12/12/2017

SJF 2013: Напред кон историјата

Постирано на 28/10/2013 од во Колумни

Градењето пиедестали за да се издигне, а потоа и на нив да се изведуваат ритуали со кои минатото се повикува да се врати е комично и беспредметно. Погледнете што им се случи на Египќаните. Вложија тони скап камен и армија безвредни човечки животи, а Гру им ги украде додека тие спиеја со стомак подуен од […]

20.000 евра под морето од субвенции

Постирано на 05/08/2013 од во Колумни

Македонската естрада е друштво што создава поп-музика која, не само поетски, туку и фактички е мртва уште пред да се роди. Членовите на оваа збирштина, без разлика што не можат и себеси да се залажат да веруваат во спротивното, се и здодевни плачковци. Читајќи чат-пат интервју или изјава за да уловам врвен метафизички бисер изминативе […]

Солидарност за бадијала

Постирано на 29/07/2013 од во Колумни

Претенциозно е да кажам отсекогаш, но одамна верувам дека одењето на концерти или најконкретно, купувањето билети за нив, е влог. Пред сè, личен, а потоа и општествен. Особено во мали, затворени, средини како нашава, каде што спрегата на заостанатоста е најкорисен алат за злоупотреба и манипулација од моќниците, посетувањето свирки е инвестиција во градење и […]

Република Турбо-фолкдонија

Постирано на 15/07/2013 од во Колумни

Актуелните водачи на нашата племенска судбина освен што сакаат да ги сечат едно по едно, сред бел ден и со ладнокрвност како божем пак растат за 24 часа, дрвата сериски ги користат за да ја сокријат општествената прашума во која што некое време живееме. Најтазе пример: воскликот дека Цеца и Аца Лукас се избркани од […]

Крик за спас на џез (ФМ) заедницата

Постирано на 26/06/2013 од во Колумни

Заедница е убав збор. Прæубав. Буквите наредени во него не се само лексика. Тие поттикнуваат. Будат чувство на сигурност. Овој термин е основа за пополнување на личната карта и на пасошот. Тој нè здомува. Со негова помош ја добиваме или самите си ја пронаоѓаме припадноста. Кога шетаме, кога патуваме, кога си одиме за да не […]

OFF-Fest 2013 – Висока школа по музика на светот

Постирано на 10/06/2013 од во Колумни

Кој е најдобар начин за прво искусување на музиката? На ова прашање често се навраќам. Одамна го знам одговорот, меѓутоа, секогаш ме исполнува процесот на про-форма преиспитување применет на различни поводи или во поинакви опружувања. Дали доживувањето е најефективно ако пријател со забележителна страст во очите зборува за бенд и те поттикне да дотрчаш дома […]

Поздрав до младата и жива култура

Постирано на 22/05/2013 од во Колумни

Бетонот, бронзата и гипс-картонот изминативе години се фиксираа во врвот на дневно-политичката агенда на Македонија. Тие станаа Свето Тројство во кое се крстат сите што на масите катадневно им дилаат идеолошки опијат и попат тврдат дека ја градат нацијата, го зацврстуваат идентитетот и ја воздигнуваат културата. Во дневникот на небулозноста, секоја од овие пропагандистички пароли […]

Скопски џез-фестивал 2012: Славење на слободниот израз

Постирано на 24/10/2012 од во Колумни

Водејќи се од фанатичната потреба за поништување на ограничувањата, менување на правилата и за предизвикување на однапред вкопаните очекувања на публиката, џезот отсекогаш бил мета подеднакво интересна за гаѓање со фасцинација и со отфрлување. Величествен, според леснотијата со која што големите вистини и чувства ги претвора во звук, а истовремено, приземен, оти тоа го прави […]

Enabler – All Hail the Void [Southern Lord, 2012]

Постирано на 08/10/2012 од во Албуми, Музика

Морничаво сликовитата, живописна, а во исто време, јагленосано црно-бела обвивка на All Hail the Void, вториот албум на Enabler, ме врати во времето кога читав фанзини. Нарачани по пошта, платени со пари завиткани во индиго-хартија за да не ги фатат при скенирање во царина (никогаш не открив дали е трик или помага), тие беа примитивен, […]

По еден албум за секој панаѓур

Постирано на 26/09/2012 од во Колумни

Фестивали за сите годишни времиња. Споменици. Јади за секакви потреби (пример: пивтијада). Пак споменици. Панаѓури за сечиј (празен) џеб. Споменици, повторно. И така во линија – што интуитивно претчувствуваме оти нема крај – лесно се протегаат културните случувања во нашево самопрогласено јадро на универзумот. Збиени во врзоп, со буџет на претек и рекламирани со елан […]

Како повторно го открив цедето

Постирано на 13/07/2012 од во Колумни

Илјадници години еволуција (или најтазе шемаџискиот интелигентен дизајн), а човекот пак е роб окован за навиките. Тие се менуваат, нераздвојноста од нив е константа. Раѓајќи се, развивајќи се и изумирајќи, овие бескрајни кругови на зависноста, свесно или незабележително, го контролираат мнозинскиот пакет на нашите животи. Тешко оти тоа ќе го признаеме, сепак, најслатка ни е […]

Хипстер блек-метал: Да или не?

Постирано на 23/11/2011 од во Колумни

Од сите можни музики, изминатиов период најчудно ми е што баш блек-металот е особено високо на пиедесталот на воздигнување во светските храмови на хипстер-културата. Низа влијателни онлајн-медиуми се во првите борбени редови на ова кампањско создавање фама околу жанрот, но тука предничи Pitchfork, централната куќа на богослужение во хипстеријанството. Свештениците од оваа црква, само во […]