23/08/2017

Anchorman 2: Легендата нагло (де)ескалира

Постирано на 19/03/2014 од во Филм

Мизерната, понижувачка, состојба во која што македонските медиуми се киднапирани и претворени во памфлети навредливи за интелигенцијата им е позната на сите што сè уште ја сакаат, ја воздигнуваат и неизмерно ја ценат општествената моќ на слободата. Останатите цареви на релативизирањето не се заинтересирани за вакви теми кои не ги пипкаат со прсти и не […]

Django Unchained: Разуздана кинематографија

Постирано на 25/01/2013 од во Филм

Откако реши да ја замени кариерата на видеотекар со таа на филмаџија, еден термин е асоцијација за Квентин Тарантино – контроверзен. Оваа класификација му лежи сосема приридно, таа е најлогична доколку се погледнат сите негови дела од дебито “Касапски пци” до денес, а сепак, ако застанете и размислите за секунда, тешко е да се избере […]

Rock of Ages: Мјузикл со поминат рок на траење

Постирано на 29/11/2012 од во Филм

Фасцинацијата со поп-културата, особено со меинстрим музиката, од 80-тите години никогаш не ми била блиска. Датумот на раѓање, или поточно, периодот што се смета за клучен за обликување на мојот карактер, секако дека за тоа е највиновен. Настрана тоа што тинејџерството си го идентификувам со 90-тите, и ретроспективно консумирана, осмата деценија од 20-иот век не […]

Louie: Свиреп шегобиец

Постирано на 01/10/2012 од во Телевизија

Комедијата, не само, ама особено денес, се вбројува меѓу наједноставните и во исто време, најефикасни, издувни вентили. Стрес, проблеми, разочарувања, насобран гнев и што уште не, поттикнуваат многумина на пентарење планини, трчање ултрамаратони, кревање тегови, прпелкање на пилатес. Алкохолот и дрогата унапредуваат формули и пакување, ама за навек ќе останат резервен (или примарен) раствор на […]

The Expendables 2: Екстра акција на потрошна роба

Постирано на 29/08/2012 од во Филм

Ерата на ВХС-револуцијата во Македонија, што овозможи поголем дел од гаражите, подрумите и шупите експресно да се претворат во видеотеки, го донесе Западот во домовите со сите негови доблести и слабости. За маалски клинци како мене, растени во прав, кал и песок, тоа значеше неограничен полн пансион на чие мени најважно беше да има еден […]

Sherlock: Форензика на умот

Постирано на 21/06/2012 од во Телевизија

Ако може да ѝ се верува на Гинисовата книга на рекорди, а прилепските сармички се доказ дека нема причина да биде поинаку, Шерлок Холмс е најпортретираниот лик во историјата на филмот. Од 1900 година, кога симболично дебитира на лента, до денес, детективот бил одигран од 75 актери во повеќе од 210 остварувања. Како резултат на […]

Панкот не е мртов [2011]: Панкерите се пред изумирање

Постирано на 27/04/2011 од во Филм

Фото: Самир Љума Кога се појави кон крајот на 70-тите, панкот изгледаше дека ќе ја има силата да го издржи притисокот и да не се претопи во меинстримот. Откако и тоа чудо се случи, а се покажа и дека трае до денес, не само три дена, панкот се претвори во уште една од филијалите преку […]