23/08/2017

Crypt Sermon – Out of the Garden [Dark Descent, 2015]

Постирано на 30/10/2015 од во Албуми, Музика

Епските сцени, измислени или фактички, го вкрстуваат патот со хевиметалот, практично, од раните фази на неговото основање. Акордите, што одѕвонуваат како ехо меѓу џиновски планински врвови, ритмичките удари, кои тропотат со сила на титанска армија и вокалите, кои потчинуваат сè и секого со продорните извици, веројатно немаат поприродна сцена за развивање од онаа најшироката. Таа […]

YOB – Clearing the Path to Ascend [Neurot, 2014]

Постирано на 29/10/2014 од во Албуми, Музика

„Време е да се разбудите“, смирено, но самоуверено, како во овие неколку збора да е собрано сето животно искуство, а не изјава исплукана откако ќе ја избришете првата лига од перницата, Алан Вотс го отвора Clearing the Path to Ascend, новиот албум на YOB. Британскиот филозоф, кој своевремено бил епископален свештеник, по што се преобратил […]

Pallbearer – Foundations of Burden [Profound Lore, 2014]

Постирано на 16/09/2014 од во Албуми, Музика

Чувството на празнина е еден од најдлабоките бунари од кои што уметниците – од која било жанровска графа или историска ера – ја црпат инспирацијата. Несомнено, истата таа состојба на умот и на духот е подеднакво опасна, а неретко и – смртоносна. Скоро и да не е битно дали е во прашање збор, звук, слика, […]

The Sword – Apocryphon [Razor & Tie, 2012]

Постирано на 10/12/2012 од во Албуми, Музика

Постојат луѓе, чиј број не е за занемарување, кои се родиле во погрешно време. Или така, најискрено, веруваат. Знаејќи дека ерата за која што сонуваат со отворени очи никогаш вистински нема да ја познаваат бидејќи не ја изживеале лично, единствено што им преостанува е да се филмаат со идеализирана, самоизградена, претстава. Таа може да е […]

Pallbearer – Sorrow and Extinction [Profound Lore, 2012]

Постирано на 10/08/2012 од во Албуми, Музика

Има некоја посебна возбуда во откривањето нови бендови уште со објавата на нивниот прв албум. Општо земено, мигот на пронаоѓање изведувачи за кои што претходно не сум бил свесен е исполнувачки без разлика колкаво е задоцнувањето. Ако, пак, тоа се случи кога и самата група излегува од локалниот кожурец, процесот добива димензии на споделување, на […]

Yob – Atma [Profound Lore, 2011]

Постирано на 05/12/2011 од во Албуми, Музика

Кога со музичкиот булдожер од марката Fire! ги поместуваше темелите на Градскиот трговски центар, Матс Густафсон рече дека заедно со колегите се обидуваат да свират бавно, но не им успева. Саксофонистот нè лажеше во очи, зашто нивниот звук лазеже како Шаи Хулуд, гигантските песочни црви од “Дина”, ама шегата имаше поента – да рокаш во […]