12/12/2017

Les Revenants: Опседнувачка мистерија за морничавите повратници

Постирано на 14/03/2014 од во Телевизија

Антихероите се највредната валута во современата телевизија. Тоа е баеги супер. Или топ, закон, екстра, устав. Што и да одберете од модерните „урбани сленг-топоними за егзалтација“ ќе го опише елементот што во најопшти рамки, но и воглавно суштински, го ревитализира медиумот кој до пред одвај деценија служеше за потсмев. Барем кога е во прашање драмското […]

True Detective: Скок во амбисот на човечкиот мрак

Постирано на 07/02/2014 од во Телевизија

Њујорк, Чикаго, Бостон, Лос Анџелес, за секој од овие мегаградови имам изградено претстава дека се фасцинантни, инспиративни, бездруго, оти се совршени или барем се доближуваат до замислата за општествено-урбана перфекција. Таму, сè не само што изгледа, туку и некако е опипливо достапно и остварливо. Немам ниту зрно поим дали е навистина така. Искрено, не верувам […]

The Hunger Games: Catching Fire – Потрага по внатрешниот пламен

Постирано на 06/12/2013 од во Филм

Безмалку е општоприфатено дека тајната, 11-та Божја заповед, која Темпларите вешто ја шифрирале (верувајте, знам, Том Хенкс ми кажа), гласи: Не се осудувај да менуваш ниту точка или запирка кога филмуваш книга. Дури и да не се верници – во ѕидари или во уживатели на осветени џипови – многумина цврсто го прифаќаат ова слово симнато […]

Rush: Мртва трка за животот

Постирано на 04/11/2013 од во Филм

Гран-при од „Формула 1“, целосно, од старт до финиш, не се сеќавам кога последен пат имам изгледано. Ако случајно налетам на каналот што врши пренос, ги оставам болидите да зујат како муви во спурна летна квечерина. Разликата е што не мафтам нервозно со рацете за да ги избркам туку им препуштам да бучат во заднина […]

Gravity: Волјата e сила на човечката тежа

Постирано на 17/10/2013 од во Филм

Ругањето на Холивуд отсекогаш ми била активност лесно предвидлива како и крајот на голем број од мегахитовите што се снимаат во јадрото на светската киноиндустрија. По некоја чудна случајност, луѓе кои гласно посочуваат оти не смее да се генерализира по раса, пол, етникум, сексуална ориентација или економски капацитет, најчесто се први во публиката што навива […]

И Волтер Вајт имаше деца за чување…

Постирано на 02/10/2013 од во Телевизија

Изговорот е една од најгенијалните човечки карактеристики. Понекогаш е практичен како одбранбен механизам. Поретко, тој нè штити од ситуации опасни по месечниот џепарлак. Смислуваш дека имаш стомачен вирус, избегнуваш „дерење“, не добиваш кец и на први те подмачкуваат (слободно прилагодете го и за работа). Најчесто, пак, нè брани од самите себеси. Извлекуваш од воздух провиден […]

Слобода и затвор во „Соба со пијано“

Постирано на 27/09/2013 од во Филм

Како вообичаено го замислувате затворот? Мене, на пример, за овој збор ми се врзани две искуства. Првото, понаивно и восхитувачко, го доживеав како клинец. Растејќи во голема земја со мали републики неодвоени од ситни нешта како граници возбудата се манифестира во гледање филм за бегство од Алкатраз, остров од чии водни бедеми наводно никој жив […]

Breaking Bad: Его, дрога и рак-ен-рол

Постирано на 24/07/2013 од во Телевизија

Целокупната еволуција, општествениот развој, технолошкиот напредок и домашното припитомување се бришат и човекот се претвора во непрокопсано животно во истиот миг кога ќе се соочи со еден, единствен, факт – смртта. Суровиот инстинкт тогаш е цар, а разумот е пион што лесно се командува и бесчувствително се продава. Конечноста се претвора во врвната валута со […]

House of Cards: Разнишување на американската политичка кула од карти

Постирано на 19/06/2013 од во Телевизија

Како што се развивала или се уназадувала со текот на вековите, политиката се вброи себеси меѓу појавите што со подеднаква пасија предизвикуваат одбивност и возбуда. Дилемата дали сè, во основа, е поврзано со овој општествен двигател е решлива колку што може да се најде одговор на прашањето дали вселената се шири или веќе е мртва, […]

Пет причини зошто Game of Thrones ќе остане на ТВ-тронот

Постирано на 14/06/2013 од во Телевизија

Сувопарно гледано, одредувањето на врвното место во телевизискиот медиум денес е исто како и пред пет децении. Статистиката владее, а под неа се подразбира бројот на гледачи. Најконкретно – во САД. Следејќи ја оваа логика изминатава есенско-зимска сезона шампион беше симпатичната ретро-детективска серија NCIS со 21.6 милионска публика. Просечно. По епизода. На пазарот, ова е […]

Zero Dark Thirty: Лов во матно

Постирано на 30/01/2013 од во Филм

Исламскиот тероризам, разбирливо, по нападите на Њујорк и на Вашингтон во 2001 година, нагло скокна во врвот на листата со холивудски негативци. На ова поле, пионерски беше подвигот на 24, телевизиската серија чие дејствие се одмотуваше во “реално деноноќие”, а сè контролираше Џек Бауер, федерален агент со научно-фантастични способности и невозможен праг на издржливост. Шоуто, […]

Skyfall: Воскреснување до небо

Постирано на 04/12/2012 од во Филм

Според сите критериуми, Џејмс Бонд е истрошен, исцеден, застарен филмски лик. На Студената Војна, тој напнат и затскриен, а јавно на сите познат, конфликт меѓу двата светски политичко-економски блока, денешните генерации гледаат како на здодевна лекција од историските читанки. Црвената (СССР) и сината (САД) одамна не се бои кои ги отсликуваат закоравените идеолошки противници. Корпорациите […]