29/06/2017

GridLink – Longhena [Handshake Inc., 2014]

Постирано на 21/03/2014 од во Албуми, Музика

Флиперите се феноменална појдовна точка за опис на искуството што се таложи од слушањето на последното издание во кариерата на GridLink и првото со коешто (задоцнето) ги открив. Додуша, останувам цврсто уверен дека нема прерано или прекасно запознавање со бенд, солист или албум, туку само вистинско. Тоа, сепак, е друг, подолг, муабет. Да се вратам […]

Carcass – Surgical Steel [Nuclear Blast, 2013]

Постирано на 20/09/2013 од во Албуми, Музика

Презаситеноста во музиката е појава фреквентна колку и еректирањето споменици во јадрото на Скопје. Како и бронзата, која длабоко во ноќта се фиксира подмолно, така и  жанрови се воспоставуваат додека да трепнеш. Одненадеж, тие прават џиновски скок од подрумите до билбордите. По извесно време хит-стилот полни рафтови, се лепи на прашоци за перење и ги […]

Две децении подоцна: Carcass – Heartwork [Earache, 1993]

Постирано на 20/09/2013 од во Трезор

Музичките правци, стилови, поджанрови и разновидни варијации се менлива, флуидна, категорија. Невозможна мисија е одредувањето дали се појавуваат од чист воздух или се производ на трпелива, безмалку невидлива, еволуција. Ако двете дилеми, сепак, ги ставиме на суд ќе има докази што на обете ќе им одат во прилог. Панкот, на пример, пред да детонира во […]

Звучни резови #7: Relapse vs Southern Lord

Постирано на 16/08/2013 од во Звучни резови, Музика

Сонце пече, мохитца се мешаат, мокри ноџиња се фоткаат, а пред нив тиркизно море се распослало до бескрај. Значи време е за галовни звуци, распекмезени стихови и весели рефрени. Не. Категорично – не. Секој, нели, како што милува, но ако мене ме прашате (пак ќе повторам, никој тоа не го прави) никаква заслепувачка изгор-светлина не […]

Gaza – No Absolutes In Human Suffering [Black Market Activities, 2012]

Постирано на 03/10/2012 од во Албуми, Музика

Создавањето чувство што се движи помеѓу крајностите на суровите емоции е мотивот на Gaza, неодамна напиша тапанарот на четворката, Кејси Хенсен, во онлајн-текст за магазинот Modern Drummer. За мрзеливо, неавантуристичко, полно со предрасуди, уво, изјавава веројатно е чиста глупост. Слушано од тој агол, групата од Солт Лејк Сити е уште една од оние малоумните, кои […]

Trap Them – Darker Handcraft [Prosthetic, 2011]

Постирано на 25/03/2011 од во Албуми, Музика

Жестината е карактеристика поради која искусни, ама и музичари-пилиштари, гризат нокти како тинејџерки заљубени-изгубени во холивудски филм. Со овој елемент од музичкиот периоден систем, играњето не е препорачано. Сите што не ја сфаќаат неговата суштина и се обидуваат да го вклопат во звучниот израз, себеси се претвораат во главни ликови во трагикомична пародија. Основата на […]