23/08/2017

Tori Ensemble и Kimmo Pohjonen на OFF-Fest – Ритуализам и технологија

Постирано на 07/06/2013 од во Концерт, Музика

Неверојатно е како концертите на OFF-Fest во многу наврати овозможуваат да се пронајдат или воспостават музички врски таму каде што најмалку очекувате. Без разлика дали е екстремистички индивидуално или издржано објективно, тоа конектирање секогаш ги прави изведбите и (само)образовни, со што тие се издигнуваат над вообичаеното доживување. Заклучоците може да варираат, не мора да значи […]

University of Gnawa и Ondatropica на OFF-Fest: Дупла лекција по жар за животот

Постирано на 06/06/2013 од во Концерт, Музика

Единаесетте претходни изданија на OFF-Fest на скопската публика ѝ отворија многу музички видици, ја приближија до голем број далечни култури и ја потсетија на некои непишани вистини за убавата песна. Една од тие, што се потврди и на синоќешното истерување внатрешни и надворешни демони преку танц во Салонот на Македонската опера и балет, е дека […]

Bioscopia и Taksim trio на OFF-Fest: Елегија за солидарноста

Постирано на 03/06/2013 од во Концерт, Музика

Забораваме често, но контекстот е извонредно значаен при восприемањето на музиката. Најчесто, пак, актуелното опкружување, индивидуално или општествено, во кое што го впиваме звукот, е и пресудно. Воопшто не е важно дали се работи за албум или за концерт. Ниту, пак, дали соло-изведувачот или бендот ги слушаме или гледаме во живо прв или стотипат. Клучно […]

Anoushka Shankar на OFF-Fest: Патешествие на сплотувањето

Постирано на 02/06/2013 од во Концерт, Музика

Недоброени терабајти информации, статуси и разновидни комуникации секојдневно по неколкупати се вртат околу планетата, а сепак, повеќе од кога било, сме фиксирани на пронаоѓање што подолга листа класификации. Дефиниции, етикети, пакети, изберете сами како ќе ги наречете, меѓутоа, сите овие засебни термини се обединуваат во исто значење – исклучување. Светот вака функционира на генерален, општествен, […]

Dead Can Dance – Anastasis [PIAS, 2012]

Постирано на 17/08/2012 од во Албуми, Музика

Уши начулувам на купишта разновидна, понекогаш стилски контрадикторна, музика. Понекогаш, тоа се граничи со шинување. Во други случаи е еднакво на растегнување или на умерен тренинг. Убеден сум, пак, оти тие со посебен елан се размрдуваат кога од слушалките или од звучниците фучи или гали дело со некакви влијанија од нашиве простори. Под нив подразбирам […]

OM – Advaitic Songs [Drag City, 2012]

Постирано на 25/07/2012 од во Албуми, Музика

Никако не успеав да се натерам себеси полудено да теглам по дела од уметноста или од популарната култура направени исклучиво со разум. Сè уште го чекам денот кога на г’з ќе паднам од филм опседнат со кадри и банално филозофирање, а осакатен од основна човечност. Не се радувам на мигот, чисто сум љубопитен, дали некогаш […]

The Ex – Ослободени од музичките догми

Постирано на 20/10/2011 од во Интервју

Труби и панк не идат заедно, нели? Чекај, идат, инаку немаше да постои ска и ту тоун. Добро, тогаш, етно и панк нема теорија да бидат смешани? Грешка, The Ex успешно го прави тоа со децении. Гледате како (не)умешно илустрирав дека ставањето музика во херметички стилски кутивчиња е излишно. Ако слепо се држеа за спротивното, […]