми се допаѓаат, горе, на самиот врв, ако не и на пиедесталот, се тие што поседуваат првобитна, злобна, енергија. Не зборувам за Cookie Monster метал, што, необјасниво, во исто време може да биде и страшно и смешно. Се работи за сеопфатно чувство што групата го емитира, а […]

Пет супер свирки на Cinedays

Постирано на 11/11/2011 од во Настани

Откако Скопскиот филмски фестивал се претвори во смејурија што ниту насмевка не може да изнуди, во македонскиот главен град се отвори кратер кога се во прашање овој тип културни собири. За редовно одење во кино можеби нема интерес, но салите се секогаш полни за време на вакви манифестации. Не зачудува, уствари, извонредно е што Cinedays […]

Khuda – Iecava [Field, 2011]

Постирано на 05/10/2011 од во Албуми, Музика

Најочигледната специфичност на Khuda што, оправдано, сите најпрво ја забележуваат е дека се работи за бенд составен од два члена. Само по себе, тоа привлекува внимание и вчудоневиденост што групи со стандардна, три или четиричлена, постава не можат да ги предизвикаат. Одушевеноста се удвојува штом слушнете колку бучавата, создадена од гитарско-тапанското дуо од Лидс, лесно […]

Intronaut – Valley of Smoke [Century Media, 2010]

Постирано на 29/03/2011 од во Албуми, Музика

Металот не е познат по суптилноста. Претераноста – инструментална, вокална, стилска – во овој правец е секогаш понагласена отколку во останатите жанрови што си имаат работа со гитари и со дисторзија. И така треба да биде. Дури и по цена таа пренагласеност да ги поттикне инди-интелектуалците да се впуштаат во анализи за фрапантната антикулоќа и […]