19/10/2017

Katatonia – The Great Cold Distance [Peaceville, 2006]

Постирано на 11/09/2012 од во Репост

Меланхолијата е веројатно најголемата мистерија за музичарите. Во реалноста, повеќето луѓе бегаат од неа како да ги виделе острите рогови на ѓаволот, ама кога е “спакувана” во песна што совршено ја отсликува, лесна е за навлекување. Миљон бендови и соло-артисти се обиделе да го пренесат нејзиниот скокотлив сензибилитет, ама малкумина навистина успеале. Швеѓаните Katatonia се […]

Katatonia – Viva Emptiness [Peaceville, 2003]

Постирано на 11/09/2012 од во Репост

Музиката на Katatonia е екстремно сугестивна. Потсетува на нешто, буди чувства, делува нестварно. Наведува. Опстојува во сопствена реалност, откината од опкружувањето, изолирана од надворешната грдосија. Тлее во умот, се втренчува во битието, комуницира на чисто, емотивно, ниво. Вкочанува, смрзнува, опседнува. Понекогаш, го избледува погледот, а во друга, го полни со идеализирана надеж. Прогонува, но и […]

The Antlers – Hospice [Frenchkiss, 2009]

Постирано на 24/08/2012 од во Репост

Изолацијата се чини станува предуслов за влез во кремот на модерната инди-сцена. Откако Bon Iver во 2008 ги фрли хипстерите на колена со For Emma, Forever Ago, албум создаден и снимен на изветвена опрема во дрвена куќарка во снежниот северен Висконсин, во 2009 се појави уште една плоча со слична заднина. Hospice е третото студиско […]

Katatonia – Night Is the New Day [Peaceville, 2009]

Постирано на 22/06/2012 од во Репост

И покрај сета дисторзија и очигледни метал-корени, Katatonia се крајно интимен бенд. Повлечен, дури и срамежлив. Ненаметлив. Не плаче за внимание, не вришти: “Слушај ме, инаку очите ќе ти ги ископам”. Зашто, нели, тоа го прават групите што имаат и зрно “метал” во себе. Всушност, ако не и обрнете внимание, музиката на шведскиот квинтет може […]

Machine Head – The Blackening [Roadrunner]

Постирано на 02/11/2011 од во Репост

Повеќе од 1.3 милијарди луѓе живеат со помалку од еден долар дневно, светот годишно троши 780 “билиони” долари за оружје, 4.7 милиони деца под петгодишна возраст умираат секои 12 месеци во јужна Азија, повеќе од 90 проценти од жртвите на денешните војни се цивили, а вредноста на 21 Б2 бомбардери што ги поседува САД е […]

Mastodon – Crack the Skye [Reprise]

Постирано на 26/09/2011 од во Репост

Без разлика на стилот – просто кажано – постојат добри, лоши и посебни албуми. Тие од првата и од втората категорија лесно се препознаваат, а за третата треба време, како и на лозата или на дрвото по калемење. Со Crack the Skye, четвртиот студиски албум на Mastodon, пристоен дел од публиката се врза пред два […]

Mastodon – Blood Mountain [Reprise]

Постирано на 26/09/2011 од во Репост

Сите цепидлачиме понекогаш. Онака – од ќеиф, инает или зовриена лутина. Ретко признаваме, ама убаво знаеме (добро де, ние несовршените) да бараме влакна во супата дури и во моментите кога сме свесни дека ги нема. Рецензиите, на пример, секогаш оставаат неверојатно широк простор за млатење празна слама. Сигурно сте налетале на “критички осврт” што така […]

Junior Boys – So This Is Goodbye [Domino, 2006]

Постирано на 10/06/2011 од во Репост

Електрониката денес е културолошко-уметнички етаблиран поим. Освен тоа, носи пари – понекогаш и премногу. Ама овие ласкави карактеристики не можат да го сокријат фактот дека има долга листа на луѓе кои се уште се скептични за потенцијалот на жанрот да пренесе обични, доживеани и блиски човечки емоции. Во случајот на Junior Boys – грешат. Ептен. […]

My Morning Jacket – Evil Urges [ATO, 2008]

Постирано на 07/06/2011 од во Репост

Лошо е кога луѓето ќе се навикнат на една работа и потоа очекуваат да им ја задоволувате суетата со доза од истата дрога. My Morning Jacket, милениците на критичарите и на фановите изминативе години, во 2008 го почувствуваа ова правило на сопствената кожа. Момците што, во 2003 со It Still Moves и особено во 2005 […]

Mogwai – Special Moves [Rock Action, 2010]

Постирано на 31/01/2011 од во Репост

Во I Love You, I’m Going To Blow Up Your School, една од најдобрите песни што Mogwai некогаш го напишале, има еден момент, точка на кршење, што е очигледен уште на прво слушање, но вклопен е толку природно, што веднаш се прифаќа здраво за готово, како отсекогаш да бил таму, како да бил наменет за […]

Mogwai – The Hawk Is Howling [Wall of Sound, 2008]

Постирано на 31/01/2011 од во Репост

Тешко е да свириш рокенрол 13 години, притоа да не изустиш строфа во песните, а да останеш релевантен. Сакал ти или не, ќе дојде моментот кога формулата ќе заврти цел круг и ќе се вратиш на почетокот. Ама ако на тој пат самиот си решил да зачекориш, обидите за оправдувања (пред себеси и пред фановите) […]

White Lies – To Lose My Life… [Fiction, 2009]

Постирано на 20/01/2011 од во Репост

Многумина тврдат дека музичкиот печат, но и традиционалните медиуми генерално, полека газат кон страниците на историјата. Има вистина тука, нема муабет: сè повеќе специјализирани магазини се затвораат, додека тие што имаат пари фаќаат кривина кон лајф-форматот, односно бегаат од третирањето исклучиво музика. Сепак, секој јануари откако почнаа да се појавуваат овие фатални предвидувања, британскиот печат […]