12/12/2017

My Morning Jacket – The Waterfall [ATO, 2015]

Постирано на 02/10/2015 од во Албуми, Музика

Не им верувам на бендовите, барем не од збор до збор, кога раскажуваат како снимале конкретен албум. Веројатно поради тоа што не се познаваме лично, но и како резултат на односот слушател-создавач, односно обожавател-популарна фаца, скепсата ми се прикрадува и ми вели оти, делумно, бездруго, измислуваат. Или претерано нагласуваат. Можам да покажам и посилна доверба, […]

The War on Drugs – Lost in a Dream [Secretly Canadian, 2014]

Постирано на 16/12/2014 од во Албуми, Музика

Електричната соло-гитара не е мудар избор доколку сакате да бидете во милост или да наидете на одобрување од модерната, критичарска, онлајн-елита. Ако, пак, изберете со неа да ги канализирате кантавторските идеи, застрашувачки се зголемува опасноста за игнорирање или за исмевање. Марк Нофлер, на пример, нема статус само на легенда на наведениот инструмент, туку општо, на […]

Searching for Sugar Man: Потрага по човечкиот дух

Постирано на 07/03/2013 од во Филм

Денешните речници можат комотно да преживеат без зборот „изненадување“, особено ако на негово место се стави најсоодветната замена – „сèзнаење“. Не во буквална смисла, туку како (прет)чувство. Благодарение на текот на информации што се шири како и космосот, некако потајно развивме осет дека ништо не може да нè извади од колосек – и позитивно и […]

Топ 15 албуми што ќе излезат во 2013 [1/3]

Постирано на 11/01/2013 од во Статија

Откако ќе заврши една, а ќе почне друга музичка година, големо парче од анализите и од дискусиите се сконцентрирани на откривање што ги карактеризирало изминатите и што ќе биде тренд во следните 12 месеци. Објективно гледано, таа мисија е залудна. И да се дојде до некаков “вистинит” заклучок, кој најчесто и онака се сведува на […]

Топ 10 недоволно слушани албуми во 2012

Постирано на 03/01/2013 од во Статија

Кога е во прашање рангирањето на музичките албуми во залезот на календарската година се водам од три максими: никогаш да не го сфатам пресериозно, процесот секогаш да ми биде забавен и конечниот резултат во секоја прилика дискутабилен. Со ова ниту од далеку не сакам да кажам оти не стојам зад годинашнава, ланската, таа претходно, а […]

Pig Destroyer – Book Burner [Relapse, 2012]

Постирано на 29/10/2012 од во Албуми, Музика

Уште од почетоците на мојата професионална музичко-слушачка кариера, веројатно во ерата на интердимензионалната доминација на Зимско-рекреативната програма, виџеј Тоше и на Мајкл Џексон со Dangerous, ревносно трагам по најпитомата, најсуптилна, најмека звучна форма. Оваа опсесија извесен период зовре до ниво што се граничеше со клиничка дијагноза. Да живеев во САД, ќе инспирирав психолози да премеруваат, […]

Топ 40 странски албуми во 2011 [10-1]

Постирано на 28/12/2011 од во Статија

Ако морам да изберам еден, единствен, заклучок, што ќе ја дефинира музичката година што деновиве ја оставаме зад нас, тој би бил дека изминативе 12 месеци се изнаслушав извонредни изданија од етаблирани артисти, но кои некое време не се во фокусот на медиумите и на фановите. Терминот камбек-албуми е несоодветен, ама веројатно најмногу се приближува […]

Ry Cooder – Pull Up Some Dust and Sit Down [Nonesuch, 2011]

Постирано на 10/10/2011 од во Албуми, Музика

И да не знаев дека Pull Up Some Dust and Sit Down е албум на Рај Кудер, кој има дебело и издржано креативно портфолио, кога видов и чув дека првата песна се вика No Banker Left Behind во иста секунда бев заинтригиран. Едно е од авторот и продуцентот на Buena Vista Social Club (заедно со […]

My Morning Jacket – Circuital [ATO, 2011]

Постирано на 07/06/2011 од во Албуми, Музика

Да откриеш бенд, навистина посебен бенд, може да биде прерано, кога никој за него не ни слушнал. Или предоцна, кога сите го преџвакале и го претвориле во блуткава копија на неговата првична, полнокрвна, верзија. Без разлика дали ќе биде на првиот или на вториот начин, запознавање со ваков состав никогаш не е излишно откровение. Многумина […]

My Morning Jacket – Evil Urges [ATO, 2008]

Постирано на 07/06/2011 од во Репост

Лошо е кога луѓето ќе се навикнат на една работа и потоа очекуваат да им ја задоволувате суетата со доза од истата дрога. My Morning Jacket, милениците на критичарите и на фановите изминативе години, во 2008 го почувствуваа ова правило на сопствената кожа. Момците што, во 2003 со It Still Moves и особено во 2005 […]