22/07/2018

Russian Circles – Guidance [SH, 2016]

Постирано на 15/05/2018 од во Албуми, Музика

Начинот на којшто Мајк Саливан, Дејв Тарнкранц и Брајан Кук музички се изразуваат и се надополнуваат, помага нивниот бенд комотно да се вброи меѓу најдобрите формации што на хеви-сцената се појавија во новиот милениум. Коренот или можеби поточно – моторот – им е од метална природа, но тие се сосема спротивни од типичен жанровски примерок. […]

Smut – Тие се насекаде [Password, 2018]

Постирано на 09/05/2018 од во Албуми, Музика

Што е најтешко во Македонија? Вака поставено, ова прашање е премногу општо за на него да се даде соодветен одговор. Тоа може да биде подеднакво буквално и реторичко. Да се однесува на предмети што се мерат во килограми или тони или, пак, на случувања чие бреме не е возможно да се дефинира. А сепак, кога […]

Culture Development – Еднаш свет изградив… [Дип / Кран, 2015]

Постирано на 07/04/2016 од во Албуми, Музика

Врските, човечките, не фејсбуковските, се особено замрсен факт во животот. Тие не се собираат, одземаат, делат или множат како бројките и буквите во алгоритамот на Марк Закерберг. Равенките и командите што се смислуваат под негов надзор веројатно ќе се усовршуваат до негдоглед за да предвидат што сакаме во „тајмлајнот“ уште пред сами да го посакаме, […]

Bernays Propaganda – Политика [Moonlee, 2016]

Постирано на 04/04/2016 од во Албуми, Музика

„Не ме интересира политика“ е изјава која често се слуша во Македонија без разлика што се кажува во земја каде што е исполитизирано речиси сѐ – од садење патлиџани до организирање панаѓури. Бездруго, не сме само ние такви. Колку за илустрација, и во осамената светска империја, САД, над 100 милиони луѓе периодов не се потресуваат […]

The Chemical Brothers – Born in the Echoes [Virgin EMI, 2015]

Постирано на 15/12/2015 од во Албуми, Музика

Маката која што изгледа најмногу ги мачеше Том Роуландс и Ед Симонс, штом од андерграунд бомбастично мигрираа во меинстрим, би можела да се срочи во дилемата: како следниот албум на The Chemical Brothers да биде помасивен од претходниот. Редејќи ги прачките динамит со „Даст брадерс“ тие дебитираа со ново име испорачувајќи го ТНТ-пакетот Exit Planet […]

Deafheaven – New Bermuda [ANTI-, 2015]

Постирано на 04/12/2015 од во Албуми, Музика

Кога за извесна група градам став, додека задолжително и барем половично, ја преслушувам, си се забавувам поставувајќи си прашања. Меѓу тие што почесто ги повторувам е тоа дали артистот е повеќе – автентичен или уверлив. Бездруго, бендот што го жирирам може истовремено да отскокнува во обете категории. Тие ситуации, сепак, се природна реткост. Затоа, кога […]

Фонија – …без име [2015]

Постирано на 30/11/2015 од во Албуми, Музика

Сакам експерименти, обожувам бучава од контролиран хаос, ама подеднакво силно ме исполнуваат и прости, соголени, приземни песни. Без дилема, претходно нечуен спој од жанрови ја влече музиката напред. За да се случи ваква уникатна фузија, потребни се талент, визија, вештина и масивна доза среќа. Во ниту еден миг, пак, ова не значи дека занаетот на […]

Beach House – Depression Cherry [Sub Pop, 2015]

Постирано на 24/11/2015 од во Албуми, Музика

Трансот, изненадувачки, од нигде-никаде, се истопори како најсоодветна опција во долгата потрага по точка од која што ќе го почнам описот на Beach House и поконкретно, за тоа што го напишале и снимиле на Depression Cherry. Терминот тука не е употребен жанровски. Не се работи за психоделија, а уште помалку е во прашање гоа-натапкување дива […]

Tau Cross ‎- Tau Cross [Relapse, 2015]

Постирано на 17/11/2015 од во Албуми, Музика

Панкот и духовноста, по правило и дефиниција, не се компатабилни. Првиот, сè наоколу гледа низ објектив на нихилизмот. Втората, во сè над, под, лево и десно се обидува да пронајде инспирација. Едното е родено како реакција на лажното. Другото често ја открива вистината во конструкции базирани на измислици и на лага, а не на факти […]

Wolf Alice – My Love Is Cool [Dirty Hat, 2015]

Постирано на 13/11/2015 од во Албуми, Музика

Лиса Џерард, веднаш, во првата секунда, ми светнува во ум штом Ели Раусел, вокалистката на Wolf Alice, кротко ќе го повика љубовникот – или симпатијата – баш на неа да ги задржи неговите (или нејзините) бисерни очи на првата трака од My Love Is Cool. Како и пејачката со божествен тон на Dead Can Dance, […]

ANNA O. – Подочњаци [Кран, 2015]

Постирано на 10/11/2015 од во Албуми, Музика

Траорноста, ми се чини, е состојба исконски поврзана со просторите каде што, нели, е роден и самиот космос – македонските! Ќе си речеш, територии со библиско значење повеќе би биле синоним за радост (и за гринфилд странски инвестиции), отколку за жал и кобност. Историјата, сепак, дава поинакви примери. Област и луѓе наклонети на среќа не […]

Sumac – The Deal [Profound Lore, 2015]

Постирано на 06/11/2015 од во Албуми, Музика

Во низата најнеумни потези што паметните музичарите можат да ги повлечат, покрај членството во талент-шоу жири и соработката со Nickelback, се вбројува и задавањето мисија пред снимањето албум. Не велам оти бендовите не треба или дека немаат, некаков, план – одреден нацрт – пред да влезат во студио. Да го барав ова од артистите што […]