19/10/2017

Culture Development – Еднаш свет изградив… [Дип / Кран, 2015]

Постирано на 07/04/2016 од во Албуми, Музика

Врските, човечките, не фејсбуковските, се особено замрсен факт во животот. Тие не се собираат, одземаат, делат или множат како бројките и буквите во алгоритамот на Марк Закерберг. Равенките и командите што се смислуваат под негов надзор веројатно ќе се усовршуваат до негдоглед за да предвидат што сакаме во „тајмлајнот“ уште пред сами да го посакаме, […]

Bernays Propaganda – Политика [Moonlee, 2016]

Постирано на 04/04/2016 од во Албуми, Музика

„Не ме интересира политика“ е изјава која често се слуша во Македонија без разлика што се кажува во земја каде што е исполитизирано речиси сѐ – од садење патлиџани до организирање панаѓури. Бездруго, не сме само ние такви. Колку за илустрација, и во осамената светска империја, САД, над 100 милиони луѓе периодов не се потресуваат […]

Фонија – …без име [2015]

Постирано на 30/11/2015 од во Албуми, Музика

Сакам експерименти, обожувам бучава од контролиран хаос, ама подеднакво силно ме исполнуваат и прости, соголени, приземни песни. Без дилема, претходно нечуен спој од жанрови ја влече музиката напред. За да се случи ваква уникатна фузија, потребни се талент, визија, вештина и масивна доза среќа. Во ниту еден миг, пак, ова не значи дека занаетот на […]

ANNA O. – Подочњаци [Кран, 2015]

Постирано на 10/11/2015 од во Албуми, Музика

Траорноста, ми се чини, е состојба исконски поврзана со просторите каде што, нели, е роден и самиот космос – македонските! Ќе си речеш, територии со библиско значење повеќе би биле синоним за радост (и за гринфилд странски инвестиции), отколку за жал и кобност. Историјата, сепак, дава поинакви примери. Област и луѓе наклонети на среќа не […]

Green Out – Рапаноја [Шурикен, 2014]

Постирано на 24/09/2015 од во Албуми, Музика

Снимките од „Јутел“ повремено ми трепкаат во глава и ме потсетуваат како Балканот од почетокот на 90-тите наваму живее исклучиво заглавен во пораз. Македонија, по сè изгледа, предничи во оваа категорија на пропаѓање. Изминативе девет и кусур години, пак, обзема чувството дека не само што победата – некаква – не ја гледаме, туку ниту од […]

Hardfaced – Dying Lake [Diehard, 2014]

Постирано на 14/09/2015 од во Албуми, Музика

Доволно е да се погледне само една од илјадниците фотографии што ги има на „сајтот на Гугал“ за да се заклучи дека Охрид и истоименото езеро без мака се вклопуваат во глобалната замисла за перфектни, уникатни, локации на Земјата. Градот, водената површина, како и планините и природата околу неа, го чепкаат оној дел од човекот […]

Страјк – Земен рај [Шурикен, 2015]

Постирано на 03/09/2015 од во Албуми, Музика

Ако за нешто можеме да ѝ бидеме благодарни на Македонија – освен за патлиџаните, пиперките и лубениците – тоа е инспирацијата. Не верувам, барем не религиозно, дека во најодвратните услови се раѓа најпрекрасната уметност. Тогаш, креативецот мора да дејствува дупло – да цркне од работа за да преживее и да се издигне од состојбата на […]

ХАХАХА – Сами мажи и жени [Moonlee, 2014]

Постирано на 08/09/2014 од во Албуми, Музика

Ако се најдете пред свршен чин да донесете одлука, замислете, дали би избрале вашето дете да се вика Светомир? Не мора, еве, да се работи за решение под принуда ниту да е во прашање некое пресекување изнудено од бирократска бизарност како измислена за влегување во фолклорот. Да речеме, имате време. Можете темелно да размислите, да […]

Дивизија – Втора шанса [Шурикен, 2014]

Постирано на 29/05/2014 од во Албуми, Музика

Суштински, во коренот, рапот е локална работа. Маалска, улична, дворо-школска или зградо-влезна. Во ера кога Кимје се распостила на секоја хартиена и онлајн насловна страница, кога Дре за три милијарди долари ја продава својата фирма за „дизајнерски слушалки“ (мхм, секако, еве „Зенхајзер“ се пали масовно) и The Roots имаат вечерна свирка на дневна база кај […]

Chk Chk Chk: Не арчиме премногу време навраќајќи се на минатото

Постирано на 19/05/2014 од во Интервју

Рокенролот одамна не е музика создадена исклучиво за уживање. Кога албуми од изведувачи со гитари и со минимална дисторзија в рака се оценуваат, се гледа колку се умни, оригинални, промислени, како проникнуваат низ актуелната политичка, економска и културолошка ситуација и дали сè тоа на куп држи вода или е подобро низ неа само да се […]

Dog Eat Dog: Целта не ја погодуваме секогаш, но никогаш не се плашиме да се испробаме

Постирано на 12/05/2014 од во Интервју

Во средината на 90-тите години, Dog Eat Dog беа дебитанти на музичката сцена што, сепак, не си спречи набрзина да станат MTV бенд. Тогаш на овој канал спотовите и песните беа главна тематика, а не реалните шоуа, и затоа оваа квалификација не би можела да се смета за навреда. А и онака, во период кога […]

Conquering Lion – Revelation [Password, 2013]

Постирано на 27/01/2014 од во Албуми, Музика

Локалпатриотизмот е особина вирално раширена на нашиве простори, а во неа никогаш не сум можел да најдам и зрно интерес. Да беше Троја позиционирана во Македонија или на Балканот, војната во хомеровата „Илијада“ немаше да се води поради киднапирањето на Елена туку затоа што противниците сакале да докажат која земја, град или – за мене […]