28/06/2017

Топ 40 странски албуми во 2011 [10-1]

Постирано на 28/12/2011 од во Статија

Ако морам да изберам еден, единствен, заклучок, што ќе ја дефинира музичката година што деновиве ја оставаме зад нас, тој би бил дека изминативе 12 месеци се изнаслушав извонредни изданија од етаблирани артисти, но кои некое време не се во фокусот на медиумите и на фановите. Терминот камбек-албуми е несоодветен, ама веројатно најмногу се приближува […]

Топ 40 странски албуми во 2011 [20-11]

Постирано на 27/12/2011 од во Статија

Поради лесната достапност, неверојатнот широкиот избор на музика може да нè залаже да си помислиме дека сме слушнале буквално сè, дека повеќе не постојат неизмислени нешта во универзумот на звукот, дека мора да го фрлиме пешкирот зашто популарните аудиожанрови го загубија капацитетот за инспирација. Како и секоја година во изминатава деценија, така и во 2011 […]

Топ 40 странски албуми во 2011 [40-21]

Постирано на 26/12/2011 од во Статија

Речиси сè во музичкиот свет е циклично. Бендови, трендови и жанрови доаѓаат и си одат. Ги снемува, за по некое време, пак да испливаат на површина божем реформирани и освежени. Истото, барем во мојот случај, важи и за слушањето. Консумирам звук како хардкор-зависник, тоа е статистичка константа, но не ми се непознати периодите кога тоа […]

Водич во Таксират 13: Што треба да се види [2/2]

Постирано на 02/12/2011 од во Статија

Со концертот на Jaya the Cat, Kawasaki 3P, Rise оf Artificial и Selector Lazy Face синоќа завршија предтаксиратските прослави, што значи клубот “Колосеум” конечно ќе може да здивне и да се врати во турбофолк-нормала. На програмата на 13-тото издание на фестивалот останува утрешниот централен настан што, традиционално, ќе се одржи во првата хала на Скопскиот […]

Водич во Таксират 13: Што треба да се види [1/2]

Постирано на 25/11/2011 од во Статија

Со настапот на босанскиот бенд Dubioza Kolektiv вечерва почнува еднонеделниот, 13-ти по ред, фестивал “Таксират”. Од денеска до следниот четврток, ќе има свирки во клупски амбиент, додека на 3 декември е централната вечер, што традиционално се одржува во “Метрополис арена” на Сајмиште. Програмата не совршена, поголем дел од носечките имиња извесно време не се во […]

Најдобрите бендови со само еден албум: 1990 – 1997 [2/3]

Постирано на 21/11/2011 од во Статија

Ако во првиот сегмент од оваа триделна листа доминираа панкерите надополнети со еден блуз-исклучок, во вториот 50 проценти му се отстапени на гранџот, а по 25 на металот и на хардкорот, но не во своите традиционални варијанти. Со оглед на тоа што станува збор за бендови со само еден албум, голем дел од нив се […]

Најдобрите бендови со само еден албум: 1970 – 1989 [1/3]

Постирано на 16/11/2011 од во Статија

Музичката сцена е сурова. На неа нон-стоп се основаат едни, се растураат други и во живот се одржуваат трети групи иако живуркаат на полупразни креативни батерии. Има многу случаи на артисти што постоеле нелогично кратко, а се запечатиле далеку поцврсто на сцената од некои што цепаат со децении бидејќи единственото нешто во кое што се […]

Музички имиња што ја заслужуваат фамата [2/2]

Постирано на 12/10/2011 од во Статија

Фамата никогаш не ми била којзнае каков мотиватор да почнам да слушам одреден бенд или изведувач, ама и не била причина поради неа од прва да ги отфрлам. Ќе се правам фраер ако тврдам дека дигањето претерана џева во медиумите никогаш не ме поттикнала да се заинтересирам, ама во ниту еден случај тој облак од […]

Музички имиња што ја заслужуваат фамата [1/2]

Постирано на 07/10/2011 од во Статија

Медиумите и критичарите што покриваат музика, особено во Британија, отсекогаш имале нескротлив нагон да дуваат огромни балони со пофалби за одредени групи и соло-изведувачи. Статистиката за тоа кога биле потполно во право, кога грешеле до неподносливост или, пак, заглавиле некаде на средина, вели дека почесто пумпале фама напразно. Долг е списокот на имиња што осамнувале […]

BBC Sound of 2011 – Што е добро, што е тапа, што е така-така

Постирано на 10/01/2011 од во Музика, Статија

Британската телевизиска и радиомрежа BBC во 2003 година почна интересна традиција – објава на листа со изведувачи што, според проценката на повеќе од 130 критичари, уредници и водители, во следните 12 месеци од секоја нова година ќе успеат да се наметнат на музичката сцена. И покрај тоа што самото појавување на ова рангирање – на […]

Топ 40 странски албуми во 2010

Постирано на 31/12/2010 од во Музика, Статија

Во класичното сфаќање на популарната култура, годинава не беа објавени којзнае колку албуми од големите изведувачи, тие што излегуваат од фрижидери. Oд таа причина, оние помалите, од кои Bravo исклучително ретко објавува постери, имаа значително повеќе простор да ги покажат своите квалитети. Како и секогаш кога ќе ја добијат таа прилика, овие релативно опскурни (за […]

Топ 5 МК албуми во 2010

Постирано на 27/12/2010 од во Музика, Статија

Без разлика колку таа задача некој ја сфаќа нездраво сериозно (не треба), а некој со доза резерва и како детска игра (како што треба), рангирањето македонски албуми од една календарска година е чист математички проблем – ретко кога се издаваат барем десет албуми во период од 12 месеци, за да се направи пристојна листа. Дури […]