19/10/2017

Хипстер блек-метал: Да или не?

Постирано на 23/11/2011 од во Колумни

Од сите можни музики, изминатиов период најчудно ми е што баш блек-металот е особено високо на пиедесталот на воздигнување во светските храмови на хипстер-културата. Низа влијателни онлајн-медиуми се во првите борбени редови на ова кампањско создавање фама околу жанрот, но тука предничи Pitchfork, централната куќа на богослужение во хипстеријанството. Свештениците од оваа црква, само во […]

Скопје во Гинис според журкањето

Постирано на 14/11/2011 од во Колумни

Претставници на Гинисовата книга на светски рекорди најавија дека на 16 декември ќе допатуваат во Скопје за да го проследат најмасовното журкање на Балканот. Изминативе неколку години Македонија се наметна како една светските велесили во ожуркување, професионален спорт што стана сèнароден, фолк, турботренд. Настанот е во рамки на серијалот слични случувања што традиционално се одржуваат […]

Двајца без четворица во кино

Постирано на 09/11/2011 од во Колумни

Читајќи ја веста и буричкајќи низ деталната програма на годинашниот Cinedays, лицево ми се расцепи на два, симетрично подеднакви, дела. Едниот, се израдува на богатата понуда на десеттото издание на манифестацијата. Другиот, кисело се потсети дека киносалите зјаат празни кога во Скопје не се одржува филмски фестивал. Не е ова безвезно цепидлачење. Тука не станува […]

Три децении џез-храна за Скопје

Постирано на 26/10/2011 од во Колумни

Шетајќи деновиве покрај стотиците постери од разните Џенани Лончаревиќи, “Рибљи чорби” и Саши Ковачевиќи со кои се напастени улиците, сфаќам дека “Скопје” и “џез” не се зборови за во иста реченица. Ова првпат не го заклучувам. На таа точка се враќам редовно, како навиен, во ист период од годината – наесен. Ако од наивна причина, а си […]

Десет години оф-свест

Постирано на 08/06/2011 од во Колумни

Чудно е, но вистинито, за земја со толку уникатна и прекрасна музичка традиција, што и по 10 години, фестивал како OFF-Fest е релативно непозната појава за грото од македонската популација. И покрај сите маки и перипетии, оваа манифестација со самото тоа што опстоја цела деценија во оазата на кичот е успех, меѓутоа, си се задржа […]

Колку сме, толку сме, нетокму сме

Постирано на 25/04/2011 од во Колумни

No Age во акција во денсинг-салата на МКЦ | Фото: Игор Костов Најдобра работа кога се случуваат фини настани во Скопје, како викендов, кога се одржа првото издание на фестивалот “Здраво млади!”, не е можноста во живо да се слушне бенд или музика што претходно гостувала само на нашите слушалки или звучници, ама не и […]

Новата музика има предност

Постирано на 21/04/2011 од во Колумни

Колку сака Шон Ленон нека нè убедува поинаку, сè уште не можам да најдам оправдание во тоа што гласот и лицето на неговиот татко, Џон, изминатиов период рекламира автомобили. Синот на легендарниот “битлс” тврди оти вина за тоа не е можноста да профитира мајка му, Јоко Оно. Причината, наводно, била нејзината желба да го одржи […]

Независноста на културната сцена нема државна цена

Постирано на 31/03/2011 од во Колумни

При самото споменување на терминот “независна културна сцена”, разбирливо е прво да се помисли на сцена од културата (не од филм) што не зависи од ништо и е ослободена од какви било правила, особено од тие што ги наметнува државата. Во ситна, сиромашна и културно споровозна земја како Македонија, помош – односно пари – од […]

Избери носталгија: 24/7

Постирано на 24/01/2011 од во Колумни, Музика

Здружението на сосила воскреснати, заборавени, пензионирани, полувработени и секако, самобендисани, рокери од бивша Југославија (ЗСВЗППССРБЈ), кои изминативе година-две свирејќи во Македонија собраа доволно пари за неколку чифта викендички или за конечно да ги однесат жените на меден месец на Хаваи, најавија тужба против балканската земја откако беше откажан првиот од трите големи фестивали на кој […]

Џеј Џеј ги надр(о)ка рокерите

Постирано на 12/01/2011 од во Колумни, Музика

Баш сме г’зот на светот. Сè правиме наопаку. По објавата дека рокенролот на топ-листите во 2010 година бил најмалку присутен во споредба со последниве пет децении, со само три песни меѓу 100-те најпродавани, во Македонија беше најавен уште еден гитарски фестивал и “Архангел” потврди дека ќе има камбек-концерт во Метрополис Арена. Божем не ни беа […]