12/12/2017

Treme: Љубовна ТВ-врска со Њу Орлеанс

Постирано на 07/12/2011 од во Телевизија

Телевизијата, недвосмислено, е забава. Порано беше во кутија, денес во плоска. И тогаш и сега таа бара вклучување во струја и исклучување на мозок. Може да нè направи екраномани кои повеќе ќе личат на растенија отколку на луѓе, но ако се консумира умерено, нема ништо лошо кога умот пасе на ТВ-ливадите. Тој ентертејнмент може да […]

MTV EMA 2011: Евровизија во Белфаст

Постирано на 07/11/2011 од во Телевизија

Гледајќи ги годинашните European Music Awards на MTV, конечно заклучив дека имам за што да се жалам на Агенцијата за електронски комуникации. И тоа не само на отокот добиен од кампањата. Готово е, решен сум, ќе пишувам претставка. Нема смисла, цела недела, море можеби и месец, Ем-ти-ви ме бомбардираше со реклами дека на 6 ноември […]

Homeland – Психо-трилер што ровари низ тероризмот

Постирано на 31/10/2011 од во Телевизија

Додека светот беше јасно поделен по црвено-сина, комунистичко-демократска, линија, шпионите, во филмовите за нив, беа романтизирани како незнајни јунаци на браникот на блокот за кој што се борат. Берлинскиот ѕид се урна, по што се сруши и армираната плоча што ја штитеше идеално изградената слика за тајните агенти. Многумина дури и се истрчаа да предвидат […]

Уште една шајка во ковчегот на вселенската фантастика

Постирано на 01/06/2011 од во Телевизија

Денешнава ера е ера на сезнајковци и скептици, што сè знаат без ништо детално да прочитаат и се сомневаат во сè без и најмалку да истражат. И иако реалистичноста, што стана тренд на ТВ изминатава деценија, може вселенската фантастика да ја направи само подобра (нема поцврст доказ од новата Battlestar Galactica), таа да се бара […]

Game of Thrones: Фантазија од крв и месо

Постирано на 15/04/2011 од во Телевизија

Фантазијата, не фантастиката, како литературен жанр, е неприродно дефинирана, ако се има предвид дека самото нејзино постоење не зависи од реалноста, туку од распонот на нечиј ум. Точно, вистинскиот свет често преку алузија е присутен во неа, но во фантазијата речиси по правило се среќаваат тролови, самовили, џуџиња, маѓепсници, кралеви, царици, принцези и сè што […]

Boardwalk Empire – Вечерна школа за освојување апсолутна власт

Постирано на 21/02/2011 од во Телевизија

Сцена што најсликовито ја паметам од детство е таа со количката во железничката станица во “Недопирливи” на Брајан де Палма. Додуша, на речиси цел филм прилично јасно се сеќавам веројатно оти ми беше едно од првите “неанимирани” киноискуства. Изгледа затоа секој филм што потоа сум го гледал, а чие дејствие било сместено во времето на […]

The Walking Dead – Драматично добра хорор-серија

Постирано на 07/02/2011 од во Телевизија

Поради намерно лошата шминка, гејзерите вештачка крв што џвркаат на сите страни или, наједноставно, поради наивната глупавост на целиот жанр, хоророт најчесто е исмеван. Ретко кој го сфаќа сериозно. А секој што се потрудил да најде навистина добар “страшен филм”, знае дека во овој кинематографски стил и не така ретко се крие симболика, општествена критика […]