19/10/2017

At the Gates – At War with Reality [Century Media, 2014]

Постирано на 05/11/2014 од во Албуми, Музика

Ако сакам да бидам смрдлив, интернет-серко, најпрво ќе кажам оти албумов воопшто не требаше да постои. Разбирливо, така ќе беше доколку луѓето функционираа како Шварци во „Терминатор“, никогаш не нарушувајќи го строго напишаниот програмски протокол. При вакви параметри, еднаш искажан став нема да се менува и кога нуклеарки ќе врнат од небеса. Во овие услови […]

Gorguts – Colored Sands [SoM, 2013]

Постирано на 04/10/2013 од во Албуми, Музика

Претставата со која што во умот си го скицираме процесот на духовно просветлување вообичаено се сведува на три фундаментални чина: досада, досада и – досада. Суров и остар заклучок, но гледано отстрана, оваа активност нуди варијации колку што џингл од Александар Митевски гарантира разновидност. Калуѓерите, кои по канонски терк го бркаат спознавањето, заедно со индивидуалците, […]

Звучни резови #7: Relapse vs Southern Lord

Постирано на 16/08/2013 од во Звучни резови, Музика

Сонце пече, мохитца се мешаат, мокри ноџиња се фоткаат, а пред нив тиркизно море се распослало до бескрај. Значи време е за галовни звуци, распекмезени стихови и весели рефрени. Не. Категорично – не. Секој, нели, како што милува, но ако мене ме прашате (пак ќе повторам, никој тоа не го прави) никаква заслепувачка изгор-светлина не […]

Furion – Thrashing Folks [Diehard, 2013]

Постирано на 10/07/2013 од во Албуми, Музика

Почетокот на 90-тите години, делумно поради сè посилното зграпчување од западната култура и воглавно како резултат на регионалните оргазми од распадот на Југославија, на површината исфрли реки со гомнарии. Најголем дел од нив, сосема предвидливо, сè уште ни течат по улиците, институциите, фирмите и ни се влеваат во домовите. Сето ова, несомнено, е штетно за […]

Gojira – L’Enfant Sauvage [Roadrunner, 2012]

Постирано на 29/06/2012 од во Албуми, Музика

Во елитните уметнички кружоци, кои што ноќе, на свеќи, “контемплираат концепти и редефинираат дискурси”, споменување на Франсоа Трифо во иста реченица со метал гарант се смета за врховно сквернавење. Интелектуалноста на францускиот филмски гениј, едноставно, нема причина да се гнаси со грубоста на бучниот музички жанр. И обратно, во високите комисии на хеви-сцената веројатно се […]

Синглтека: Gojira – L’Enfant Sauvage

Постирано на 14/06/2012 од во Музика, Синглтека

Кога следиш бенд, кога го слушаш, кога ти е потполно јасно дека неговите членови се мајстори по свирачки вештини, а сепак, свесен си оти малку им недостасува за да ја допрат величината, не знаеш што е тоа додека не го слушнеш. На француските метал-техникалци Gojira налетав со From Mars to Sirius и дружбата ја надградив […]

Death – Human [Combat, 1991]

Постирано на 14/12/2011 од во Трезор

Леонардо да Винчи, Џон Колтрејн и дет-метал не е збир од зборови што природно ти доаѓа да ги сместиш во иста реченица. Ренесансниот уметник и џез-саксофонистот и не делуваат до тој степен неспоиви, но екстремниот музички правец боде очи. За тоа има проста причина – предрасуди. Како тече времето, околината ни ги штелува мозоците за […]

Трибјут-концерт за Чак Шулдинер во МКЦ

Постирано на 14/12/2011 од во Настани

Трибјут-групи, генерално, не сакам. Не оти ме потсетуваат на вечните скопски тезгари, со кои што расчистив по “Мјузик гарден” и “Лејди блу”, не зашто 99 проценти од тие музичари не создале ништо авторско и не бидејќи се, просто кажано, д-о-с-а-д-н-и.  Не обичам трибјут-бендови затоа што ме потсетуваат на фактот дека тие со сигурност ќе соберат […]

Vader – Welcome to the Morbid Reich [Nuclear Blast, 2011]

Постирано на 30/11/2011 од во Албуми, Музика

Досадно е непотребно силен и несоодветен збор, најверодостојно е да се каже дека да биде бидеш фан, всушност, да бидеш Vader, изминатава деценија не е најинтересно. Од објавата на ѕидосмачкувачкиот Litany во 2000 година, полскиот состав, мање-више, се повторува. Само што, наместо да реплицира очаен материјал, бендот издава освежени верзии, на истиот, ѓаволски добар, студиски […]

Gorgoroth, Vader и Adimiron во МКЦ

Постирано на 30/11/2011 од во Настани

Не памтам точно од кога, ама сигурен сум дека Скопје одамна е на принудна диета кога се во прашање концерти на поголеми метал-имиња, без разлика дали тие се од помеинстрим или од поандерграунд страната на оваа сцена. Овој пост ќе прекине во 19.30 часот во вторник (6 декември), кога во Младинскиот културен центар ќе гостуваат […]