12/12/2017

Furion – Thrashing Folks [Diehard, 2013]

Постирано на 10/07/2013 од во Албуми, Музика

Почетокот на 90-тите години, делумно поради сè посилното зграпчување од западната култура и воглавно како резултат на регионалните оргазми од распадот на Југославија, на површината исфрли реки со гомнарии. Најголем дел од нив, сосема предвидливо, сè уште ни течат по улиците, институциите, фирмите и ни се влеваат во домовите. Сето ова, несомнено, е штетно за […]

Elena Hristova & Goran Trajkoski – Bioscopia [SJF, 2011]

Постирано на 14/10/2011 од во Албуми, Музика

Кога ќе се појави нова етно-група, кога ќе се испили соло-артист или кога ќе излезе тазе албум со обработки или интерпретации на македонски традиционални песни, често знам гневно, во себе, да се запрашам: До кога бе? Некоја секунда подоцна, пак преку безгласен монолог, ќе си се потсетам дека реакцијата ми е крајно неоснована. За тоа […]

Верка – Моторни песни [2010]

Постирано на 24/12/2010 од во Албуми, Музика

Секој што имал моторна пила во рака, наречена “џага” на делчевски, знае дека со оваа алатка нема зезање. Од мигот кога ќе го повлечете јажето за да стартува дизел-агрегатот што го движи сечилото, што наликува на велосипедски ланец, а е доволно убиствено за со него да се извршуваат масакри во Тексас, не смее да попушти […]

Верка: “Mоторни песни” e албум-чекан

Постирано на 21/12/2010 од во Интервју, Музика

Освен за добри журки, денсинг салата во Младинскиот културен центар во Скопје најчесто е заслужна за уништување на првиот впечаток што одреден бенд сака да го остави кај публиката. Пред девет години, на тогашниот “Лузер фест”, барем во мои очи и уши, “Верка” ја имаше таа несреќна судбина. Јасно беше дека бендот има нешто посебно […]

Љубојна: Во музиката не постои модерно и немодерно

Постирано на 20/12/2010 од во Интервју, Музика

Фото: Татјана Ранташа Луѓето си наоѓаат мал милион, свои, лични, начини за дефинирање на посебноста на одредена музичка група или изведувач, но веројатно повеќето би се согласиле дека еден од најочигледните е леснотијата. Леснотијата во смисла дека напишаното и потоа отсвиреното, без фанфари си го наоѓа патот до слушателот. Леснотијата во смисла дека иако на […]