29/06/2017

Звучни резови #10: The Lost Tapes 2013 [Посно едишн]

Постирано на 18/12/2013 од во Звучни резови, Музика

Празниците, оние околу преминот на старата во новата година и барем на балканскиве простори, се период што на моменти делува до недоглед исполнет со лични, домашни и бизнис-слави. Маратонов е освежителен за семејната и пријателската комуникација, но не може да се тврди дека нашите стомаци со нетрпение го очекуваат. Додуша, кој, колку може, ќе се […]

Звучни резови #9: The Lost Tapes 2013 [Мрсно едишн]

Постирано на 17/12/2013 од во Звучни резови, Музика

Никогаш не би се согласил со типично носталгичарската изјава оти повеќе нема добра музика за откривање и за слушање. На ова секогаш реплицирам со: Извршувањето геноцид врз сопствената љубопитност или немањето доволно слободно време не побркувајте ги со наводното отсуство на квалитет на актуелната сцена. Годинава, како и тие што ѝ претходеа, се изнаслушав нови […]

Звучни резови #8: Skopje Jazz Festival 2013

Постирано на 14/10/2013 од во Звучни резови, Музика

Го слушал или не, детално бил поткован или само пристојно информиран за него, го сакал ли од какви било причини или го мразел ли од чисти предрасуди, џезот на површина е музика, а во суштина е филозофија. Истовремено, на уметноста, на страста, на животот. Некои луѓе со него растат, други го дружат повремено. За сите, сепак, […]

Звучни резови #7: Relapse vs Southern Lord

Постирано на 16/08/2013 од во Звучни резови, Музика

Сонце пече, мохитца се мешаат, мокри ноџиња се фоткаат, а пред нив тиркизно море се распослало до бескрај. Значи време е за галовни звуци, распекмезени стихови и весели рефрени. Не. Категорично – не. Секој, нели, како што милува, но ако мене ме прашате (пак ќе повторам, никој тоа не го прави) никаква заслепувачка изгор-светлина не […]

Звучни резови #6: Animal Collective, Dinosaur Jr, The Killers, Flying Lotus, How to Dress Well, Andy Stott

Постирано на 05/11/2012 од во Звучни резови, Музика

По нагласено дисторзираното, па културно измешаното, коцките се наместија за на ред да дојде и воглавно електронско издание на “Звучните резови”. Не сум улав да тврдам дека четирите плочи накусо анализирани подолу се убедливо најдобрите годинава од проста причина што жанрот ми е пониско во слушачките приоритети. Без разлика на тоа, некако сум уверен дека, […]

Звучни резови #5: Burning Love, Frank Ocean, Passion Pit, Swans, Eagle Twin

Постирано на 21/09/2012 од во Звучни резови, Музика

Не треба да сте нуклеарни физичари за да заклучите дека Southern Lord изминатиов период ми е омилена етикета. За тоа доказ беше претходното поглавје од Звучните резови, а сегашново, со уште две изданија со нивната налепница, само го запечатува тој заклучок. Покрај хардкорот и стоунер-металот од американскиот независен лејбл, дел од оваа плејлиста се и […]

Звучни резови #4 [Southern Lord едиција]: Loincloth, Black Breath, Pelican, Martyrdöd

Постирано на 06/07/2012 од во Звучни резови, Музика

Во текот на обидите да се навлечам на авангардните мракоини на Sunn O))), што се покажаа како неуспешни, пред неколку години открив дека гитаристот на бендот, Грег Андерсон, е основач на издавачката куќа Southern Lord Records. Со преовладувачкиот, експериментален, дел од нејзиниот список на артисти не најдов заедничко уво, но сфатив дека сме на иста […]

Звучни резови #3: Jessie J, Lykke Li, Elbow, J Mascis, The Haunted, Obscura, Burial, Glasvegas, Low

Постирано на 13/04/2011 од во Звучни резови, Музика

Jessie J – Who You Are [Lava] Оцена: 43/100 Датум на објава: 25 февруари 2011 Џеси Џеј е тип на изведувач чија неминовна судбина е да заврши на билборди, да излегува од фрижидер и да го залепи лицето на конзерви за туна. Или сардина, не е важно, само на лимено пакување да го оптегне. Павер-елементите […]

Звучни резови #2: Deerhoof, The Go! Team, Hercules and Love Affair, Trail of Dead, Cut Copy, PJ Harvey

Постирано на 25/02/2011 од во Звучни резови, Музика

Deerhoof – Deerhoof vs. Evil [Polyvinyl] Оцена: 75/100 Датум на објава: 25 јануари 2011 Во конфедерацијата на музички фрикови, Deerhoof се почитувани колку што се и чудни. По новиот албум, Deerhoof vs. Evil, ретко кој ќе се зачуди ако тој респект се зголеми. Не зашто десеттото цеде во 17-годишната кариера на групата е значително понесекојдневно […]

Звучни резови #1: Glassjaw, British Sea Power, Cake, Cage the Elephant, Social Distortion

Постирано на 28/01/2011 од во Звучни резови, Музика

Glassjaw – Our Color Green: The Singles EP [A Major Label] Оцена: 76/100 Датум на објава: 1 јануари 2011 За Glassjaw, ова е прва колекција со нов студиски материјал по пауза од осум години. Our Color Green: The Singles, е EP-издание што на едно место ги собира сингловите што бендот ги објави засебно, на нет, […]