19/08/2018

Spoon – They Want My Soul [Loma Vista, 2014]

Постирано на 16/10/2014 од во Албуми, Музика

Кога некој „си свирка“, барем ние тука, во преполнава со басни Македонија, сакаме да кажеме оти некому „ич не му чуе“. Или да не користам една за да објаснам друга фраза – мислиме на луѓе кои воопшто не се заинтересирани. За ништо и за никого. Селото кај и да е ќе изгори, тие не го […]

ХАХАХА – Сами мажи и жени [Moonlee, 2014]

Постирано на 08/09/2014 од во Албуми, Музика

Ако се најдете пред свршен чин да донесете одлука, замислете, дали би избрале вашето дете да се вика Светомир? Не мора, еве, да се работи за решение под принуда ниту да е во прашање некое пресекување изнудено од бирократска бизарност како измислена за влегување во фолклорот. Да речеме, имате време. Можете темелно да размислите, да […]

Chk Chk Chk: Не арчиме премногу време навраќајќи се на минатото

Постирано на 19/05/2014 од во Интервју

Рокенролот одамна не е музика создадена исклучиво за уживање. Кога албуми од изведувачи со гитари и со минимална дисторзија в рака се оценуваат, се гледа колку се умни, оригинални, промислени, како проникнуваат низ актуелната политичка, економска и културолошка ситуација и дали сè тоа на куп држи вода или е подобро низ неа само да се […]

Helms Alee – Sleepwalking Sailors [Sargent House, 2014]

Постирано на 03/04/2014 од во Албуми, Музика

Во една од најдобрите серијализирани СФ-драми на сите времиња, извонредно потценетата Star Trek: Deep Space Nine, има раса позната под името changelings. Суштински, станува збор за метаморфи кои можат да се претворат во практично кој било облик што ќе го посакаат, што е клучен за да преживеат или со којшто би направиле исчекор во врховната […]

Beck – Morning Phase [Capitol, 2014]

Постирано на 17/03/2014 од во Албуми, Музика

Вниманието што одредени музичари го привлекуваат со една, единствена, песна отпрвин е добредојден благослов што набргу прераснува во очај од којшто спас не носи ниту чај од Баба Рада. Особено во земја како Македонија, каде што не е во прашање лично согледување според кое само ти се чини оти застанало, туку времето инаетливо заостанува. Во […]

St. Vincent – St. Vincent [Loma Vista, 2014]

Постирано на 10/03/2014 од во Албуми, Музика

Ени Кларк можеби е чудак, уникат, дури и генијалец, но нереално е, ако ништо друго, барем не на прва топка, таа да се перцепира како тотем за журка. Уште од дебито од 2007 година, Marry Me, оваа кантавторка од Тулса, Аризона, скокна во врвот на современата независна сцена, ама со арт-интерпретација на рокот, не и […]

Broken Bells – After the Disco [Columbia, 2014]

Постирано на 03/02/2014 од во Албуми, Музика

Кога артистите ја пронаоѓаат златната креативна жичка уште на своето првенче претпоставувам оти за следбеникот им се испречени низа нијансирани дилеми кои можат да се сведат на две, основни, прашања: дали да газат напред или да прошетаат настрана. Без разлика дали се соло или колективни, изведувачите е најумно да продолжат со надминување на фронталните препреки, […]

Mogwai – Rave Tapes [Rock Action, 2014]

Постирано на 20/01/2014 од во Албуми, Музика

Размислувајќи со која активност, предмет или состојба би можел да го поврзам процесот на слушање албуми неочекувано заклучив дека тој мошне едноставно наликува на зближувањето со луѓето. Некои карактери, од старт, не можеме да ги поднесеме. Други, на почеток, нè тераат да се поставиме крајно неодредено. Има и такви, секако, кон кои уште од маалските […]

Топ 50 странски албуми во 2013 [25-1]

Постирано на 27/12/2013 од во Статија

Ако се обидам – што не значи дека ќе успеам – да го лоцирам најситното чувство кое е заедничко за сета музика што ја слушнав годинава тоа веројатно би била потполноста. Не е во прашање никаква комплексна филозофија туку импресијата дека плочите што ги вртев (за жал, не на грамофон) беа гранитни, компактни и неодвоиви […]

Топ 50 странски албуми во 2013 [50-26]

Постирано на 26/12/2013 од во Статија

Меинстримот, без разлика дали тој е отсликан во полупопуларни изведувачи или во екстремно славни ѕвезди, одамна не е репер за музичка напредност, веродостојност и најосновен квалитет. Самата припадност на артистите на оваа категорија никогаш не ме одвратила да ги слушам, меѓутоа, се чини дека и згора на тоа, годинава во врвот на топ-листите немаше којзнае […]

Efterklang во „Фросина“: Природен спој на простор и време

Постирано на 12/11/2013 од во Концерт, Музика

Бендовите најчесто не се потресуваат каде настапуваат. Најголем дел од нив ниту можат да си дозволат таков луксуз. Да беа придружниот состав на Боно Вокс ќе имаа огромен бел лист што ќе го пополнуваа со својот список од разгалени желби. Имајќи предвид оти не продаваат катаљарда плочи во минута и не пијат пиво со претседателот […]

Savages – Silence Yourself [Matador, 2013]

Постирано на 01/08/2013 од во Албуми, Музика

Некои, всушност, дури и премногу работи, погледи и начини на однесување, додека да трепнеме, безрезервно ги прифаќаме. Не потпрашуваме, ниту сомнеж искажуваме. Се закачуваме на возот на невидливите норми без да ни се појави дилема зошто воопшто се воспоставени. Применливо на сè од заплеткани политички прашања до најбанални активности, ова правило често нè води, а […]