12/12/2017

The Chemical Brothers – Born in the Echoes [Virgin EMI, 2015]

Постирано на 15/12/2015 од во Албуми, Музика

Маката која што изгледа најмногу ги мачеше Том Роуландс и Ед Симонс, штом од андерграунд бомбастично мигрираа во меинстрим, би можела да се срочи во дилемата: како следниот албум на The Chemical Brothers да биде помасивен од претходниот. Редејќи ги прачките динамит со „Даст брадерс“ тие дебитираа со ново име испорачувајќи го ТНТ-пакетот Exit Planet […]

Beach House – Depression Cherry [Sub Pop, 2015]

Постирано на 24/11/2015 од во Албуми, Музика

Трансот, изненадувачки, од нигде-никаде, се истопори како најсоодветна опција во долгата потрага по точка од која што ќе го почнам описот на Beach House и поконкретно, за тоа што го напишале и снимиле на Depression Cherry. Терминот тука не е употребен жанровски. Не се работи за психоделија, а уште помалку е во прашање гоа-натапкување дива […]

Chelsea Wolfe – Abyss [Sargent House, 2015]

Постирано на 30/09/2015 од во Албуми, Музика

Соништата не се објаснуваат со зборови. Сите, секогаш, си ги прераскажуваме на себеси или им ги прекажуваме на други, но никогаш не успеваме суштински да ги опишеме. Веројатно затоа што, откако ќе склопиме очи, тоа што се одвива зад капаците не се доловува со општ јазик на комуникација туку се доживува од личен агол на […]

Tame Impala – Currents [Modular, 2015]

Постирано на 10/09/2015 од во Албуми, Музика

Бескрајната потрага по гралот на перфекцијата баш и не е особина вкоренета во рокенролот. Предолга е листата на автори кои станале икони на жанрот, а ниту нота не прочитале во животот. За таквите, слухот, чувството – интуицијата – им биле секогаш поважни од правилните хармонии и прецизните скали. Пожолтени салфети или тоалет-ролна што е пред […]

Faith No More – Sol Invictus [Ipecac, 2015]

Постирано на 01/09/2015 од во Албуми, Музика

Сериозноста, во рокенролот, може да биде пристоен плус или дебел минус. Под р’н’р тука подразбирам секаков стилски израз каде што гитарите го водат орото. Без разлика дали е во прашање фрагилно инди или бестијален грајндкор, ако тие што го потпишале, тоа го направиле со крут, озбилен, како од интернат изваден, краснопис – најверојатно истото ќе се забележи. […]

Godflesh – A World Lit Only by Fire [Avalanche, 2014]

Постирано на 17/12/2014 од во Албуми, Музика

Имате ли некогаш чувство, онакво обземачко, што обично ненајавено прегрнува наутро, дека сè наоколу е студена машина, а вие не сте нејзин дел, туку, просто, ѝ припаѓате? Не како што се припаѓа на семејство, туку како сопственост, како да сте под нечија управа, како некој да има комплетна надлежност над вашата судбина. Пред сè, индивидуална, […]

Wye Oak – Shriek [Merge, 2014]

Постирано на 12/12/2014 од во Албуми, Музика

Врескот, крик, писок или крескање и црекнување, сите овие зборови би можеле да се употребат за да се преведе насловот на новиот албум на американскиот бенд Wye Oak. Ниту еден од нив, пак, не се приближува до формата и духот, а уште помалку до тоналитетот со којшто Shriek им се обраќа на слушателите. Шеќерот, со […]

Underworld – Beaucoup Fish [Junior Boy’s Own, 1999]

Постирано на 25/11/2014 од во Репост

Заедно со The Chemical Brothers и The Prodigy, Underworld во средината и кон крајот на 90-тите години ја искорна електронската денс-музика од нејзината природна средина – подземјето – и ја фрли во котелот што, да бидеме реални, вака или онака, ги прибира сите жанрови: меинстримот. Тогашното трио, сочинето од основачите Карл Хајд и Рик Смит, […]

Run the Jewels – Run the Jewels 2 [Mass Appeal, 2014]

Постирано на 19/11/2014 од во Албуми, Музика

Љубопитноста, ми се чини, ем е како измислена за актуелниов дигитален век, ем токму веб-семожноста изгледа како нејзина ахилова пета. Секој што сака да остане умствено свеж, нескротен истражувач, денес има прилика непрекинато да ја задоволува ваквата врховна потреба. Истовремено, баш јасноста со која знаеме оти само допир на екранот нè дели од пристап до […]

Jessie Ware – Tough Love [Island, 2014]

Постирано на 30/10/2014 од во Албуми, Музика

Не постојат завиден број ѕвезди или, ако ништо друго, музички изведувачи свесни оти некогаш ќе го достигнат овој статус, кои избираат да бидат прибрани, да ја одбиваат фамата како што се бега од лепра и да не џавкаат колку (слепо) ги следат трендовите. Ако се знае дека селебрити-позицијата е најмногу перцепција, а најмалку есенција, од […]

Chk Chk Chk: Не арчиме премногу време навраќајќи се на минатото

Постирано на 19/05/2014 од во Интервју

Рокенролот одамна не е музика создадена исклучиво за уживање. Кога албуми од изведувачи со гитари и со минимална дисторзија в рака се оценуваат, се гледа колку се умни, оригинални, промислени, како проникнуваат низ актуелната политичка, економска и културолошка ситуација и дали сè тоа на куп држи вода или е подобро низ неа само да се […]

Beck – Morning Phase [Capitol, 2014]

Постирано на 17/03/2014 од во Албуми, Музика

Вниманието што одредени музичари го привлекуваат со една, единствена, песна отпрвин е добредојден благослов што набргу прераснува во очај од којшто спас не носи ниту чај од Баба Рада. Особено во земја како Македонија, каде што не е во прашање лично согледување според кое само ти се чини оти застанало, туку времето инаетливо заостанува. Во […]