23/08/2017

Bernays Propaganda – Политика [Moonlee, 2016]

Постирано на 04/04/2016 од во Албуми, Музика

„Не ме интересира политика“ е изјава која често се слуша во Македонија без разлика што се кажува во земја каде што е исполитизирано речиси сѐ – од садење патлиџани до организирање панаѓури. Бездруго, не сме само ние такви. Колку за илустрација, и во осамената светска империја, САД, над 100 милиони луѓе периодов не се потресуваат […]

Фонија – …без име [2015]

Постирано на 30/11/2015 од во Албуми, Музика

Сакам експерименти, обожувам бучава од контролиран хаос, ама подеднакво силно ме исполнуваат и прости, соголени, приземни песни. Без дилема, претходно нечуен спој од жанрови ја влече музиката напред. За да се случи ваква уникатна фузија, потребни се талент, визија, вештина и масивна доза среќа. Во ниту еден миг, пак, ова не значи дека занаетот на […]

Tau Cross ‎- Tau Cross [Relapse, 2015]

Постирано на 17/11/2015 од во Албуми, Музика

Панкот и духовноста, по правило и дефиниција, не се компатабилни. Првиот, сè наоколу гледа низ објектив на нихилизмот. Втората, во сè над, под, лево и десно се обидува да пронајде инспирација. Едното е родено како реакција на лажното. Другото често ја открива вистината во конструкции базирани на измислици и на лага, а не на факти […]

Wolf Alice – My Love Is Cool [Dirty Hat, 2015]

Постирано на 13/11/2015 од во Албуми, Музика

Лиса Џерард, веднаш, во првата секунда, ми светнува во ум штом Ели Раусел, вокалистката на Wolf Alice, кротко ќе го повика љубовникот – или симпатијата – баш на неа да ги задржи неговите (или нејзините) бисерни очи на првата трака од My Love Is Cool. Како и пејачката со божествен тон на Dead Can Dance, […]

ANNA O. – Подочњаци [Кран, 2015]

Постирано на 10/11/2015 од во Албуми, Музика

Траорноста, ми се чини, е состојба исконски поврзана со просторите каде што, нели, е роден и самиот космос – македонските! Ќе си речеш, територии со библиско значење повеќе би биле синоним за радост (и за гринфилд странски инвестиции), отколку за жал и кобност. Историјата, сепак, дава поинакви примери. Област и луѓе наклонети на среќа не […]

Coliseum – Anxiety’s Kiss [Deathwish, 2015]

Постирано на 04/11/2015 од во Албуми, Музика

Ѕидовите, особено на Балканот, се корисна подлога за пишување извонредни изблици на бес, препукување меѓу плакатолепачи на партии и, не така ретко – што е добро – за генијалности од неколку зборови. Последна таква чкрабаница, со која и се изнасмеав, и си подразмислив, беше “И пост-панкери су панкери“. Испрскана со спреј во којзнае кои вампирски […]

Refused – Freedom [Epitaph, 2015]

Постирано на 26/10/2015 од во Албуми, Музика

Креативниот израз е извонредно широка нива за редовно одржување панаѓури на суетата. Во било која форма, авторството го буди егото кај поединците и од нив прави мечки нападнати од глад како по долг, студен, зимски сон. Повеќе од што друго, тие се опседнати со одбраната на сопствениот потпис. Бендовите, со оглед дека се збир од […]

Mutoid Man – Bleeder [Sargent House, 2015]

Постирано на 22/10/2015 од во Албуми, Музика

Промо-спотот за Bridgeburner, песната што го отвора албумот Bleeder, содржи момент што најкусо и најсликовито го опишува лонгплеј дебито на Mutoid Man. Најпрво, Ник Кејџио удира длабок, пештерски, тон на басот и остава жиците да одѕвонуваат со дисторзија. Истото неколкупати го повторува со мали варијации. Во меѓувреме, Стивен Бродски ја згуснува тензијата со фонија од […]

Sleater-Kinney – No Cities to Love [Sub Pop, 2015]

Постирано на 14/10/2015 од во Албуми, Музика

Феминизам. Да повторам: феминизам! Така, сега се подрасчисти гужвата и од осум, блогов моментно има четири читатели. Немам прецизни статистики, но од ѓутуре, за половина од луѓето на кои ќе им го споменете, овој збор е пострашно „бу“ и од „вештерката“ или од „старо купуем“. Нема дилема, суштината на тој уплав е она што терминот […]

Hardfaced – Dying Lake [Diehard, 2014]

Постирано на 14/09/2015 од во Албуми, Музика

Доволно е да се погледне само една од илјадниците фотографии што ги има на „сајтот на Гугал“ за да се заклучи дека Охрид и истоименото езеро без мака се вклопуваат во глобалната замисла за перфектни, уникатни, локации на Земјата. Градот, водената површина, како и планините и природата околу неа, го чепкаат оној дел од човекот […]

High on Fire – Luminiferous [eOne, 2015]

Постирано на 07/09/2015 од во Албуми, Музика

Теории на заговор последен пат ме интригираа при крај на средно училиште. Тие се годините кога буричкаш, или барем кога е здраво и пожелно, во сè и сешто. Додека се запишав на факултет се оддалечив од конспирациите. Разумот, оној пристојно поткован со информации, не може предолго да издржи небулози. На книгите со светски и космички […]

Faith No More – Sol Invictus [Ipecac, 2015]

Постирано на 01/09/2015 од во Албуми, Музика

Сериозноста, во рокенролот, може да биде пристоен плус или дебел минус. Под р’н’р тука подразбирам секаков стилски израз каде што гитарите го водат орото. Без разлика дали е во прашање фрагилно инди или бестијален грајндкор, ако тие што го потпишале, тоа го направиле со крут, озбилен, како од интернат изваден, краснопис – најверојатно истото ќе се забележи. […]