19/06/2018

Neurosis – Honor Found in Decay [Neurot, 2012]

Постирано на 01/11/2012 од во Албуми, Музика

Додека разгледував фотографии од потопот што Сенди, брилијантиски насловениот ураган, го оставаше зад себе, инстинктивно, раката го довлечка маусот до фолдерот со Honor Found in Decay, новиот студиски албум на Neurosis. Пусти улици. Поплавени квартови. Џиновски бранови. Разурнување од шокантни размери. Луѓе кои втренчено ѕурат во јагленосаните скелети на сопствените домови. И на животите, веројатно. […]

Pig Destroyer – Book Burner [Relapse, 2012]

Постирано на 29/10/2012 од во Албуми, Музика

Уште од почетоците на мојата професионална музичко-слушачка кариера, веројатно во ерата на интердимензионалната доминација на Зимско-рекреативната програма, виџеј Тоше и на Мајкл Џексон со Dangerous, ревносно трагам по најпитомата, најсуптилна, најмека звучна форма. Оваа опсесија извесен период зовре до ниво што се граничеше со клиничка дијагноза. Да живеев во САД, ќе инспирирав психолози да премеруваат, […]

Baroness – Yellow & Green [Relapse, 2012]

Постирано на 18/07/2012 од во Албуми, Музика

Бојата и музиката не се две страни на иста паричка, а сепак се едни од најпростите и најделотворните методи за меѓусебно опишување. Звукот е исклучително погоден за фарбање. Лесно е, дури и без четка. Металот е црн, поп-жанрот е розев. Воопштено, така се илустрираат правци, бендови, соло-изведувачи. Личната перцепција е клучна – од авторската и […]

Band of Skulls ‎- Sweet Sour [PIAS, 2012]

Постирано на 09/07/2012 од во Албуми, Музика

Гоце Делчев, пред век и кусур, без азно во џебовите и во ера на брутално насилство, кажа реченица каква што денешниве политичари, на слобода и со неброени тендери во ракав, не се доволно духовно и литературно писмени да склопат. Надвор од нашиве (вечно зараснати во мов) рамки и војводата би имал мака да сфати како, […]

The Black Keys – El Camino [Nonesuch, 2011]

Постирано на 22/12/2011 од во Албуми, Музика

Мака мачам, ама не ми текнува кога, а уште помалку зошто, стана нужно рокенролот да биде строго интелектуален, за да се цени. Од музички правец што како локомотива на јаглен се ложеше на страст, бунтовништво и инстинкти, тој изминатава деценија се претвори во поле за напудрен натпревар на умовите. Бендовите и кантавторите не се впуштаат […]

Најдобрите бендови со само еден албум: 1970 – 1989 [1/3]

Постирано на 16/11/2011 од во Статија

Музичката сцена е сурова. На неа нон-стоп се основаат едни, се растураат други и во живот се одржуваат трети групи иако живуркаат на полупразни креативни батерии. Има многу случаи на артисти што постоеле нелогично кратко, а се запечатиле далеку поцврсто на сцената од некои што цепаат со децении бидејќи единственото нешто во кое што се […]

Hugh Laurie – Let Them Talk [Warner, 2011]

Постирано на 29/04/2011 од во Албуми, Музика

Глумците често велат дека играњето во телевизиски серии повеќе сезони става крст на нивните идни надежи за добивање разновидни улоги. Веројатно е така. Патрик Стјуарт е извонреден театарски актер, опасен шекспировец, ама да не се зезаме, за сите бил и ќе остане, Капетан Пикард. Сепак, кога зборуваат на оваа тема, глумците често не наведуваат една […]

The Kills – Blood Pressures [Domino, 2011]

Постирано на 08/04/2011 од во Албуми, Музика

На музичко-стиховен план, Алисон Мосхарт и Џејми Хинс се надалеку познати по штедливоста. Не се скржави, само внимателно ги распоредуваат средствата потребни за да создаваат песни и албуми во креативниот буџет на својот бенд, The Kills. Тоа умно шпараџиство достигнува димензии што секоја мајка сонува дека идниот зет ќе го пружи на нејзината сакана ќерка. […]