19/06/2018

Sons of Anarchy: Татковци на безредието

Постирано на 12/10/2012 од во Телевизија

Сиот брутален криминал, коњски глави во постела, исконска желба за моќ и превласт, играње рулет со човечки животи, не можат да го сокријат фактот дека капитално дело како “Кум” е, во суштина, семејна драма. Оваа фамилија одвај има “н” од нормално во себе, ама без разлика на сè, таа функционира во добропознат шаблон на највиталната […]

The Expendables 2: Екстра акција на потрошна роба

Постирано на 29/08/2012 од во Филм

Ерата на ВХС-револуцијата во Македонија, што овозможи поголем дел од гаражите, подрумите и шупите експресно да се претворат во видеотеки, го донесе Западот во домовите со сите негови доблести и слабости. За маалски клинци како мене, растени во прав, кал и песок, тоа значеше неограничен полн пансион на чие мени најважно беше да има еден […]

Постеризам: Кен Тејлор

Постирано на 27/08/2012 од во Арт, Постеризам

Австралискиот илустратор и дизајнер Кен Тејлор почнал да ги демонстрира своите арт-таленти на локалната музичка сцена во Перт, а од 2001 година работи во Мелбурн. Во родната земја се наметна со изработка впечатливи рок-постери за помали независни состави. Откако во 2006 година стартува да работи целосно самостојно, Тејлор за кусо време успеа да создаде име […]

Трејлер камп: Skyfall, Cloud Atlas, Man of Steel

Постирано на 08/08/2012 од во Трејлер камп, Филм

Овонеделниот избор на тазе трејлери е составен од две потенцијални големи враќања на големото платно и уште едно продолжение во приказната за најславниот таен агент во светот. Во напливот од суперхеројски филмови недостасува најголемото име – Супермен – а таа грешка следната година ќе се обидат да ја поправат режисерот Зек Снајдер и продуцентот Кристофер Нолан. […]

The Dark Knight Rises: Кога гневот зоврива

Постирано на 03/08/2012 од во Филм

Ако не читате стрипови, поточно, доколку не знаете како функционира овој засебен и уникатен креативен свет, мора за едно да бидете свесни: во него можете навистина, ама навистина, да се загубите. Таму нема универзум, туку мултиверзум. Ограничувањата зависат повеќе од перцепцијата на читателите, отколку од фантазијата на пишувачите и цртачите. Суперхероите се раѓаат, гинат, воскреснуваат, […]

The Amazing Spider-Man: Заплеткан во позната мрежа

Постирано на 01/08/2012 од во Филм

Со оглед на незаситната нужда за рециклирање, обработување и препакување на стари остварувања, приказната за потеклото на суперхероите делува како да е измислена од Холивуд. Не е. Виновници за постоењето на оваа основа за раскажување се луѓето од светот на цртаните стории, каде што навраќањето кон корените на јунаците е одамна прифатено и нашироко практикувано. […]

Justified: Пронајди цел, не бирај средства

Постирано на 27/06/2012 од во Телевизија

Паралелно со државно-спонзорираната “партизани и Германци”, #умоевреме игравме и “каубојци и Индијанци”. Од денешна перспектива, нелогично ми е што УДБА воопшто ни дозволувала да се забавуваме славејќи го империјалистичкото истребување на цел домороден народ. Нам, пак, во средината на 80-тите ни беше јакичко кога си делкавме лакови и стрели и ги мољакавме мама и тато […]

Sherlock: Форензика на умот

Постирано на 21/06/2012 од во Телевизија

Ако може да ѝ се верува на Гинисовата книга на рекорди, а прилепските сармички се доказ дека нема причина да биде поинаку, Шерлок Холмс е најпортретираниот лик во историјата на филмот. Од 1900 година, кога симболично дебитира на лента, до денес, детективот бил одигран од 75 актери во повеќе од 210 остварувања. Како резултат на […]

Prometheus: Ридлиевиот Франкенштајн

Постирано на 11/06/2012 од во Филм

Соочени со судбината секогаш да немаат доволно или да имаат малку, логично е што луѓето од нашиве заразно харизматични простори толку големо значење ѝ даваат на онаа старата: Не ги пуштај нозете подолго од чергата. Многумина овие зборови брзо ги отпишуваат како современо нерелевантен Марко-Цепенков-фолклор. Доволно е едно прелетување со очи над сегашноста и во […]

The Avengers: Стрип-филм во блес(к)ава боја

Постирано на 19/05/2012 од во Филм

На почеток, ќе го изметам подот од една можна, а потенцијално клучна, нејаснотија – мамутските американски стрип-издавачи ги редам според следнава важност: Vertigo, DC Comics, Marvel. Првите ги сакам недвосмислено најмногу поради уживањето во улогата на одпадници во меинстримот на оваа култура. Вторите ми прават мерак со храброста пред масовната публика да носат книги како […]