19/08/2018

Neneh Cherry – Blank Project [Smalltown Supersound, 2014]

Постирано на 12/03/2014 од во Албуми, Музика

Научно-фантастичните, пред сè, дистописките филмови од 80-тите години, од Blade Runner преку Mad Max до Robocop, промашија спектакуларно во многу аспекти од тогашната иднина, а наша сегашност. Стопроценти, пак, ја погодија пребукираноста со информации што секојдневно нараснува и никако не успева да го допре плафонот. Доминантен е сојузот на поборници и бранители на сè од […]

St. Vincent – St. Vincent [Loma Vista, 2014]

Постирано на 10/03/2014 од во Албуми, Музика

Ени Кларк можеби е чудак, уникат, дури и генијалец, но нереално е, ако ништо друго, барем не на прва топка, таа да се перцепира како тотем за журка. Уште од дебито од 2007 година, Marry Me, оваа кантавторка од Тулса, Аризона, скокна во врвот на современата независна сцена, ама со арт-интерпретација на рокот, не и […]

Nils Frahm – Spaces [Erased Tapes, 2013]

Постирано на 29/01/2014 од во Албуми, Музика

Буквализмот, општо, како човечка особина нема премногу симпатизери, а камо ли кога се поврзува со област со капацитет за експлозија од слоеви и значења, каква што е уметноста и во тој контекст, музиката. Веројатно непотребно си го усложнив животот за да искажам сосема едноставна поента: да бидеш Капетан Очигледен воопшто не е возбудливо. Поп-изведувачите и […]

Mogwai – Rave Tapes [Rock Action, 2014]

Постирано на 20/01/2014 од во Албуми, Музика

Размислувајќи со која активност, предмет или состојба би можел да го поврзам процесот на слушање албуми неочекувано заклучив дека тој мошне едноставно наликува на зближувањето со луѓето. Некои карактери, од старт, не можеме да ги поднесеме. Други, на почеток, нè тераат да се поставиме крајно неодредено. Има и такви, секако, кон кои уште од маалските […]

No Joy: Шворц-музичари сме, ама уживаме

Постирано на 15/11/2013 од во Интервју

Прибраноста и приземноста со која што себеси се перцепираат рок и поп-авторите од независните сцени во земјите далеку поразвиени од Македонија ме смее секогаш кога имам прилика да им поставам неколку прашања. Тогаш се присетувам на овдешните квазиславни ликови кои не се способни ниту да одглумат дека имаат талент, а камо ли вистински да го […]

Efterklang во „Фросина“: Природен спој на простор и време

Постирано на 12/11/2013 од во Концерт, Музика

Бендовите најчесто не се потресуваат каде настапуваат. Најголем дел од нив ниту можат да си дозволат таков луксуз. Да беа придружниот состав на Боно Вокс ќе имаа огромен бел лист што ќе го пополнуваа со својот список од разгалени желби. Имајќи предвид оти не продаваат катаљарда плочи во минута и не пијат пиво со претседателот […]

Efterklang: Истражувачи на звучната пирамида

Постирано на 11/11/2013 од во Интервју

Последниот твит од акаунтот на Efterklang на 19 октомври, кога ги подготвував прашањата за ова интервју, гласеше: „Денешната забава“. Дел од него беше и фотографија од програма, цеде или нешто слично од Das Rheingold или „Рајнското злато“, славното дело на Рихард Вагнер. За тоа како првпат воспоставил контакт со операта и што најмногу го фасцинира […]

Звучни резови #8: Skopje Jazz Festival 2013

Постирано на 14/10/2013 од во Звучни резови, Музика

Го слушал или не, детално бил поткован или само пристојно информиран за него, го сакал ли од какви било причини или го мразел ли од чисти предрасуди, џезот на површина е музика, а во суштина е филозофија. Истовремено, на уметноста, на страста, на животот. Некои луѓе со него растат, други го дружат повремено. За сите, сепак, […]

Run the Jewels – Run the Jewels [FG, 2013]

Постирано на 15/08/2013 од во Албуми, Музика

Семплувањето се издигна до степен на уметност благодарение на хип-хопот. Жанрот, пак, го покори светот токму со манипулацијата на винил-плочите како своја суштина. Стиховите и вештината на емсијата ги разграничуваат генијалците од аматерите, но без исто толку импресивна основа, дури и врвно рецитирање и строфи можат да се изгубат во неповрат. Парчињата од песни, тие […]

Џејмс Марфи: Панкот ми го спаси животот*

Постирано на 02/07/2013 од во Репост

Панкот и фанкот можеби делуваат дека немаат ништо заедничко. Првите се нихилисти, додека вторите “денс-ориентирани”. Животот во Америка, медиокритетноста во која западна тамошна панк-сцена, има потенцијал да те натера да ги споиш овие две нешта. Тоа му појде од рака на Џејмс Марфи, главната фаца на “хип” составот LCD Soundsystem кој пред една година дебитира […]

The Dillinger Escape Plan – One of Us Is the Killer [Sumerian, 2013]

Постирано на 17/06/2013 од во Албуми, Музика

Замислете во животот да си поставите ваква цел: од замрсен, какофоничен и хаотичен збир на стилови да направите музика што се памети, се потпевнува и на која што ќе ѝ се навраќате со мерак. Не мора да свирите инструмент. Ниту е потребно да имате слух што препознава звук или да поседувате основно чувство за ритам. […]

Tori Ensemble и Kimmo Pohjonen на OFF-Fest – Ритуализам и технологија

Постирано на 07/06/2013 од во Концерт, Музика

Неверојатно е како концертите на OFF-Fest во многу наврати овозможуваат да се пронајдат или воспостават музички врски таму каде што најмалку очекувате. Без разлика дали е екстремистички индивидуално или издржано објективно, тоа конектирање секогаш ги прави изведбите и (само)образовни, со што тие се издигнуваат над вообичаеното доживување. Заклучоците може да варираат, не мора да значи […]