19/08/2018

Faith No More – Sol Invictus [Ipecac, 2015]

Постирано на 01/09/2015 од во Албуми, Музика

Сериозноста, во рокенролот, може да биде пристоен плус или дебел минус. Под р’н’р тука подразбирам секаков стилски израз каде што гитарите го водат орото. Без разлика дали е во прашање фрагилно инди или бестијален грајндкор, ако тие што го потпишале, тоа го направиле со крут, озбилен, како од интернат изваден, краснопис – најверојатно истото ќе се забележи. […]

Foo Fighters – Sonic Highways [RCA, 2014]

Постирано на 24/12/2014 од во Албуми, Музика

Минливоста на животот, која некогаш е проколнато неподнослива, се чини дека изминативе неколку години на Дејв Грол често му е на ум. Не сме другарчиња блиски уште од забавиште, додуша, ниту време сум нашол да се запознаеме (да де, бидејќи сè од мене зависи), ама по малку ми изгледа оти се опседнал со ова прашање. […]

The War on Drugs – Lost in a Dream [Secretly Canadian, 2014]

Постирано на 16/12/2014 од во Албуми, Музика

Електричната соло-гитара не е мудар избор доколку сакате да бидете во милост или да наидете на одобрување од модерната, критичарска, онлајн-елита. Ако, пак, изберете со неа да ги канализирате кантавторските идеи, застрашувачки се зголемува опасноста за игнорирање или за исмевање. Марк Нофлер, на пример, нема статус само на легенда на наведениот инструмент, туку општо, на […]

Wye Oak – Shriek [Merge, 2014]

Постирано на 12/12/2014 од во Албуми, Музика

Врескот, крик, писок или крескање и црекнување, сите овие зборови би можеле да се употребат за да се преведе насловот на новиот албум на американскиот бенд Wye Oak. Ниту еден од нив, пак, не се приближува до формата и духот, а уште помалку до тоналитетот со којшто Shriek им се обраќа на слушателите. Шеќерот, со […]

Opeth – Pale Communion [Roadrunner, 2014]

Постирано на 27/11/2014 од во Албуми, Музика

Дозволено ли им е на музичарите да бидат искрени, отворени, страстни, фанови? Или можеби попрецизно, до кој степен смеат да ја искажуваат сопствената фасцинација на слушатели во моментите кога ја исполнуваат улогата на автори? Прашањата воопшто не се реторички. Ако сите го знаеме одговорот базиран на консензус – дека секогаш се претпочитаат тие што се […]

Real Estate – Atlas [Domino, 2014]

Постирано на 24/11/2014 од во Албуми, Музика

Изразот што го практикува бендот со потекло од американската сојузна држава Њу Џерси, а сега сместен во Бруклин, Real Estate, уште од основањето во 2009 година беше интелигентен и образован, ама и неверојатно воспитан. Под тоа се подразбира впечатокот дека триото што го создава нема намера да се откаже од добрите манири иако сигурно се […]

Jessie Ware – Tough Love [Island, 2014]

Постирано на 30/10/2014 од во Албуми, Музика

Не постојат завиден број ѕвезди или, ако ништо друго, музички изведувачи свесни оти некогаш ќе го достигнат овој статус, кои избираат да бидат прибрани, да ја одбиваат фамата како што се бега од лепра и да не џавкаат колку (слепо) ги следат трендовите. Ако се знае дека селебрити-позицијата е најмногу перцепција, а најмалку есенција, од […]

Spoon – They Want My Soul [Loma Vista, 2014]

Постирано на 16/10/2014 од во Албуми, Музика

Кога некој „си свирка“, барем ние тука, во преполнава со басни Македонија, сакаме да кажеме оти некому „ич не му чуе“. Или да не користам една за да објаснам друга фраза – мислиме на луѓе кои воопшто не се заинтересирани. За ништо и за никого. Селото кај и да е ќе изгори, тие не го […]

Mastodon – Once More ‘Round the Sun [Reprise, 2014]

Постирано на 25/09/2014 од во Албуми, Музика

Убеденоста дека можат да бидат значително повозбудливи и покреативни, но решаваат да „брилјираат во нормалноста“ е еден од најзезнатите стадиуми што често ги достигнува врската обожавател (или следбеник, слушател, почитувач) – одреден бенд. Особено ако на тапет е состав што недвосмислен потврдил, всушност, подолго време бил фактички лидер во поширокото поле на жанрот што го […]

ХАХАХА – Сами мажи и жени [Moonlee, 2014]

Постирано на 08/09/2014 од во Албуми, Музика

Ако се најдете пред свршен чин да донесете одлука, замислете, дали би избрале вашето дете да се вика Светомир? Не мора, еве, да се работи за решение под принуда ниту да е во прашање некое пресекување изнудено од бирократска бизарност како измислена за влегување во фолклорот. Да речеме, имате време. Можете темелно да размислите, да […]

Chk Chk Chk: Не арчиме премногу време навраќајќи се на минатото

Постирано на 19/05/2014 од во Интервју

Рокенролот одамна не е музика создадена исклучиво за уживање. Кога албуми од изведувачи со гитари и со минимална дисторзија в рака се оценуваат, се гледа колку се умни, оригинални, промислени, како проникнуваат низ актуелната политичка, економска и културолошка ситуација и дали сè тоа на куп држи вода или е подобро низ неа само да се […]

Dog Eat Dog: Целта не ја погодуваме секогаш, но никогаш не се плашиме да се испробаме

Постирано на 12/05/2014 од во Интервју

Во средината на 90-тите години, Dog Eat Dog беа дебитанти на музичката сцена што, сепак, не си спречи набрзина да станат MTV бенд. Тогаш на овој канал спотовите и песните беа главна тематика, а не реалните шоуа, и затоа оваа квалификација не би можела да се смета за навреда. А и онака, во период кога […]