12/12/2017

Efterklang во „Фросина“: Природен спој на простор и време

Постирано на 12/11/2013 од во Концерт, Музика

Бендовите најчесто не се потресуваат каде настапуваат. Најголем дел од нив ниту можат да си дозволат таков луксуз. Да беа придружниот состав на Боно Вокс ќе имаа огромен бел лист што ќе го пополнуваа со својот список од разгалени желби. Имајќи предвид оти не продаваат катаљарда плочи во минута и не пијат пиво со претседателот […]

Ibrahim Maalouf и Dave Holland на SJF: Затворање низ призмата на илузиите

Постирано на 22/10/2013 од во Концерт, Музика

Концертите на Скопскиот џез-фестивал се одвиваат последователно, во иста вечер и ја делат бината, но никогаш не постои зрно гаранција оти ќе бидат на каков било начин поврзани. Вообичаено е, всушност, да се одвоени како џиновски вселенски тела. Секое со своја гравитација овие карпи на живата изведба најчесто се вртат околу специфична оска. Можеби потекнуваат […]

Roscoe Mitchell и Cassandra Wilson на SJF: Црно се сонце зададе

Постирано на 21/10/2013 од во Концерт, Музика

На Скопскиот џез-фестивал има концертни вечери кога публиката го добива токму тоа што го очекува. Често, меѓутоа, се случува посетителите да пристигнат со материјалот „научен напамет“ во теорија за во практика да им биде испорачано екстремно различно доживување. Ниту се работи за новина, ниту за исклучок специфичен за нашата рурал-метропола, но ова урнисување на претпоставките […]

Evan Parker и Get the Blessing на SJF: Бидете немирни и слушајте британски џез

Постирано на 18/10/2013 од во Концерт, Музика

Скопскиот џез-фестивал знае да биде нежен, да покаже разбирање, да го релаксира и на слушателот да му подготви емпатична предигра во својот неколкудневен октомвриски маратон. Способен е, од друга страна, и да удри директно, од прва, со ураган. Изгледа случајно, а можеби и како најсоодветен одговор на глобалната (економска) криза и на локалната (антикултурна) девиза, […]

A Place to Bury Strangers во МКЦ: Војна во надгласување

Постирано на 15/10/2013 од во Концерт, Музика

Агресивната бучава од каков било вид или, пак, хаотичноста во музиката се начини за затскривање нечија неспособност за пишување песни. Ова е лесен, непоткрепен или во најмала рака, произволен заклучок. И во него може да има вистина, но тоа не е општо, а не е ниту генерално правило. Најдобро, секако, е да се суди индивидуално, […]

Iceage во МКЦ: Бомбардирање напред до леденото доба

Постирано на 30/09/2013 од во Концерт, Музика

Сигурно не со ворп 10, но брзо ќе дојде времето, можеби додека да трепнеме, кога и ние, како андроидите на Филип К. Дик, ќе сонуваме електрични овци. Или напросто, од јагниња од крв и месо ќе нè еволуираат во бајчиња од струјни кола и тела навезени во 3Д-принтер. Дотогаш само ќе се сомневаме дали наркотичната […]

The National во Загреб: Глобални ѕвезди и градски херои

Постирано на 04/07/2013 од во Концерт, Музика

Легендата за интимната поврзаност меѓу хрватската престолнина и американскиот бенд предводен од вокалистот Мет Беринџер е постара од времето. Добро де, знаете дека лажно драматизирам за да ја нагласам вистински силната конекција што групата сочинета од двете братски двојки Деснер и Девендорф почна да ја гради во 2004 година со настапот пред 60-тина луѓе во […]

Tori Ensemble и Kimmo Pohjonen на OFF-Fest – Ритуализам и технологија

Постирано на 07/06/2013 од во Концерт, Музика

Неверојатно е како концертите на OFF-Fest во многу наврати овозможуваат да се пронајдат или воспостават музички врски таму каде што најмалку очекувате. Без разлика дали е екстремистички индивидуално или издржано објективно, тоа конектирање секогаш ги прави изведбите и (само)образовни, со што тие се издигнуваат над вообичаеното доживување. Заклучоците може да варираат, не мора да значи […]

University of Gnawa и Ondatropica на OFF-Fest: Дупла лекција по жар за животот

Постирано на 06/06/2013 од во Концерт, Музика

Единаесетте претходни изданија на OFF-Fest на скопската публика ѝ отворија многу музички видици, ја приближија до голем број далечни култури и ја потсетија на некои непишани вистини за убавата песна. Една од тие, што се потврди и на синоќешното истерување внатрешни и надворешни демони преку танц во Салонот на Македонската опера и балет, е дека […]

Bioscopia и Taksim trio на OFF-Fest: Елегија за солидарноста

Постирано на 03/06/2013 од во Концерт, Музика

Забораваме често, но контекстот е извонредно значаен при восприемањето на музиката. Најчесто, пак, актуелното опкружување, индивидуално или општествено, во кое што го впиваме звукот, е и пресудно. Воопшто не е важно дали се работи за албум или за концерт. Ниту, пак, дали соло-изведувачот или бендот ги слушаме или гледаме во живо прв или стотипат. Клучно […]

Anoushka Shankar на OFF-Fest: Патешествие на сплотувањето

Постирано на 02/06/2013 од во Концерт, Музика

Недоброени терабајти информации, статуси и разновидни комуникации секојдневно по неколкупати се вртат околу планетата, а сепак, повеќе од кога било, сме фиксирани на пронаоѓање што подолга листа класификации. Дефиниции, етикети, пакети, изберете сами како ќе ги наречете, меѓутоа, сите овие засебни термини се обединуваат во исто значење – исклучување. Светот вака функционира на генерален, општествен, […]

Bernays Propaganda во МКЦ: Концерт на доверба и страст

Постирано на 02/03/2013 од во Концерт, Музика

Ниту се првиот, ниту се последниот бенд што бината ја ставил во срцето на подиумот, но со тој потег, Bernays Propaganda синоќа во Младинскиот културен центар нагласи две работи што сè повеќе им се потребни на земјава, на светот и на музиката – доверба и страст. Сместувајќи се во просторот што природно ѝ припаѓа на […]