19/06/2018

Conquering Lion – Revelation [Password, 2013]

Постирано на 27/01/2014 од во Албуми, Музика

Локалпатриотизмот е особина вирално раширена на нашиве простори, а во неа никогаш не сум можел да најдам и зрно интерес. Да беше Троја позиционирана во Македонија или на Балканот, војната во хомеровата „Илијада“ немаше да се води поради киднапирањето на Елена туку затоа што противниците сакале да докажат која земја, град или – за мене […]

Outlaw – This Is How They Look At Us [Diehard, 2013]

Постирано на 24/01/2014 од во Албуми, Музика

Често се занимавам со дилемата каков став да изградам за млади бендови кои и покрај сите препреки што сигурно им се натрупуваат успеваат да напишат и да издадат деби-албум. Недоумицата не е во поглед на оценката – таа и онака не би можела да ја достигне тежината и деталноста на текстот – туку дали однапред […]

Топ 10 МК албуми во 2013

Постирано на 30/12/2013 од во Статија

Домашната, непанаѓурска, антиестрадна, самостојна музичка сцена лани бруеше. Тоа се преслика во над 40 авторски студиски збирки креирани, снимени и издадени далеку од турбоизираниот меинстрим којшто – бидејќи се изнаплака како мало дете – доби и силна, налик на родителска, буџетска поддршка. Не, ова не е научна-фантастика, во морето од субвенции и за нив беше […]

Shock Troopers – Лешинари [Diehard, 2013]

Постирано на 24/12/2013 од во Албуми, Музика

Гневот, онаа силна, вулканска лутина што сите барем некогаш сме ја почувствувале, со текот на времето прераснува во состојба од која се дистанцираме, што ја оттурнуваме или дури ѝ се потсмеваме. Надраснувањето или во општествено прифатливи термини кажано – созревањето – е едно од објаснувањата за оваа промена. Другото би можело да биде стерилизацијата што […]

Fighting Windmills – Рапсодии во празно [ROOR, 2013]

Постирано на 19/12/2013 од во Албуми, Музика

Затруената општествена, политичка и меѓучовечка состојба, во каква што Македонија последниве години сè подлабоко зацапува, е особено измачувачка за духот. Природна, прва и инстинктивна, реакција на ширењето на овој пелин е желбата за грабнување и за бегање со следниот лет (не мора ниту да е од евтините, само да е нареден на распоред). Пред тие […]

Под ова небо железно „Архангел“ се претвори во сениште

Постирано на 13/12/2013 од во Колумни

Пресвртниот, оној фамозен, концерт во првата хала на Скопски саем во 1998 година го искусив како тазе завршен средношколец и пресно запишан факултетлија. За камбекот што бендот го направи на истата локација во 2005 година мастилото на дипломата со број 666 одвај се беше засушило и кампањата за настапот ја набљудував скептично од агол на […]

Culture Development – You, Me and Nobody Else [Направи заедно, 2013]

Постирано на 04/12/2013 од во Албуми, Музика

Фразата „на долг рок“ официјално постои во македонскиот јазик. Пополнува редови во лексикони. Се појавува во речници каде што е преведена нејзината странска форма. А сепак, речиси и да нема основа во нашата реалност. Политичарите знаат понекогаш да ја излигават низ поганите усти во форма на ветување од кое ќе се чувствувате стоплени како во […]

No Joy: Шворц-музичари сме, ама уживаме

Постирано на 15/11/2013 од во Интервју

Прибраноста и приземноста со која што себеси се перцепираат рок и поп-авторите од независните сцени во земјите далеку поразвиени од Македонија ме смее секогаш кога имам прилика да им поставам неколку прашања. Тогаш се присетувам на овдешните квазиславни ликови кои не се способни ниту да одглумат дека имаат талент, а камо ли вистински да го […]

Efterklang во „Фросина“: Природен спој на простор и време

Постирано на 12/11/2013 од во Концерт, Музика

Бендовите најчесто не се потресуваат каде настапуваат. Најголем дел од нив ниту можат да си дозволат таков луксуз. Да беа придружниот состав на Боно Вокс ќе имаа огромен бел лист што ќе го пополнуваа со својот список од разгалени желби. Имајќи предвид оти не продаваат катаљарда плочи во минута и не пијат пиво со претседателот […]

Foolish Green: Талентите во Македонија се деликвенти и одвај преживуваат

Постирано на 08/11/2013 од во Интервју

Авторската музика што навистина – до гола суштина – вреди одамна е загрозен вид во Македонија. Во ова друштво принудно стеснето од ниски пориви и паланечки потреби опстојува уште помал кружок потписници на оригинални дела кои веднаш, со самото деби во јавноста, звучат самоуверено, изострено и стегнато. Тие не се ограничени или за навек издефинирани. […]

SJF 2013: Напред кон историјата

Постирано на 28/10/2013 од во Колумни

Градењето пиедестали за да се издигне, а потоа и на нив да се изведуваат ритуали со кои минатото се повикува да се врати е комично и беспредметно. Погледнете што им се случи на Египќаните. Вложија тони скап камен и армија безвредни човечки животи, а Гру им ги украде додека тие спиеја со стомак подуен од […]

A Place to Bury Strangers во МКЦ: Војна во надгласување

Постирано на 15/10/2013 од во Концерт, Музика

Агресивната бучава од каков било вид или, пак, хаотичноста во музиката се начини за затскривање нечија неспособност за пишување песни. Ова е лесен, непоткрепен или во најмала рака, произволен заклучок. И во него може да има вистина, но тоа не е општо, а не е ниту генерално правило. Најдобро, секако, е да се суди индивидуално, […]