19/08/2018

Mogwai – Rave Tapes [Rock Action, 2014]

Постирано на 20/01/2014 од во Албуми, Музика

Размислувајќи со која активност, предмет или состојба би можел да го поврзам процесот на слушање албуми неочекувано заклучив дека тој мошне едноставно наликува на зближувањето со луѓето. Некои карактери, од старт, не можеме да ги поднесеме. Други, на почеток, нè тераат да се поставиме крајно неодредено. Има и такви, секако, кон кои уште од маалските […]

Топ 10 МК албуми во 2013

Постирано на 30/12/2013 од во Статија

Домашната, непанаѓурска, антиестрадна, самостојна музичка сцена лани бруеше. Тоа се преслика во над 40 авторски студиски збирки креирани, снимени и издадени далеку од турбоизираниот меинстрим којшто – бидејќи се изнаплака како мало дете – доби и силна, налик на родителска, буџетска поддршка. Не, ова не е научна-фантастика, во морето од субвенции и за нив беше […]

Топ 50 странски албуми во 2013 [25-1]

Постирано на 27/12/2013 од во Статија

Ако се обидам – што не значи дека ќе успеам – да го лоцирам најситното чувство кое е заедничко за сета музика што ја слушнав годинава тоа веројатно би била потполноста. Не е во прашање никаква комплексна филозофија туку импресијата дека плочите што ги вртев (за жал, не на грамофон) беа гранитни, компактни и неодвоиви […]

Топ 50 странски албуми во 2013 [50-26]

Постирано на 26/12/2013 од во Статија

Меинстримот, без разлика дали тој е отсликан во полупопуларни изведувачи или во екстремно славни ѕвезди, одамна не е репер за музичка напредност, веродостојност и најосновен квалитет. Самата припадност на артистите на оваа категорија никогаш не ме одвратила да ги слушам, меѓутоа, се чини дека и згора на тоа, годинава во врвот на топ-листите немаше којзнае […]

Звучни резови #10: The Lost Tapes 2013 [Посно едишн]

Постирано на 18/12/2013 од во Звучни резови, Музика

Празниците, оние околу преминот на старата во новата година и барем на балканскиве простори, се период што на моменти делува до недоглед исполнет со лични, домашни и бизнис-слави. Маратонов е освежителен за семејната и пријателската комуникација, но не може да се тврди дека нашите стомаци со нетрпение го очекуваат. Додуша, кој, колку може, ќе се […]

Под ова небо железно „Архангел“ се претвори во сениште

Постирано на 13/12/2013 од во Колумни

Пресвртниот, оној фамозен, концерт во првата хала на Скопски саем во 1998 година го искусив како тазе завршен средношколец и пресно запишан факултетлија. За камбекот што бендот го направи на истата локација во 2005 година мастилото на дипломата со број 666 одвај се беше засушило и кампањата за настапот ја набљудував скептично од агол на […]

Culture Development – You, Me and Nobody Else [Направи заедно, 2013]

Постирано на 04/12/2013 од во Албуми, Музика

Фразата „на долг рок“ официјално постои во македонскиот јазик. Пополнува редови во лексикони. Се појавува во речници каде што е преведена нејзината странска форма. А сепак, речиси и да нема основа во нашата реалност. Политичарите знаат понекогаш да ја излигават низ поганите усти во форма на ветување од кое ќе се чувствувате стоплени како во […]

Efterklang во „Фросина“: Природен спој на простор и време

Постирано на 12/11/2013 од во Концерт, Музика

Бендовите најчесто не се потресуваат каде настапуваат. Најголем дел од нив ниту можат да си дозволат таков луксуз. Да беа придружниот состав на Боно Вокс ќе имаа огромен бел лист што ќе го пополнуваа со својот список од разгалени желби. Имајќи предвид оти не продаваат катаљарда плочи во минута и не пијат пиво со претседателот […]

Foolish Green: Талентите во Македонија се деликвенти и одвај преживуваат

Постирано на 08/11/2013 од во Интервју

Авторската музика што навистина – до гола суштина – вреди одамна е загрозен вид во Македонија. Во ова друштво принудно стеснето од ниски пориви и паланечки потреби опстојува уште помал кружок потписници на оригинални дела кои веднаш, со самото деби во јавноста, звучат самоуверено, изострено и стегнато. Тие не се ограничени или за навек издефинирани. […]

Efterklang – Piramida [4AD, 2012]

Постирано на 06/11/2013 од во Албуми, Музика

Не знам до што е – можеби до блискоска до Северниот пол која ги направила за степен поинтроспективни или е резултат на крволочното Викиншко минато – но бендовите од Скандинавија се махери за погодување вистинска нота, чепнување подзаборавен нерв или за терапевтско ѕверење во бел ѕид. Настрана што е исцрпувачки да се процени како успеваат […]

Russian Circles – Memorial [SH, 2013]

Постирано на 30/10/2013 од во Албуми, Музика

До пред некоја година ниту на дно од черепот не претпоставував дека ќе размислувам, а камо ли оти и ќе осмислувам видеоигра-шеми за физички да избегнувам споменици. Какви и да биле, кога и да сум ги открил или каде и да сум ги сретнал, отсекогаш сум ги земал здраво за готово. Логиката ми беше проста: […]

A Place to Bury Strangers во МКЦ: Војна во надгласување

Постирано на 15/10/2013 од во Концерт, Музика

Агресивната бучава од каков било вид или, пак, хаотичноста во музиката се начини за затскривање нечија неспособност за пишување песни. Ова е лесен, непоткрепен или во најмала рака, произволен заклучок. И во него може да има вистина, но тоа не е општо, а не е ниту генерално правило. Најдобро, секако, е да се суди индивидуално, […]