19/10/2017

Bernays Propaganda – Политика [Moonlee, 2016]

Постирано на 04/04/2016 од во Албуми, Музика

„Не ме интересира политика“ е изјава која често се слуша во Македонија без разлика што се кажува во земја каде што е исполитизирано речиси сѐ – од садење патлиџани до организирање панаѓури. Бездруго, не сме само ние такви. Колку за илустрација, и во осамената светска империја, САД, над 100 милиони луѓе периодов не се потресуваат […]

Beach House – Depression Cherry [Sub Pop, 2015]

Постирано на 24/11/2015 од во Албуми, Музика

Трансот, изненадувачки, од нигде-никаде, се истопори како најсоодветна опција во долгата потрага по точка од која што ќе го почнам описот на Beach House и поконкретно, за тоа што го напишале и снимиле на Depression Cherry. Терминот тука не е употребен жанровски. Не се работи за психоделија, а уште помалку е во прашање гоа-натапкување дива […]

Wolf Alice – My Love Is Cool [Dirty Hat, 2015]

Постирано на 13/11/2015 од во Албуми, Музика

Лиса Џерард, веднаш, во првата секунда, ми светнува во ум штом Ели Раусел, вокалистката на Wolf Alice, кротко ќе го повика љубовникот – или симпатијата – баш на неа да ги задржи неговите (или нејзините) бисерни очи на првата трака од My Love Is Cool. Како и пејачката со божествен тон на Dead Can Dance, […]

Sleater-Kinney – No Cities to Love [Sub Pop, 2015]

Постирано на 14/10/2015 од во Албуми, Музика

Феминизам. Да повторам: феминизам! Така, сега се подрасчисти гужвата и од осум, блогов моментно има четири читатели. Немам прецизни статистики, но од ѓутуре, за половина од луѓето на кои ќе им го споменете, овој збор е пострашно „бу“ и од „вештерката“ или од „старо купуем“. Нема дилема, суштината на тој уплав е она што терминот […]

My Morning Jacket – The Waterfall [ATO, 2015]

Постирано на 02/10/2015 од во Албуми, Музика

Не им верувам на бендовите, барем не од збор до збор, кога раскажуваат како снимале конкретен албум. Веројатно поради тоа што не се познаваме лично, но и како резултат на односот слушател-создавач, односно обожавател-популарна фаца, скепсата ми се прикрадува и ми вели оти, делумно, бездруго, измислуваат. Или претерано нагласуваат. Можам да покажам и посилна доверба, […]

Chelsea Wolfe – Abyss [Sargent House, 2015]

Постирано на 30/09/2015 од во Албуми, Музика

Соништата не се објаснуваат со зборови. Сите, секогаш, си ги прераскажуваме на себеси или им ги прекажуваме на други, но никогаш не успеваме суштински да ги опишеме. Веројатно затоа што, откако ќе склопиме очи, тоа што се одвива зад капаците не се доловува со општ јазик на комуникација туку се доживува од личен агол на […]

Tame Impala – Currents [Modular, 2015]

Постирано на 10/09/2015 од во Албуми, Музика

Бескрајната потрага по гралот на перфекцијата баш и не е особина вкоренета во рокенролот. Предолга е листата на автори кои станале икони на жанрот, а ниту нота не прочитале во животот. За таквите, слухот, чувството – интуицијата – им биле секогаш поважни од правилните хармонии и прецизните скали. Пожолтени салфети или тоалет-ролна што е пред […]

The War on Drugs – Lost in a Dream [Secretly Canadian, 2014]

Постирано на 16/12/2014 од во Албуми, Музика

Електричната соло-гитара не е мудар избор доколку сакате да бидете во милост или да наидете на одобрување од модерната, критичарска, онлајн-елита. Ако, пак, изберете со неа да ги канализирате кантавторските идеи, застрашувачки се зголемува опасноста за игнорирање или за исмевање. Марк Нофлер, на пример, нема статус само на легенда на наведениот инструмент, туку општо, на […]

Wye Oak – Shriek [Merge, 2014]

Постирано на 12/12/2014 од во Албуми, Музика

Врескот, крик, писок или крескање и црекнување, сите овие зборови би можеле да се употребат за да се преведе насловот на новиот албум на американскиот бенд Wye Oak. Ниту еден од нив, пак, не се приближува до формата и духот, а уште помалку до тоналитетот со којшто Shriek им се обраќа на слушателите. Шеќерот, со […]

Real Estate – Atlas [Domino, 2014]

Постирано на 24/11/2014 од во Албуми, Музика

Изразот што го практикува бендот со потекло од американската сојузна држава Њу Џерси, а сега сместен во Бруклин, Real Estate, уште од основањето во 2009 година беше интелигентен и образован, ама и неверојатно воспитан. Под тоа се подразбира впечатокот дека триото што го создава нема намера да се откаже од добрите манири иако сигурно се […]

White Lung – Deep Fantasy [Domino, 2014]

Постирано на 11/11/2014 од во Албуми, Музика

Панкот е толку прост – рудиментарен, не сељачки – поради што неговото создавање по правило е прилично замрсена задача. Звукот има распон колку што вселената е широка (добро де, таму буквално е мртва тишина), а темите за текстови се множат како што се зголемува човечката глупост (или брилијантност). Сложеноста на мисијата наречена „касапски остар панк-израз“ […]

Wovenhand – Refractory Obdurate [Deathwish Inc, 2014]

Постирано на 22/10/2014 од во Албуми, Музика

Пристапот „религија во музика“ не само што не ми носи ниту најмал предизвик туку најчесто и ме оттргнува од потенцијално возбудливи изведувачи. Без разлика дали се практиканти на христијанство, ислам, будизам, кабала или The Force (добро де, лажам, нив ги обожувам), ваквите артисти повеќе ме потсетуваат на узурпатори на уметноста отколку на споделувачи на мудроста. […]