29/06/2017

Звучни резови #10: The Lost Tapes 2013 [Посно едишн]

Постирано на 18/12/2013 од во Звучни резови, Музика

Празниците, оние околу преминот на старата во новата година и барем на балканскиве простори, се период што на моменти делува до недоглед исполнет со лични, домашни и бизнис-слави. Маратонов е освежителен за семејната и пријателската комуникација, но не може да се тврди дека нашите стомаци со нетрпение го очекуваат. Додуша, кој, колку може, ќе се […]

Ljubojna – Brass Fantasy [BZC, 2012]

Постирано на 17/12/2012 од во Албуми, Музика

Ставот за блех-музиката го променив од три причини: предрасуди, Њу Орлеанс и Горан Бреговиќ. Првата е очигледна. Како човек што растел и се идентификувал себеси со алтернативната култура, без разлика на нејзината манифестација, од сè што влегувало во категоријата “народно” сум бегал како од македонски политичар (ѓаволот тука не е добра паралела зашто слушам и […]

Scott Kelly – The Wake [Neurot, 2008]

Постирано на 07/11/2012 од во Репост

Човек може да пишува симфонии со катаљарда инструменти, но ако не го бива да скоцка пристојна песна, мелодија што ќе ти го размрда статус-квото во умот, џабе сите виолински клучеви на светот. Од оваа проста и непобитна причина, акустичниот, соголениот и наједноставниот израз е врелата рингла што не се осудуваат да ја допрат голем број […]

Steve Von Till – A Grave Is A Grim Horse [Neurot, 2008]

Постирано на 07/11/2012 од во Репост

Ако ги следиме рецензиите за албуми со инди-фолк-тематика можеме да сфатиме две мошне очигледни работи: дека оваа музичка форма денес се штанца со слична динамика на нервните сломови на Бритни Спирс во еден месец (прво) и оти последниве години, во американските хипстер-кругови, најмодерно е да се слушаат типови и типки со акустична гитара в рака […]

Pig Destroyer – Book Burner [Relapse, 2012]

Постирано на 29/10/2012 од во Албуми, Музика

Уште од почетоците на мојата професионална музичко-слушачка кариера, веројатно во ерата на интердимензионалната доминација на Зимско-рекреативната програма, виџеј Тоше и на Мајкл Џексон со Dangerous, ревносно трагам по најпитомата, најсуптилна, најмека звучна форма. Оваа опсесија извесен период зовре до ниво што се граничеше со клиничка дијагноза. Да живеев во САД, ќе инспирирав психолози да премеруваат, […]

Vasil Hadzimanov Trio – El Raval [SJF, 2011]

Постирано на 04/11/2011 од во Албуми, Музика

Обвивката на El Raval, деби-албумот на Vasil Hadzimanov Trio, е црно, вообичаено, дигипак-пакување. Има убава насловна, неколку фини фотки од бендот во акција и листа со песни со авторите во загради. Ништо спектакуларно, дефинитивно, но дел од картонско-пластичниот пакет е и кус, концизен, опис од Тони Китановски. Како продуцент на изданието, тој имал неспоредлив, ако […]

Miroslav Vitous, Charles Lloyd и Fire! на SJF – Медитација и истерување демони

Постирано на 22/10/2011 од во Концерт, Музика

Потекнува од англискиот, но изреката “Внимавај што посакуваш може и да го добиеш” го означува истото веројатно на сите јазици. Оваа фраза најчесто се употребува во негативен, а со мене синоќа се судри во спротивен, позитивен, контекст. Опишувајќи како го видов и слушнав Wayne Shorter Quartet, подвлеков дека концертот беше фасцинантен, но во многу аспекти […]

Penezzi & Ribeiro и Wayne Shorter Quartet на SJF – Емотивци и интелектуалци

Постирано на 21/10/2011 од во Концерт, Музика

По повеќе од еден век постоење, џезот денес е неверојатно разгранет, но начинот на кој што тој се доживува не е претерано променет. Во суштина, овој жанр се перцепира или интелектуално или чувствено, а тука е и комбинацијата од двете. Поврзаноста меѓу тоа што авторите сакаат да постигнат со музиката и како таа е сфатена […]

Ry Cooder – Pull Up Some Dust and Sit Down [Nonesuch, 2011]

Постирано на 10/10/2011 од во Албуми, Музика

И да не знаев дека Pull Up Some Dust and Sit Down е албум на Рај Кудер, кој има дебело и издржано креативно портфолио, кога видов и чув дека првата песна се вика No Banker Left Behind во иста секунда бев заинтригиран. Едно е од авторот и продуцентот на Buena Vista Social Club (заедно со […]

Rundek Cargo Trio – Plavi Avion [Menart, 2010]

Постирано на 22/12/2010 од во Албуми, Музика

По распадот на југословенската социјалистичка идила, од сите легенди, со или без покритие на нејзината рок и поп-сцена, Дарко Рундек, со своите изданија и со пристапот, се наметна како еден од најхрабрите, ако не и најсмелите, автори. Музичарот, што во јануари ќе наполни 55-години, целосно не го исфрли Haustor од секогаш пребукираната концертна агенда. За […]

Љубојна: Во музиката не постои модерно и немодерно

Постирано на 20/12/2010 од во Интервју, Музика

Фото: Татјана Ранташа Луѓето си наоѓаат мал милион, свои, лични, начини за дефинирање на посебноста на одредена музичка група или изведувач, но веројатно повеќето би се согласиле дека еден од најочигледните е леснотијата. Леснотијата во смисла дека напишаното и потоа отсвиреното, без фанфари си го наоѓа патот до слушателот. Леснотијата во смисла дека иако на […]