29/06/2017

Wolf Alice – My Love Is Cool [Dirty Hat, 2015]

Постирано на 13/11/2015 од во Албуми, Музика

Лиса Џерард, веднаш, во првата секунда, ми светнува во ум штом Ели Раусел, вокалистката на Wolf Alice, кротко ќе го повика љубовникот – или симпатијата – баш на неа да ги задржи неговите (или нејзините) бисерни очи на првата трака од My Love Is Cool. Како и пејачката со божествен тон на Dead Can Dance, […]

ANNA O. – Подочњаци [Кран, 2015]

Постирано на 10/11/2015 од во Албуми, Музика

Траорноста, ми се чини, е состојба исконски поврзана со просторите каде што, нели, е роден и самиот космос – македонските! Ќе си речеш, територии со библиско значење повеќе би биле синоним за радост (и за гринфилд странски инвестиции), отколку за жал и кобност. Историјата, сепак, дава поинакви примери. Област и луѓе наклонети на среќа не […]

Coliseum – Anxiety’s Kiss [Deathwish, 2015]

Постирано на 04/11/2015 од во Албуми, Музика

Ѕидовите, особено на Балканот, се корисна подлога за пишување извонредни изблици на бес, препукување меѓу плакатолепачи на партии и, не така ретко – што е добро – за генијалности од неколку зборови. Последна таква чкрабаница, со која и се изнасмеав, и си подразмислив, беше “И пост-панкери су панкери“. Испрскана со спреј во којзнае кои вампирски […]

Royal Thunder ‎- Crooked Doors [Relapse, 2015]

Постирано на 19/10/2015 од во Албуми, Музика

Романсата или сè поврзано со љубовта, генерално, не е баш возбудлива тема за слушање кога музичарите ја обработуваат, нели? Особено не денес, кога сè мора или да боде со социо-политичка проникливост или да блешти со став: планетава само што не распукала од мојата кул-посебност. Без разлика што интернетот нè направи суштества кои, поради бедемот од […]

Sleater-Kinney – No Cities to Love [Sub Pop, 2015]

Постирано на 14/10/2015 од во Албуми, Музика

Феминизам. Да повторам: феминизам! Така, сега се подрасчисти гужвата и од осум, блогов моментно има четири читатели. Немам прецизни статистики, но од ѓутуре, за половина од луѓето на кои ќе им го споменете, овој збор е пострашно „бу“ и од „вештерката“ или од „старо купуем“. Нема дилема, суштината на тој уплав е она што терминот […]

Foo Fighters – Sonic Highways [RCA, 2014]

Постирано на 24/12/2014 од во Албуми, Музика

Минливоста на животот, која некогаш е проколнато неподнослива, се чини дека изминативе неколку години на Дејв Грол често му е на ум. Не сме другарчиња блиски уште од забавиште, додуша, ниту време сум нашол да се запознаеме (да де, бидејќи сè од мене зависи), ама по малку ми изгледа оти се опседнал со ова прашање. […]

Swans – To Be Kind [Young God, 2014]

Постирано на 03/10/2014 од во Албуми, Музика

Објективно, не постои албум што заслужува во него да набутате песна од 35 минути. Кажано уште понепристрасно, нема композиција од половина час достојна да присвои толкав блок од поголема, далеку побитна, целина. Ненапишано, секако, но ова треба да биде барем лабаво – некакво – правило. Инаку, грото музичари ќе ги вклучат каблите во засилувачите, ќе […]

Helms Alee – Sleepwalking Sailors [Sargent House, 2014]

Постирано на 03/04/2014 од во Албуми, Музика

Во една од најдобрите серијализирани СФ-драми на сите времиња, извонредно потценетата Star Trek: Deep Space Nine, има раса позната под името changelings. Суштински, станува збор за метаморфи кои можат да се претворат во практично кој било облик што ќе го посакаат, што е клучен за да преживеат или со којшто би направиле исчекор во врховната […]

Две децении подоцна: Soundgarden – Superunknown [A&M, 1994]

Постирано на 28/03/2014 од во Трезор

Слатката точка – знам што помисливте, ама не, таа со латинско „ге“ е сосема друга – на англиски е позната како sweet spot. Фразата често се употребува во филмови, голема е веројатноста за неа да сте слушнале. Тоа што можеби е помалку јасно е оти се работи за спортски термин. Суштински, под него се подразбира […]

Beck – Morning Phase [Capitol, 2014]

Постирано на 17/03/2014 од во Албуми, Музика

Вниманието што одредени музичари го привлекуваат со една, единствена, песна отпрвин е добредојден благослов што набргу прераснува во очај од којшто спас не носи ниту чај од Баба Рада. Особено во земја како Македонија, каде што не е во прашање лично согледување според кое само ти се чини оти застанало, туку времето инаетливо заостанува. Во […]

Broken Bells – After the Disco [Columbia, 2014]

Постирано на 03/02/2014 од во Албуми, Музика

Кога артистите ја пронаоѓаат златната креативна жичка уште на своето првенче претпоставувам оти за следбеникот им се испречени низа нијансирани дилеми кои можат да се сведат на две, основни, прашања: дали да газат напред или да прошетаат настрана. Без разлика дали се соло или колективни, изведувачите е најумно да продолжат со надминување на фронталните препреки, […]

Conquering Lion – Revelation [Password, 2013]

Постирано на 27/01/2014 од во Албуми, Музика

Локалпатриотизмот е особина вирално раширена на нашиве простори, а во неа никогаш не сум можел да најдам и зрно интерес. Да беше Троја позиционирана во Македонија или на Балканот, војната во хомеровата „Илијада“ немаше да се води поради киднапирањето на Елена туку затоа што противниците сакале да докажат која земја, град или – за мене […]